Понеделник, 22 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Нели пред Уставот и законите сите се еднакви?!

sobranieДАЛИ И КАКО ЗЕМААТ ПЛАТА ПРАТЕНИЦИТЕ?

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Собранието на Република Македонија на 21. продолжение ја прекина конститутивната седница на 27 април 2017 година во 18.00 часот. Во тек беше расправата по третата точка од дневниот ред: Избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Неопределен број пратеници после прекинувањето на 21. продолжение, во 19.00 часот, во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието насилно го прокламираа пратеникот Талат Џафери за "претседател" на Собранието. Одлуката за избор на претседател на Собранието, потпишана од неовластено лице, Горан Мисовски, беше објавена на 9 мај 2017 година во број 53 на Службен весник на Република Македонија.

Решенијата за работен однос и за платите на пратениците ги донесува Комисијата за прашањата на изборите и именувањата. Мандатот на пратениците се верификуваше на 30 декември 2016 година. За жал, не е закажано 22. продолжение на конститутивната седница на Собранието и Комисијата за прашањата на изборите и именувањата се уште не е избрана.

Се поставува прашањето: Дали, врз основа на кој акт и кој им исплаќа плата на пратениците за јануари, февруари, март, април и мај 2017 година? Доколку тоа се врши е незаконско и државната управна инспекција и државната трудова инспекција треба да реагираат, соодветно и јавниот обвинител, бидејќи некој врши кривично дело!

Нели пред Уставот и законите сите се еднакви?!

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.