Сабота, 10 Јуни 2017    Печати
ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО ... И ГЕМИЏИИТЕ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Персоната нон грата Џес Бејли вели: "САД ќе поддржи заемно прифатливо решение за името меѓу Македонија и Грција. САД ги поддржуваат евро и евро-атлантските аспирации на Македонија, ама стоиме зад заклучоците од Самитот на НАТО Алијансата во Букурешт од 2008 година: Решение за името, па членство во НАТО!"

Бејли и нему сличните белосветски лешинари кои живеат од крвта на жртвите во војните што ширум светот ги провоцираат и инсталираат, пораката: Македонците никогаш нема да прифатат членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

Македонците никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Може да добиете хартија од марионетска власт, ама никогаш согласност од Македонскиот народ и од сите кои искрено ја сакаат оваа света земја на чие име се колнете кога кревате рака над Библијата дека ќе ја зборувате вистината, само вистината и ништо друго освен вистината!

Промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација не е демократија, слобода на уверување и изразување на мисла, туку најтешко кривично дело велепредавство, грубо кршење на Уставот на државата Македонија, Повелбата на Обединетите Нации и на меѓународното право, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Очигледно, страста за власт и сласта за моќ и пари се премногу силни да ги одвратат неоврховистите и колаборационистите во намерата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Лукративноста и сервилноста царуваат во нивните глави... Мислат ли тие, дека некогаш ќе се искупат за гревот кон Бога за сквернавењето на Божјата света земја Македонија?

Е затоа секогаш, историски, кога вхровистичките елити станувале сервилни кон туѓи и други интереси и централи без доверба и мандат од сопствениот електорат, без доверба и мандат од Македонскиот народ, се јавувале гемиџиите и спиралата на смртта со атентати и убиства во почеток без крај. И нема место на светот каде што може да се скријат тие и нивните. Чистењето најверојатно ќе оди без селекција и до крај.

Зарем никој не размислува дека само името на државата е нашиот единствен заеднички именител и нашиот единствен заеднички содржател. Само името на државата ја одржува монолитноста на нацијата и интегритетот на територијата. Без името Македонија, веќе никогаш нема да има сила што повторно ќе не' обедини.

Промената на името на државата Македонија ќе го запали Балканот, ќе гори Европа!

И само вие, одродени и продадени, продолжете со експериментот што би било кога би било, затоа што сте си ја продале душата на Сатаната против татковината и родината...

Само продолжете и пробајте... Пишаното не ви бега... Го играте последниот валцер на смртта и крајот е во вашите раце... А, Македонија и без вас и со вас пак ќе ја има... Македонците и без вас и со вас пак ќе ги има! Само вас ќе ве нема, та и гробовите никој не ќе ви ги знае, затоа што еднаш веќе сте се откажале од земјата во којашто мајка ве родила!

Никогаш не заборавајте, може да са радувате на процедури за да го "избришете" името на најславната Империја кога и да е од човек создадена, името на мајката на писменоста и на христијанството во Европа, но... Македонија е пирејот, Македонците се фениксот...

Македонија од исконот до бескрајот. Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! All Macedonians for one another! Амин!