Четврток, 15 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ШЕСНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

1Деновиве на Youtube е поставена шеснаесеттата епизода од документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Шеснаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од античкиот историчар Херодијан. Херодијан (Herodian) се родил во Сирија некаде околу 170 година. Се смета дека имал грчко потекло. Из­вес­но време живеел во Рим, но немал некоја јав­на функција. Сепак, напишал впечатливо историско де­ло во осум книги посветено на историјата на Рим, кое го опфа­ќало периодот од 180 година (по смртта на им­пе­ра­торот Марко Аврелиј) до 238 година. Заради тоа се смета дека Херодијан починал околу 240 година.

Што се однесува до пишувањето на Херодијан од аспект на темата што овде ја разгледуваме, ќе кажеме дека и овој антички автор Македонците многу јасно ги тре­тирал како одделен народ во однос на Грците. И тоа сосема прецизно го потенцирал. Ќе наведеме неколку примери.

Во Првата книга (поглавие 3) Херодијан ја спом­нува македонската динас­тија Птолемеи која владеела со Египет. Притоа за кралот Птолемеј пишува:

Птолемеј, наспроти законите на Македон­ците и на Грците, отишол толку далеку што се оженил со сопствената сестра.“ (Herodian: "History of the Roman Empire", 1961, Book 1, Chapter 3).

Всушност Птолемеите влегувале само во фор­мални (а не во реални) бракови со своите сестри во склад со египетската традиција. Она што е интересно во оваа рече­ница од Херодијан е тоа што тој сосема јасно ги издвоил Македонците од Грците при што потен­цирал дека тие си имале посебни закони. Се разбира дека овде станува збор за Македонците и Грците кои живееле во Египет. Ова сведоштво има уште поголема тежина затоа што Хероди­јан и самиот имал грчко потекло. Практично, тој како Грк, децидно ги издвоил Македонците од Грците, не само како посе­бен народ, туку и како култура (спомнувајќи нив­ни посеб­ни „закони“).

Во продолжените на претходната реченица, Херо­ди­јан, критикувајќи и други цареви за нивните чуд­ни навики, го спомнува и македонскиот цар Анти­гон за кого вели:

Антигон го имитирал Дионис во секој поглед. Тој дури и носел венец од бршлен наместо маке­донска шапка или дијадема, а носел и тирс наместо жезол.“

Ова сведоштво е интересно заради тоа што во него Херодијан потсетува на специфичните елементи што ги носеле античко-македонските владетели (ма­ке­донска шап­ка или дијадема и жезол), од кои, ете, Антигон отста­пил заради својата опседнатост со богот на виното Дио­нис. Ма­ке­донската шапка што овде е спомната всушност е познатата каусија. Тоа било шапка со широк обод која штитела од сонцето.

Во Третата книга (поглавие 2) Херодијан е уште поде­циден во истакнувањето на посебноста на Маке­донците во однос на Грците. Овде тој ги критикува Грците дека постојано се карале меѓу себе, си љубомореле едни на други и гледале да го уништат секого од нив што успевал во животот. Заради тоа тој вели дека Грците како народ пропаднале, па така, уништени од својата алчност и злоба, тие станале лесен плен за Македонците, а подоцна и за Римја­ните. Овде читаме:

Ова античка несреќа на Грците, тие пос­тојано да се органзираат во фракции едни против други во својата алчност да ги уништат оние кои се поуспешни од нив, ја доведе Грција до униш­тување. Нивните дам­нешни кавги и внатрешни непријателства ги направија лесна жртва на Маке­донците и робови на Римјаните. Ова проклетство од љубомора и злоба стигна дури и до побогатите грчки градови од нашево време.“

Навистина ниту овде не е потребен некој посе­бен коментар. Хеордијан овде јасно ги спомнува трите оддел­ни народи: Македонци, Римјани и Грци, од кои последниве настрадале и биле потчинети прво од Македонците, а потоа и од Римјаните.

Во Четвртата книга посветена на римскиот импе­ратор Каракала (188 - 217 год.) во осмото погла­вие, Херо­дијан пишува дека овој римски император толку бил воо­ду­шевен од ликот и делото на Алек­сандар Велики Маке­донски, што самиот себе си се прогласил за „Втор Александар“. Овде читаме:

Откако Каракала ги средил работите во своите гарнизони долж реката Дунав, заминал во Тракија на гра­ни­цата со Македонија и таму наед­наш станал Алек­сандар Велики. Почнало оживување на сеќавањата за овој Македонец на секаков можен начин. Тој наредил да бидат поставени статуи и сликани портрети на него­виот херој на јавни места во сите градови. Тој го исполнил и Капитол, како и останатите храмови, всуш­ност целиот Рим, со статуи и сликани портрети, кои била така дизај­нирани што сугерирале дека тој е вто­риот Алек­сандар... Самиот Каракала почнал да носи маке­донска облека, посебно шапка за сонце и кратки чиз­ми. Тој собрал млади момчиња во единица што ја нарекол Македонска фаланга, а неговите офицери носеле имиња на александровите генерали.“

Ова, без малку, неверојатно сведоштво од Херо­дијан е значајно по некоклку основи. Како прво, тоа зборува за огромниот углед што го имал Александар Велики Маке­донски дури и среде некои Римјани на највисоки позиции. Да потсетиме дека Римјаните од­вај успеале да ја освојат Македонија, па сепак тоа не им пречело на некои од подоцнежните генерации да се восхитуваат на големиот македонски цар. Поната­му, Херодијан овде спомнува посеб­на „македонска облека“ во која Каракала се облекувал, а дава и други детаљи поврзани со облеку­вањето на Македонците (шапката каусија со широк обод за заштита од сонце, која веќе ја спомнавме, но и кратки чизми). Гледаме и дека Каракала нагло почнал да го вели­ча ликот на Александар дури откако дошол близу Маке­донија (која во негово време веќе над триипол векови  била под римска окупација). Ова значи дека во тоа време споменот за Александар Велики Македонски се уште бил многу силен среде Македонците, па преку нив бил прев­зе­мен и од Каракала.

Да заклучиме дека делото на античкиот грчки исто­ричар Херодијан претставува уште еден удар против денешната грчка пропаганда. Херодијан нед­вос­мислено ги третирал Македонците како посебен народ во однос на Грците, и тоа како народ со сопст­вена култура.

Шеснаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=gctdwM46voc&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

1

Евсевие Кесариски – еден од најпознатите ранохристијански хроничари и историчари, сосема јасно тврдел дека Македонците не биле никакви Грци.

Александар ДОНСКИ

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.