Сабота, 13 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО БРИСЕЛ!

18450188 1467315186676349 334673677 nСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО БРИСЕЛ!

13 мај 2017 година, Брисел, Белгија - Во организација на Македонската заедница во Швајцарија, а во соработка со македонските заедници и друштва во Данска, Белгија, Холандија, Франција, Германија, Шведска, Луксембург, Италија, Швајцарија, Шпанија, Австрија и Светскиот Македонски Конгрес денес на плоштадот “Роберт Шуман“ во Брисел се одржа Семакедонски собир за поддршка на унитарноста и државноста на Македонија.

Пред присутните зборуваа Ацо Крстески од Германија, Гоце Данилов од Белгија, Илона Захариева од Италија, Златко Николовски од Франција и Драган Стоиловски од Швајцарија.

Декларација од Семакедонскиот собир прочита Златко Николовски од Франција.

Македонците од Семакедонскиот собир декларацијата ја упатија до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за поддршка на државноста и унитарноста на Македонија и изразија протест против мешањето во внатрешните работи на Македонија, а за еднаква сувереност!

Семакедонскиот собир ги отфрли обидите за редефинирање на уставниот поредок на Македонија, нејзина кантонизаиција и федерализација, ги осудија обидите за дестабилизација и контролирана нестабилност и изразија силна поддршка за неповредливоста на границата, неделивост на територијата по било која основа и Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Семакедонскиот собир изрази поддршка на движењето “За заедничка Македонија“ и претседателот Ѓорге Иванов.

Семакедонскиот протест упати барање до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за признавање на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација.

Семакедонскиот собир упати остар демарш до Европскиот Парламент и Комисијата на Европската Унија за грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и грчкото наци-фашистичко барање за промена на името на државата и бугарското наци-фашистичко барање за промена на историјата на Македонија, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија 

Македонците во Европа сметаат дека Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и индентиетот на Македонската нацијa.

На Семакедонскиот мирен протест покрај слоганите “Не ја даваме Македонија“, “Македонија вечна“, “ “Не, за тиранската платформа“,Едно име имаме“, “Не сакаме Влада на Сорос“, се пееја македонски народни песни.

18470748 1467315176676350 1567452212 n

18449972 1467316966676171 712400739 n

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНИ СЕ Е 31 И 32 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 31 и 32 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ...

Историја

News image

Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 183...

Иселеници

News image

Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој...

Култура и туризам

News image

Вознесение на Александар Македонски на небо!

Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква - ста...

Фељтон

News image

Иван Трпоски – познат македонски поет и новинар (7)

Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе деце...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.