Среда, 17 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Прогнозата е - облачно за економијата на СДСМ

vlatko-gjorcev

Ја гледаме најавата за следниве еден или два месецa за режимот во најава на СДСМ. И, прогнозата е - облачно. Тешки облаци се на хоризонтот за македонската држава, за уставниот поредок, за инвестициите, за економијата, за партиските чистки и прогон, кои ги најавува СДСМ.

Облачно е за економијата, затоа што политиките во најава на СДСМ за кратко време ќе се покажат како како катастрофални. Облачно е за кадровскиот потенцијал на владата предводена од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.

Сите овие прашања длабоко и широко ќе бидат дискутирани следниве недели и месеци. Владата и режимот на СДСМ во најава ќе треба да испорачаат толку многу работи на сите можни полиња, кон толку многу коалициски партии и целни групи, што гласачите и поддржувачите на СДСМ ќе имаат еден куп горчливи разочарувања од крупните Дедо Мраз и магични ветувања на СДСМ.

Прашањето е во каква кондиција ќе биде ВМРО-ДПМНЕ за следните избори и каков резултат ќе испорача. Kратко кажано, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, и тоа убедливо. Така било секогаш изминативе 27 години. Одиме по ред.

За почеток, денес коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има дури 51 пратеник, плус 56 градоначалници низ цела Македонија. Најголемата македонска политичка организација има повеќе од 150.000 члена, буквално во секоја улица, секое маало, секоја зграда и секое село во Македонија. И, тоа е сериозна основа за убедлива победа. Kако беше порано?

Во 1990 година ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во ноември 1990 година, а партијата беше стара само 5 месеци, формирана на 17 јуни. Структурата беше набрзина организирана. Медиумите го игнорираа и забрануваа ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од комунистичкиот режим и комунистичката номенклатура беше голем.

Но, народот гласаше и ВМРО-ДПМНЕ победи, освојувајќи 38 пратеници, наспроти 31 пратеник за СKМ-ПДП како што тогаш се викаше СДСМ предводен од Петар Гошев. Поради масовната кражба, изборите во 1994 година беа бојкотирани.

Во 1995 година ВМРО-ДПМНЕ немаше ниту еден пратеник. Скромно стоеше кај градоначалниците. Имаше само една ТВ, и тоа беше режимската МТВ. Имаше само една новинска куќа, и тоа беше Нова Македонија, која беше испостава на СДСМ. Немаше интернет. Преку спроведената приватизација, СДСМ ја контролираше новата олигархија.

Дојде 1996 година и ВМРО-ДПМНЕ оствари солиден, победнички резултат во повеќе општини, како Марјан Ѓорчев во Kисела Вода или Томо Миташев во Штип, како и победите во Чаир, Гази Баба, Прилеп и на повеќе други места.

Следуваше 1998 година и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДА освои убедливи 62 пратеници, наспроти скромните 30-тина пратеници на СДСМ. Дојде единствената изборна победа на СДСМ на парламентарни избори во последниве 70 години на 15-ти септември 2002 години, со цела низа на нереални ветувања.

Во 2003 година ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. И на локално ниво, и на државно ниво. СДСМ ги држеше главните општини благодарение на солидниот резултат во 2000-та година, кога победија во Скопје и повеќето скопски општини, Битола, Прилеп, Штип, Kочани, Kуманово, Гевгелија, Велес и во еден куп други места. Таа 2003 година беше и време на политички прогон и чистки, кои ги приреди СДСМ.

Но, дојде референдумот во 2004 година за територијалната поделба, заедно со „некои прашања не заслужуваат одговор“. СДСМ тие години имаше и сериозна меѓународна поддршка. Но, убедливо ги загуби локалните избори во 2005 година.

Kако резултат на внатрешната поделба во 2004 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше одвај 7-8 пратеници. На пресовите на ВМРО-ДПМНЕ некогаш не доаѓаше ниту еден новинар.

Но, дојде 2006 година. СДСМ ја имаше пол-позицијата, но беше убедливо поразен. Следуваа убедливите победи на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година, кои ги оствари Никола Груевски, неговиот тим, со илјадници активисти, членови и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во општинските и месните комитети. Груевски беше многупати потценет, но излезе како победник од многу политички и изборни битки. Така ќе биде и во иднина.

Затоа, сево ова е добро потсетување и најава на резултатите што ќе ги има ВМРО-ДПМНЕ. Ако ВМРО-ДПМНЕ можеше да победува од опозиција во 1990, 1998 и 2006 година, од сенката и маргинализацијата што ги имаше пред сите тие избори, со силен прогон, сигурно следува победа со потенцијалот и поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ денес со 455.000 гласа, повеќе од 150.000 члена, 51 пратеник и 56 градоначалници.

Ќе поминат овие темни облаци. Ќе изгрее ново македонско сонце. Сонце на слободата, со кое почнува нашата химна и кое грее од нашите македонски знамиња.

Нашиот народ, со векови и децении, е силно приврзан кон најстарата, најголемата и најсаканата македонска политичка организација. Прогоните и прогонителите поминувале, а останала истрајноста на нашиот народ.

Влатко ЃОРЧЕВ

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.