Понеделник, 01 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Р.Македонија

Ivanov 2Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави.

На средбата се разговараше за новонастанатата политичка состојба и за можностите за нејзино надминување во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија.

Македонскиот претседател го осудува секое политичко и физичко насилство во Република Македонија и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија.

Претседателот Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на Влада се надминливи.

Македонскиот претседател побара од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот.

Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи, рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, констатираше македонскиот претседател.

Претседателот Иванов повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог.

 

На прво место

News image

Заев наместо да купи, моли за вакцини

Срамота е што несуден нобеловец и самопрогласен лидер на регионот како Заев да не може да обезбе...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.