Четврток, 25 Мај 2017    Печати
Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега

alt

Не планирам да се повлечам од лидерската позиција. Ние на последните избори победивме и освоивме најмногу гласови во Македонија и имам долг кон сите граѓани што не поддржаа и што гласаа за нас да продолжиме да се бориме за една добра иднина за Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Институтот за филм во Охрид.

Тој посочи дека во последно време ова прашање го отвораат многу опоненски партии и медиуми блиски до нив очигледно, вели, поради желба да дојде до смена на раководството во ВМРО-ДПМНЕ.

– Очигледно е дека имаат желба да дојде до промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ затоа што имаат страв од ова раководство, затоа што знаат дека ќе ги губат наредните избори како што ги изгубија и сите досега, рече Груевски.

Во овој контекст тој го отвори и прашањето за оставката на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што рече, како лидер на СДСМ ги изгуби последните два избори во 2014 и 2016 година.

– Последните два изборни порази се на чело со Заев, и во 2014 и во 2016. Тој и во двата наврата вети пред граѓаните дека ако ги изгуби изборите ќе си даде оставка. Се уште веројатно многумина ја очекуваат или оставката или објаснување зошто и во 2014 кога вети дека ќе се повлече ако ги изгуби изборите не се повлече и зошто во 2016 кога јавно кажа дека ако ги изгуби изборите ќе се повлече се уште не го прави тоа, рече Груевски.

Курир