Среда, 10 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Русија и Кина да го спречат ваквиот план на светските милитанти, за да ја спречат новата балканска војна

maak

Националниот комитет на МААК ја предупредува целокупната македонска и меѓународна јавност дека зацртаното сценарио против суверенитетот на Република Македонија се ближи кон својата конечна разврска.

МААК предупредува на можна оружена интервенција врз суверена и независна Република Македонија од страна на таканаречената меѓународна заедница,предводена од заостанатите корумпирани бирократи,инсталирани во врвовите на дипломатијата на САД,НАТО и ЕУ,во време на обама клинтоновскиот светски режим и диктатура. Имено,веќе три години,оние кои треба да отворат пат за оружена интервенција против демократска и суверена Република Македонија,преку радикалната левица во државава,преку разни левичарски здруженија и невладини организации,преку домашните и странски медиуми под контрола на светската радикална левица и преку гласноговорниците на соседните големодржавни идеологии,секојдневно и насекаде создаваат лажен привид за режим и диктатура во Македонија.

Националниот Комитет на МААК предупредува дека е ова веќе видено крваво сценарио во последниве дваесеттина години од владеењето на обама клинтоновскиот милитантен светски режим.Урнисани држави како Србија,Ирак,Либија,Украина,Сирија сведочат за тоа. Легално и легитимно избрана власт на државата одбрана како цел на оружена акција,со години се обвинува за диктатура,за да биде однапред оправдана и медиумски прифатена нелегитимната оружена интервенција врз една демократска и суверена држава. Оружена интервенција заради инсталирање квинслиншка власт според нивните исчашени стандарди.

Националниот Комитет на МААК,загрижен од досегашниот развој на настаните,кој неминовно води кон оружена интервенција врз суверената,независна и демократска македонска држава,упатува отворен апел до Советот за безбедност при ОН, како и до постојаните земји членки,Русија и Кина,да го спречат ваквиот план на светските милитанти,за да ја спречат новата балканска војна и катастрофата која се надвиснува над овој дел на Европа. Истовремено,кога сите повикуваат на разум,а здравиот разум повикува на претпазливост бидејќи постоењето на независната и суверена македонска држава е доведено во опасност, МААК го повикува македонскиот народ на патриотизам,за да и се помогне на државата, за да се сочува татковината.

Национален Комитет на МААК
Претседател Страшо Ангеловски

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНИ СЕ Е 31 И 32 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 31 и 32 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ...

Историја

News image

Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 183...

Иселеници

News image

Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој...

Култура и туризам

News image

Вознесение на Александар Македонски на небо!

Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква - ста...

Фељтон

News image

Иван Трпоски – познат македонски поет и новинар (7)

Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе деце...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.