Вторник, 09 Мај 2017    Печати
ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА АКЦИЈА

96706614ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА АКЦИЈА ВО ДИВО НАСЕЉЕ, КУМАНОВО ВО 2015 ГОДИНА

- Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција од антитерористичката акција во Диво насеље во Куманово во 2015 година. Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

На денешен ден во 2015 година беше спречена нова војна во Македонија!

Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

- Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово

- Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар

- Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово

- Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје

- Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар

- Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје

- Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје

- Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија...

Нека остане вечен поменот и споменот за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА, која во Македонија се бореше за територии и "Голема Албанија", "за ослободување на албанските земји од славомакедонските окупатори"...

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.

Вечнаја памјат и слава им! Било, да не се повтори, но...

Хероите никогаш не умираат! Амин...