Среда, 14 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
АКТИВНОСТИТЕ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ ВО ЕМИГРАНТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ОСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА (1964-1967)

Марјан ИВАНОВСКИ Институт за национална историја ≠ Скопје     

dragan-bogdanovski

Со конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година се реализира вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање сопствена држава само на еден дел од етно-географската територија на Македонија. Таквото парцијално решение на македонското национално прашање резултирало со голем бран незадоволства како во федерална Македонија, која влегла во рамките на југословенската федерација, така и во деловите од Македонија што останале под власта на Бугарија и на Грција.  Веднаш по конституирањето на федерална Македонија се формирале повеќе конспиративни политички групи и организации како форма на незадоволство поради нецелосното решавање на македонското национално прашање, неможноста за територијално обединување, но и против статусот на Македонија во југословенската федерација. Тие групи и организации најчесто го користеле името на старата револуционерна организација ВМРО.1 Само во периодот од 1946 до 1949 година властите откриле 46 тајни групи на целата територија на НР Македонија и уапсиле вкупно 767  1 Зоран Тодоровски, „Политичката опозиција во Македонија по Втората светска војна“, Историја, год. XXXVI/1-2 (Скопје: 2000), 43. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 228 лица.2 Дел од нив, по излегувањето од затворите, но и дел од оние што не биле осудени, не можејќи да се помират со новата состојба во која се нашла Македонија, започнале да ја напуштаат Југославија и да се населуваат во Западна Европа и во Северна и Јужна Америка. На тој начин, по Втората светска војна започнала да се создава македонска политичка емиграција која била прозападно ориентирана и се залагала за интегрално решавање на македонското национално прашање. Со зголемувањето на бројот на политички емигранти од Македонија во западноевропските земји се создавале услови за нивно организирање. Во текот на пролетта 1956 година била формирана првата македонска политичка организација – Македонски национален фронт (МНФ). Главен иницијатор за формирање на организацијата бил Драган Богдановски, кој емигрирал од ФНРЈ во текот на 1951 година, а во Франција дошол во 1954 година.3 Организацијата била основана во Париз, каде што престојувал и студирал Драган Богдановски заедно со други Македонци. Крајната цел на МНФ била остварување на идеалот за независна и обединета македонска држава. Меѓутоа, организацијата егзистирала многу кусо време од причини што најголем дел од нејзините членови биле студенти, кои поради обврските на факултетот не можеле во целост да ‹ се посветат на организацијата. По извесен период, во 1959 година Драган Богдановски повторно се пројавил како иницијатор за формирање нова  2 Михајло Миноски, „Тајната политичка организација ВМРО во Народна (Социјалистичка) Република Македонија“, зборник Златна книга 100 години ВМРО (Скопје: Глас на ВМРО-ДПМНЕ, 1993), 244-246. 3 Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929 година во кумановското село Клечовце. Додека бил студент на Земјоделскиот факултет во Земун, во 1950 година дошол во судир со законот, односно за позајмување книга Богдановски бил обвинет за кражба и затворен на шест месеци. По излегувањето од затвор му било забрането да се запише на кој било факултет во ФНРЈ, па поради тоа решава илегално да ја напушти земјата. Во јуни 1951 година ја преминал југословенско-грчката граница и бил префрлен во грчкиот логор „Лаврион“. Таму бил задржан шест месеци и заедно со неколку стотици Македонци со брод бил префрлен во Бразил. Во Бразил останал до крајот на 1954 година, кога заедно со својот пријател Александар (Сандо) Христов како „слеп патник“ заминал за Франција. Таму му бил признаен статусот на политички емигрант и се запишал на Факултетот за политички науки и журналистика на Универзитетот Сорбона во Париз. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 229 политичка организација. Таа организација била именувана какоМакедонски национален комитет (МНК) и била со седиште во Стокхолм. Македонскиот национален комитет имал исти цели како и Македонскиот национален фронт, а неговата активност била најизразена преку печатените гласила.4 Оваа организација остварила поголемо влијание меѓу македонската емиграција од претходната токму благодарение на печатените гласила, за чие редовно излегување Драган Богдановски вложувал исклучителен напор. Организацијата дејствувала до 1961 година, односно сè додека бил активен нејзиниот идеен творец Драган Богдановски. 5 Веднаш по распуштањето на организацијата, дошол нов бран политички емигранти во Данска и во Шведска, меѓу кои и Димко Нечевски6 и Благој Миленковски7. Поради тоа се јавила потреба од формирање нова политичка организација. До конкретни разговори дошло при средбите што ги остварил Миле Илиевски8 со Благој Миленковски во текот на 1962 година, по што Благој Миленковски зел обврска да го напише Статутот на идната организација, која требало да се вика Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ).9 Така, на 23 јуни 1962 година во шведскиот град Трелеборг бил  4 Македонска лоза и Слободна Македонија. 5 Богдановски поради семејни проблем бил принуден да се повлече од организацијата. Државен архив на Република Македонија, Фонд: ОЗНА/УДБА/ РСВР/МВР, досиеја водени од поранешната МВР/УДБ (885), Досие за лице во историски архив Богдановски Наско Драган, бр. на лично досие 20218, кутија 747, папка V, Исказ на Драган Богдановски пред Окружен суд ≠ Скопје на 11.12.1978 г., 20-22. 6 Димко Нечевски е роден на 23 февруари 1925 година во с. Езерани, Преспанско. Во 1957 година емигрирал во Грција, каде што бил сместен во логорите „Лаврион“ и „Сирус“. По четири години престој во логорите, во 1961 година ја напуштил Грција и заминал за Данска. Архивско одделение на Институтот за национална историја, фонд: Оставина на Крсте Црвенковски, Информација за националистичките движења сред македонската емиграција во Западна Европа, 19. 7 Благој Миленковски пред да емигрира бил наставник во средните училишта во Битола и во Штип. Во текот на 1956 година емигрирал во Шведска. АО ИНИ, ф. Оставина на Крсте Црвенковски, Информација за националистичките движења, 21. 8 Миле Илиевски потекнува од с. Граешница, Битолско. Тој емигрирал од Југославија во текот на 1956 година, додека се наоѓал на отсуство како војник на ЈНА. Во Шведска добил статус на политички емигрант. АО ИНИ, ф. Оставина на Крсте Црвенковски, Информација за националистичките движења, 22. 9 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 20.6.1977 г., 26. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 230 организиран „самоиницијативен собор“ на Македонците од Скан-динавија, кога и официјално бил основан Ослободителниот комитет на Македонија. Главна и примарна цел на ОКМ била „да се бори против секоја тиранија над македонската слобода, како и против комунистичките влијанија, шовинизмот, сепаратизмот и сл., како и да ги организира сите Македонци во светот кои имаат отворени срца и патриотски чувства за Македонија“.10 Самото име на организацијата, како и овој фрагмент од записникот од одржувањето на „самоиницијативниот собор“ на Македонците од Скандинавија, ни говорат дека активностите на организацијата ќе бидат насочени кон целосно ослободување на Македонија и нејзино конституирање како независен политички субјект на Балканот. Првичната задача на организацијата требало да биде создавање услови за нејзино омасовување. За таа цел, освен изборот на звучно име, требало да послужи и нејзината анти-комунистичка определба, со што требало да се придобијат новите политички емигранти кои во тој период дошле од НР/СР Македонија во Западна Европа. За прв претседател на ОКМ бил избран Димко Нечевски од Копенхаген, Данска.11 Комитетот одлучил да објавува весник, како печатен орган, под името Македонија, кој требало да се подготвува во Гетеборг. Било договорено првиот број да излезе на Илинден (2 август 1963 г.)12, меѓутоа весникот излегол на 1 октомври истата година.13 Иако за главен и одговорен уредник бил избран Р. Христов,14 сепак иницијатор и најодговорен за печатењето на весникот бил Миле Илиевски. По само две години од основањето на ОКМ, во 1964 година настанал расцеп во организацијата. Несогласувањата првично започнале помеѓу секретарите на ОКМ Павле Чикаровски и Цветан Стојковски од една страна и Миле Илиевски од друга. Чикаровски и Стојковски го обвинувале Илиевски дека парите од организацијата ги користи за сопствени приватни потреби, додека, пак, Илиевски ги обвинувал дека се непријатели на весникот и  10 Документи за македонското национално движење во дијаспората (ОКМ-ДООМ-НОФМ), Прв том, редaктор Миле Илиевски (Штип: 2006), 21. 11 Документи за македонското национално движење во дијаспората, 21. 12 Документи за македонското национално движење во дијаспората, 21. 13 Славе Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат (Скопје: Студентски збор, 1993), 209. 14 Документи за македонското национално движење во дијаспората, 21. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 231 соработници со ванчомихајловистичката групација, што билопричина да се создаде негативно расположение кон него. За овие меѓусебни „препукувања“ и обвинувања бил информиран и Димко Нечевски, кој повикувал и се залагал да прекинат караниците за да не се руши угледот на ОКМ. Меѓутоа, тоа не помогнало, по што дошло до целосен расцеп во ОКМ. Поради тоа што работите оделе кон растурање на ОКМ, претседателот Нечевски формирал посебна комисија, која требало да ја преиспита евентуалната финансиска малверзација на Илиевски. Затоа од него било побарано да му го предаде издавањето на весникот на Благој Миленковски сè додека не се реши случајот. Меѓутоа, Илиевски решил да не се повлекува дури не се докаже дека злоупотребил пари од весникот. Поради тоа, претседателот Нечевски свикал состанок на кој било решено да се започне со издавање нов весник ≠ Македонец, а на Илиевски му се забранило да го издава весникот Македонија во име на ОКМ.15 Весникот Македонец се печател во Гетеборг, а за редактор бил избран Благој Миленковски. Во меѓувреме, Драган Богдановски дознал за новата организација.16 Тој, по распуштањето на македонскиот клуб „Јане Сандански“ од Брисел,17 бил политички неактивен и откако дознал за судирот во ОКМ, а познавајќи го Илиевски како чесен Македонец, решил да го поддржи.18 Илиевски го повикал Богдановски да го уредува весникот и да пишува статии, а тој останал редактор.19 Богдановски преку весникот Македонија започнал да полемизира со весникот Македонец, односно со Благој Миленковски. За брзо време, односно по само седум броја, во 1966 година весникот Македонец престанал да излегува. Како главна причина за тоа Миленковски ја навел незаинтересираноста на емиграцијата за весникот. Уште пред да прекине излегувањето на весникот, Миленковски водел политика за зближување со Матицата  15 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка I, Драган Богдановски тајанствени „светски путник“, 20.3. 1965 г., 6-10. 16 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 747, папка V, Исказ на Драган Богдановски пред Окружен суд Скопје 19.12.1978 г., 3. 17 Македонското културно здружение „Јане Сандански“ било формирано зимата 1963/64 година по иницијатива на Драган Богдановски. ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 744, папка III, Разговор со „Козјак“ б.д., 360. 18 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 20.6.2977 г., 27. 19 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к.747, папка V, Исказ на Драган Богдановски пред Окружен суд Скопје на 19.12.1978 г., 3. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 232 на иселениците на СР Македонија. Тој во еден период предложил ОКМ да ја промени својата политичка платформа и име за да се претвори во клуб или друштво поддржано од Матицата на иселениците. Овој предлог, на потесен состанок на членовите на ОКМ, бил одбиен и веднаш започнале да се шират гласишта дека Миленковски станал соработник на југословенската Служба за државна безбедност (СДБ). Веднаш потоа Миленковски се повлекол од ОКМ и Нечевски останал без интелектуален водач, а со тоа замрела и активноста на крилото на Нечевски.20 Таквата ситуација ги поттикнала Илиевски и Богдановски да продолжат со работа и со издавање на весникот Македонија. Весникот од 1966 година почнал да излегува во печатницата „Логос“ во Минхен.21 Меѓутоа, иако крилото на Нечевски се паси-визирало, сепак најголемиот дел од членството му останало лојално и го сметало за легитимен претседател на ОКМ.22 Судирот меѓу двете групи, всушност, бил судир за превласт во самата организација. Имено, овој расцеп бил поттикнат од Благој Миленковски за да ја преземе ОКМ во свои раце, заедно со весникот Македонија. За спротивставеноста помеѓу Илиевски и Миленковски на повеќе наврати сведочи и Драган Богдановски.23 Откако увидел дека не може да води „војна“ со весникот Македонија на Драган Богдановски и поради неисполнетата цел да го преземе, Миленковски се повлекол. Меѓутоа, неговите постапки за водење помирувачка политика со Матицата на иселениците, а подоцна и отворената соработка што ја имал со југословенскиот конзул во Гетеборг, води кон претпоставката дека судирот помеѓу фракциите бил, всушност, дело на СДБ. По поделбата, ОКМ веќе не претставувала сериозна орга-низација. Иако крилото Илиевски-Богдановски продолжило да  20 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 29.6.1977 г., 7. 21 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 29.6.1977 г., 7-8. 22 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 20.6.1977 г., 28. 23 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 744, папка III, Разговор со Драган Богдановски воден на 20.6.1977 г., 361-362; ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 744, папка II, Разговор на Драган Богдановски воден на 9.6.1977 г., 52. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 233 функционира, тоа било де факто без членство и целата активност сесведувала на издавањето на весникот Македонија. Весникот Македонија, под уредништво на Драган Богда-новски, бил исполнет со патриотски содржини, но преовладувале текстовите кои имале негативен однос кон раководството на СР Македонија.24 За одбележување се броевите од 1967 година, кога се случило прогласувањето на автокефалноста на МПЦ. Тие броеви биле исполнети со текстови посветени на тој настан,25 а се изделува статијата на Богдановски под наслов „Плачат и бугарските шови-нисти“. Во таа статија тој зборува за возобновувањето на Охрид-ската архиепископија и за нејзиното прогласување за автокефална.26 Во меѓувреме, Илиевски и Богдановски го повикале Сандо Христов, кој тогаш се наоѓал во Лондон, да биде претседател на ОКМ.27 По расколот што се случил во ОКМ, крилото Илиевски-Богдановски, сè со цел да се прикаже како сериозна oрганизација и да се прекине дотогашната фракционерска борба, воедно и за да се привлечат членовите од крилото на Нечевски, на 20 мај 1967 година, претставувајќи се како „привремено раководство на ОКМ“, ги известило своите членови и симпатизери за одржувањето на Уставотворниот конгрес на ОКМ. Во известувањето на „привре-меното раководство“, меѓу другото, била изнесена и главната задача на Конгресот, а тоа било да се донесе нов устав и политичка платформа, но и да се изгласа ново раководство. Во известувањето било потенцирано дека стариот устав повеќе не е погоден затоа што ОКМ „не е повеќе само емигрантска организација туку израсна во вистинско национално ослободително движење – предводник на современата македонска борба“. Понатаму се вели: „Со проши-рувањето на своите организациони мрежи и меѓу Македонци кои не се политички емигранти а живеат надвор во Западниот свет, како и меѓу нашиот народ внатре во Татковината, нашата Организација се и револуционизира, па соодветно на тоа потребно е нејзино ново  24 Николовски – Катин, Македонскиот иселенички печат, 209. 25 Некои од статиите биле насловени како „Значењето на автокефалната Македонска Црква“, „Величината на Црквата Македонска“, „Светосавскиот империализам осуден во цела Југославија“, „Црни облаци над Југославија“ и сл., в. Македонија, г. IV, бр. 43, ноември 1967. 26 В. Македонија, г. IV, бр. 42, октомври 1967, 2. 27 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Извештај бр. 11 од 14.6.1977 г. 2. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 234 организационо устројство и нов устав…“.28 На тој начин рако-водството сакало да ја издигне организацијата на едно повисоко ниво, подготвувајќи ја за посериозни чекори во реализирањето на целите. Сепак, Уставотворниот конгрес во Кил, во таква форма, воопшто не се одржал,29 но од посочените причини требало да се прикаже како да се одржал. На мислење сме дека тоа, всушност, бил еден состанок на кој учествувале потесен круг луѓе. Претходно биле консултирани оние што требало да влезат во раководството, кое сочинувало 10 лица. Официјално било претставено дека од 14 до 16 јули 1967 година Националниот совет на ОКМ одржал Уставотворен конгрес во градот Кил, Западна Германија, на кој присуствувале 60 делегати. Од нив најбројни биле политичките емигранти, но имало и работници на привремена работа, студенти и научни работници што се наоѓале на студии и на работа во странство, како и извесен број делегати со полномоштва претста-вувајќи ја внатрешноста на Македонија.30 Учесниците на состанокот (конгресот) настапиле со реферати и донеле важни одлуки за понатамошната активност на македонската емиграција. Сето тоа било објавено во една брошура испечатена во 5000 примероци.31  Претседателот на Националниот совет на ОКМ, Сандо Христов, бил првиот што се појавил на говорницата со рефератот „Јакне и крепне македонската национална борба“. По него наста-пиле Марче Богоевски со рефератот „Македонци! Гнасете се од новите врховисти“, потоа Методија Лепавцов-Лемето, кој својот текст го насловил како „Нашата организација е демократска“, Ѓорѓи Трифунов со рефератот „Ќе работиме само за една вистинска конфедерација“. На крајот настапил Драган Богдановски со темата „Македонија ≠ земја на несреќи“. Богдановски го започнал рефера-тот мошне емотивно со зборовите: „... Македонија е земја на несреќи. Понесреќна земја од неа нема и немало во Европа, па и во целиот свет. Македонскиот народ вечно живее една трагична исто- 28 Документи за македонското национално движење во дијаспората, 45-46. 29 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 747, папка V, Исказ на Драган Богдановски пред Окружниот суд ≠ Скопје на 15.12.1978 г., 6-7. 30 Ставре Џиков, Александар Џиков, Обединета Македонија во обединета Европа, (Куманово: 2009), 23. 31 Уставотворен Конгрес на Ослободителниот комитет на Македонија, Материјали и документи, Минхен 1967. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 235 риска судба која се протегнува цели дванаесет столетија. Причи-ната за таа наша вечна национална трагика лега во географско-стратешката положба на нашата татковина која е крстопат меѓу Исток и Запад и богат плен на империјалистичките апетити на сите мегаломаниа од соседните земји“. Понатаму тој ја изнесува конста-тација за тоа што се случило со Македонија по Балканските војни, велејќи дека: „Најголемата трагедија што ја доживе македонскиот народ во неговата нова историја тоа е поделбата на Македонија што беше направена во 1912 година меѓу Србија, Бугарија и Грција. Националниот организам на нашиот народ тогаш беше распарчен на три дела. Без да се осврнувам на страдањата што ги поднесуваше и уште поднесува нашиот народ под трајно туѓинско ропство, ќе кажам дека ослободителната борба на нашиот народ стана многу потешка под условите на тројното балканско ропство...“ Притоа, Богдановски нагласува дека поради таквите услови, во тој период македонската интелигенција се свртела кон комунистичкото дви-жење „од кое таа очекуваше многу нешта за македонското ослобо-дување и обединување“. Дел од тие очекувања биле остварени со создавањето на Демократска Федерална Македонија во рамките на југословенската федерација. Но, и покрај тоа, комунистичкото дви-жење во неговата целина, ниту, пак, федеративна Југославија „не ги исполниле нивните ветувања дека тие ќе помогнат Македонија да се обедини“. Богдановски, осврнувајќи се на делот од Македонија под грчка власт, потенцира дека Македонците биле приморани да се борат во Граѓанската војна во Грција на страната на грчките комунисти за да го спречат своето физичко истребување. Тој го поставува прашањето дали треба „да ги обвинуваме нашите герој-ски егејски Македонци затоа што се бореле за извојување на нацио-нални правдини во едно движење што било раководено од грчките комунисти?“ Одговорот на прашањето го поврзува со потребата од искористување на историските услови во даденото време.  Зборувајќи за идеалите на организацијата, Богдановски нагласува дека е потребно својата дејност „да ја заснива само на постојните реалности“, да се постави „надпартиски“ и над секаква „идејно филозофска борба“, а да води исклучиво „македонска национална политика“.  Во понатамошниот дел од рефератот, со остри зборови е нападната емиграцијата која дејствува антимакедонски, со посебен осврт на Ванчо Михајлов и неговите приврзаници. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 236 На крајот Богдановски ги изнесува ставовите за СР Македонија и за идната борба на организацијата. Тој ги потенцира придобивките на македонскиот народ во СР Македонија и го поддржува нејзиното постоење и развиток, укажувајќи на тоа дека активностите на организацијата се насочени исклучиво против тогашната владејачка номенклатура. За остварување на целта Република Македонија да стане „Македонски Пиемонт, обедини-телна јатка и за Пиринска и Егејска Македонија“, Богдановски нагласува дека е потребно да се работи „во услови онакви какви што се сега“ и да се води „една умна и современа политика која ќе има влијание и во сегашниот политички живот во Македонија, како и во односите меѓу балканските држави, со кои е сврзано маке-донското прашање...“. 32 На „конгресот“ (состанокот) биле донесени Политичка плат-форма, Манифест до македонскиот народ и Статут на ОКМ. Органи на ОКМ биле Конгресот, Националниот совет и Контролната комисија, а весникот Македонија бил прогласен за официјален печатен орган на Организацијата.33 Политичката цел на ОКМ била да ја организира, да ја предводи и да ја координира ослободител-ната борба на македонскиот народ. Крајната цел на организацијата, пак, била да ги обедини сите три дела од распарчена Македонија во самостојна и демократска македонска држава.34 Одржувањето на Уставотворниот конгрес претставува пресвртница во политичкиот курс на ОКМ и на Драган Богда-новски. Под влијание на Богдановски, организацијата од тогаш и официјално започнува со отфрлање на антикомунистичката идеоло-гија. Еволуцијата во политичките ставови на Богдановски не била случајна, туку диктирана од условите во кои се наоѓало маке-донското иселеништво. Во текот на 60-тите години се зголемува бројот на економските емигранти. Дел од оваа категорија иселе-ници, пред сè помладите, сметале дека „социјализмот било најадек-ватно општество“.35 Секако, таквото нивно размислување било под влијание на образовниот систем во НР/СР Македонија. Исто така, голем дел од економските емигранти биле со намера повторно да се  32 Уставотворен Конгрес на Ослободителниот комитет на Македонија, 101-108. 33 Уставотворен Конгрес на Ослободителниот комитет на Македонија, 38-42. 34 Уставотворен Конгрес на Ослободителниот комитет на Македонија, 31. 35 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 22.6.1977 г., 7-8. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 237 вратат во татковината и да немаат никакви проблеми со властите. Ина крајот, свое влијание за дистанцирање на економските од политичките емигранти оставиле и таканаречените југословенски клубови, директно раководени од Сојузот на комунистите на Југославија и Социјалистичкиот сојуз, кои, за разлика од оние на другите континенти, во Западна Европа биле мошне активни.36 Активностите на ОКМ и на Драган Богдановски не останале незабележани од политичката емиграција со потекло од Југосла-вија. Особен интерес за соработка со ОКМ пројавиле дел од хрватските емигрантски организации. Во тој контекст, следејќи ги активностите на ОКМ, хрватскиот емигрантски весник Хрватска зора известил за одржувањето на „Уставотворниот конгрес“ на ОКМ. 37 Претходно, во 1966 година хрватските емигрантски органи-зации Обединети Хрвати38 во Германија и Хрватскиот народен одбор се обиделе да воспостават контакт со ОКМ. Челниците на Хрватскиот народен одбор уште од порано се познавале со Богда-новски и се обиделе повторно да воспостават потесни контакти и да понудат соработка. Нивните контакти се случувале во печатницата „Логос“ во Минхен, каде што се печател весникот Македонија. Хрватските емигранти се интересирале за ставот на ОКМ во однос на Југославија и кога дознале дека се залагаат за отцепување од СФРЈ, предложиле соработка. Но одговорот на Богдановски бил: „ОКМ не може да соработува со вашите хрватски организации зошто ОКМ е македонска национална организација – организација на македонската нација, за која вие пишувате во вашиот печат дека не постои, дека Македонците биле Бугари“, притоа потенцирајќи дека македонското национално чувство е нешто најсвето за Македонците.39  36 Во активностите на овие т.н. југословенски клубови силно била присутна политиката на потиснување на националната самобитност. Иван Катарџиев, Македонија и Македонците во светот (Скопје: Матица македонска, 1996), 46-47. 37 Насловот на известувањето бил „Национални Савјет Ослоб. Комитета Македоније“. Документи за македонското национално движење во дијаспората, 65. 38 Обединети Хрвати во Германија била основана во 1962 година од најекстремниот дел на организацијата на Анте Павелиќ, Хрватско ослободително движење. Иван Бабановски, Југославија како објект на специјалната војна (Скопје: Млад борец,1987), 111. 39 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 2.6.1977 г., 6. JOURNAL OF HISTORY year. XLVIII, No 1, 2013 238 Уставотворниот конгрес на ОКМ е воедно и последната значајна активност на организацијата. Обидот таа да зајакне и да привлече поголемо членство не ги дал посакуваните резултати. Набргу потоа и Богдановски решил да се повлече од ОКМ, односно од местото уредник на весникот Македонија. Тој го направил тоа од следниве причини: како прво, во најголем дел тој сам ја вршел целата работа ≠ пишувањето текстови, патувањето во Минхен за корекција на секој број и одговарање на писма на читатели, што му одземало многу време и финансиски средства. Редовното излегу-вање на весникот било поврзано со големи издатоци кои Богда-новски не можел сам да ги поднесе, поради што дошол до степен кога егзистенцијата му била загрозена, така што морал да се откаже од весникот за да ја поправи својата финансиската состојба. Како второ, бил донекаде разочаран од резултатите на весникот Македо-нија, кој не привлекол многу соработници и претплатници.40 Причината за тоа треба да се бара во фактот што македонската емиграција во најголем процент била економска, а многу помалку политичка. И токму поради дотогашната строга антикомунистичка определба, Ослободителниот комитет на Македонија бил однапред осуден на неуспех меѓу македонската економска емиграција. Покрај тоа, како друга причина треба да се напомене и негативното вли-јание од поделбата која се случила во организацијата, поради што кај дел од членовите и од симпатизерите се јавила разочарување. По повлекувањето на Богдановски, весникот Македонија излегувал уште извесен период, односно последниот број бил за месеците мај-јуни 1969 година.41 Иако Миле Илиевски продолжил да го издава весникот како орган на ОКМ, сепак по 1967 година, организацијата била речиси целосно пасивизирана. Како една од последните активности на ОКМ може да се смета Апелот упатен до македонските емигранти во врска со атентатите извршени врз членовите на ОКМ.42 Апелот не е датиран, ниту потпишан од  40 ДАРМ, ф. 885, Досие за Драган Богдановски, к. 746, папка III, Изјава на Драган Богдановски дадена на 21.6.1977 г., 1. 41 Николовски – Катин, Македонскиот иселенички печат, 209. 42 Во Апелот била обвинета југословенската СДБ за повеќе атентати и инциденти на членови на ОКМ во периодот од 1964 до 1967 година, па дури и за соработка со грчката тајна служба во извршувањето на убиството на главниот касиер на ОКМ, Марко Богоевски. Документи за македонското национално движење во дијаспората, 120. ИСТОРИЈА год. XLVIII, бр.1, 2013 239 некого, а се претпоставува дека потекнува од крајот на 1967 илипочеток на 1968 година.43  Пасивизацијата на организацијата траела до 1971 година. Во тој период не е забележана ниту една позначајна активност на македонската политичка емиграција во Западна Европа. Повлеку-вањето на Драган Богдановски влијаело на тоа целосно да згаснат политичките активности во тој период. Тоа го потврдува фактот дека Богдановски бил моторната сила на ОКМ, сила која најмногу била изразена преку пишаниот збор. Дури во 1970 година Богдановски повторно започнал со подготовки за политичко реактивирање, преку собирање материјали и финансии за новиот весник Македонска нација, кој за првпат излегол во 1971 година. Истата година бил возобновен ОКМ и весникот станал негов печатен орган. Тоа претставува ново поглавје во активноста не само на Драган Богдановски туку и на маке-донската политичка емиграција во целина, а, секако, благодарение на добрата основа поставена во периодот од 1962 до 1967 година.  Организацијата Ослободителен комитет на Македонија претставува значаен чекор во политичкото организирање на македонската емиграција во Западна Европа. Иако во овој период се случиле одредени потреси и поделби во организацијата, слободно можеме да кажеме дека Ослободителниот комитет на Македонија ја одбележува активноста во 60-тите години од XX век меѓу македонската емиграција во Западна Европа. Свој удел во тоа има и Драган Богдановски, како личност заслужна за редовното излегување на весникот Македонија, но и личност што вложила свој придонес во оформувањето на политичката физиономија и идеологија на организацијата.            

43 Документи за македонското национално движење во дијаспората, 120-121.

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.