Среда, 14 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
„НЕ СМЕЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗАТЕКНАТИ“

(„Нова Македониа“ од 19 мај 1990 година - А. Шољаковски)

Во процесот на демократските трансформации во Југославија настануваат нови политички констелации кои бараат изградување на сопствено републичко видување на иднинатa. - Иднината на Македонија е најтесно поврзана со се поголемата отвореност кон југословенскиот, балканскиот и европски економски, политички и културен простор.

Извонредно брзите промени во Европа, на Балканот и посебно во Југославија, наметнуваат размисли и за судбината на секој народ или простор посебно. Промените во Југославија, од друга страна пак, наметнуваат и потреба за размисла за новите односи и конституцијата на заедницата.

Во игра се сите можни опции и оние кои претставуваат израз на наметнатата потреба од договарање и градење на новите односи, па сe до оние кои реалноста, иако несакани, ги наметнува како можни. Она што до пред сосема кратко време можеше да биде табу-тема сега е реалност за ќоја не само што треба, туку и мора да се размислува. Па така, не е ништо без основа Размислите за ново конституирање на федерацијата, конфeдеративните модели се до неминовноста од разгледување на можноста за самостојно решавање на проблемот, нe се и не смеат да бидат пренабрегнати во создавањето на сликата за сопствената положба и перспактева.

Од овие причини ,,Нова Македонија” започна анкета во која научни, културни и јавни работници ги изнесуваат своите видувања на Стратешката положба и перспективите на Македонија во рамките на политичките и општествените збиднувања.

ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИ 

На Македонија и се потребни отворени и сигурни граници што нема да го ограничуваат протокот на луѓе, стоки, услуги, капитал, знаење, идеи и информации. Тоа е услов за нејзиниот просперитет. Но, мора да се има предвид и тоа дека истото е во интерес и на нашите соседи. Политички, културен и, пред се економски императив што произлегува оттаму е почнувње на процесот за нормализација на односите со соседите, а согласно со нормите на цивилизирано однесување, што светот го познава денес. Секако, една од тие норми е и признавањето и укажувањето на човековите слободи и права во рамките на кои националните слободи и права претставуваат незаобиколен дел.  Нормализација на односите и нивно одржување и унапредување како процес е можен само меѓу субјекти што заемно се признаваат и се прифаќаат. Интегративните текови на Балканот и просперитетот на народите што го населуваат, ќе зависи токму од оваа ноторна вистина. Балканската интеграција не претставува потиснување на националното, напротив, како интензивна културна интеракција, втемелена врз отворена и просперитетна економија, таа е услов за целосна афирмација на националното, во сета негова големина. Во овој контекст, проблемите и отворените прашања што постојат со сите соседи, со кои се граничи Македонија, можат да се решаваат и единствено ќе се решат врз рационална основа, со стивнати емоции што го матат разумот. Националните емоции во балканскиот речник (во кој Балкан се преведува со „буре барут") значат експлозија. А тоа никому нема да му користи, најмалку на оние што седат врз тоа буре. Едноставно, балканските народи и држави сопствениот интерес ги упатува на заемна соработка.

Европските интегративни процеси се рамка, во која нужно ќе се остварува и процесот на балканската интеграција. Македонија е балканска и европска земја, и како на таква, интересите и судбината најтесно ќе и бидат испреплетени со остварувањето на тие процеси. Само во рамките на обединета и демократска Европа, во која Балканот растоварен од своите предрасуди и конфронтации, ќе претставува интегрален дел, македонското прашање ќе го добие саканиот епилог на полно уважување и духовно обединување на Македонците од трите дела на Македонија.

Националниот духовен (културен) простор, по правило, ги надминува државните граници на повеќето денес постојни нации во светот. Таков е случајот и со македонскиот национален културен простор. Но, за да опстојува, нужно е да биде ослободен од политичкиот авантуризам што, по правило, предизвикува сомневање отпор и репресија на институциите во средината, каде што се пројавил. Во опстојувањето и пулсирањето на националниот културен простор, без сомнение, нагласена е улогата на македонската држава. Република Македонија мора да стане, во вистинска смисла матична држава на снте Македонци, без оглед каде се наоѓаат во светот и од каде потекнуваат. Затоа, во времето :шго претстои, неопходно ќе биде да се доизгради мрежата на институционални и персонални врски како меѓу Македонците што живеат низ светот со Република Македонија. така и меѓу самите нив.

Не може да се надева на блескава иднина народ: што нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Нема иднина ниту оној народ што нема свое достоинство, ниту оној што го бара она за себе, а не е подготвен да му го признае и на другиот.

Својата судбина Македонците ја имаат во свои раце. Нивната полна афирмација и просперитет на Македонија можат да бидат, пред се, нивно дело. Другите во тоа можат само да помогнат.

ПАНДЕ  ЛАЗАРЕВСКИ, асистент на ИСППИ

otvoreni-granici

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.