Среда, 17 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ДВАНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена дванаесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Дванаесеттата епизода е посветена на сведоштва од Дио Крисостом познат и како Дион од Пурса. Тој живеел во I и II век по Христа (од околу 40 до 120 година). Тој бил писател, говорник, филозоф и историчар во вре­мето на Римската империја. Се родил во Пурса (де­нешна Бурса) во провинцијата Битинија (денешна Турција). Како млад заминал за Рим каде во тоа време владеел царот Веспазијан (69 - 79 год.), а потоа ги посетил Тракија, Мизија, Скитија и земјата на Гетите. Бил близок и со римските императори Нерва и Трајан. Животот го завршил во родната Пурса. Најголем дел од неговите трудови денес не се зачувани или се зачувани само во одделни фрагменти.

Во своето дело „Диоскури“ Дио Кристостом нуди една интересна легенда за настанокот на Македонците, која му била раскажана во Алексан­дрија од страна на некој Фригиец. Овде читаме:

Орфеј со своите песни ги скротувал дивите животни и ги правел чувствителни на хармонија... И овде ќе ви раскажам приказна што ја слушнав од еден Фригиец кој бил роднина на Езоп... Орфеј ги пеел своите песни низ Тракија и Македонија, како што ни беше кажано, и многу суштества дошле кај него за да му пра­ват друштво... Најбројни од нив биле птиците и ов­ците... И така, се додека Орфеј бил жив тие го следеле насекаде, слушајќи го додека тој го минувал времето на планините и меѓу долините. Но, кога тој умрел, тие потиштено го оплакувале во својата болка. Потоа мајката на Орфеј Калиопа, заради љубовта кон својот син, го замолила Зевс да ги смени нивните тела и да им даде човечки облик, но душите да им останат исти... Фригиецот ми кажа дека од овие диви суштетсва што Зевс ги трансформирал бил роден родот на Маке­донците. И припадници на овој род подоцна тргнале со Александар и се населиле овде. Тој додаде дека тоа е причина што луѓето во Александрија се толку занесени по музиката како никој друг и дека кога слушаат звуци на лира... сите си го припомнуваат Орфеј“ (Dio Chrysos­tom Discourses, Vol. III).

Ова сведоштво е интересно од неколку аспекти. Како прво овде Македонците се јасно издвоени како посебен народ со митско потекло. Понатаму гледаме дека тие доми­нирале во Александрија дури и во времето на Дио Кри­состом, т.е. околу 400 години по основањето на овој град од страна на Александар Велики Македонски. Инте­ресен е и описот на Македонците како музикален народ, кој настанал од птиците песнопојки што го придружувале митскиот пеач Орфеј додека шетал низ Македонија и Тра­кија. Практично, изразената љубов кон песната (која овде е посве­дочена среде Македонците во Алексан­дрија) е уште еден заед­нички сегмент помеѓу античките и денеш­ните Македонци.

Дио Крисостом дава уште едно многу интересно сведоштво. За жителите на островот Родос пишува дека за една иста работа му давале различни информации. Овде читаме:

На пример за една иста статуа тие еднаш велат  дека била грчка, друг пат велат дека била римска, а по­тоа дека била македонска или пер­сиска“. Dio Chrysostom Discourses, Vol. III, 159).

Од ова сведоштво, пак, гледаме дека и самите жи­тели на Родос во антиката правеле разлика помеѓу грчките и македонските културни вредности.

Во „Четвртиот дијалог посветен на кралството“ Дио Крисостом опишува измислен дијалог помеѓу Александар Велики Македонски и Диоген. Во овој дијалог Александар го прашал Диоген:

А уште кои непријатели ќе ми останат, рекол тој, ако ги освојам сите оние народи што ги спомнав?“

Потоа следи одговорот на Диоген:

Најтешко е да ги освоиш не оние што зборуваат персиски или медиски како што зборува Дарие, туку македонски и грчки.“

На ова Александар се  вознемирил, и налутил, јадо­сан заради сознанието дека други знаеле оти во Маке­донија или Грција некој подготвува бунт против него. Тој прашал: „Кој е мојот непријател во Грција или Маке­донија? (Исто, стр. 195).

На ова Диоген му одговорил дека тој многу добро ги знаел своите непријатели.

Натаму нема да претставуваме извадоци од овој дијалог, туку досега изнесеното ќе го разгледаме од аспект  на темата што овде ја обработуваме. Овде  гледаме дека Дио Крисостом (преку наводната реплика на Диоген) јасно ги издвојува македонскиот и грчкиот јазик како два оддел­ни говорни јазика. Истото го прави и со етно-културните територии на „Македонија и Грција“, кои ги спомнува одделно, а тоа го прави и Александар.

Во продолжение на истиот дијалог Александар се­беси јасно се определил како „водач на Грците и крал на Македонците“, со што уште еднаш се потенцирани разликите помеѓу античките Македонци и Грци.

Со ова и Дио Крисостом се вклучува во плеадата антички автори што јасно ги потенцирале етно-културните разлики помеѓу Македонците и Грците.

Дванаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=EsV2rWSETP4&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

aleksandar-diogen
Александар Велики Македонски и Диоген

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.