Среда, 21 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
АТИНА ДОЛЖИ ИЗВИНУВАЊЕ И РЕПАРАЦИИ ЗА НАСИЛНО ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ОКУПИРАНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

egzodus

Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците со исламска религија, Светскиот Македонски Младински Конгрес и Светскиот Македонски Конгрес, по повод светскиот Ден на бегалците, од Владата во Атина повторно бараат укинување на дискриминаторските грчки закони од 1982 и 1985 година со коишто се забранува враќање назад во своите домови и враќање на одземениот имот на насилно прогонетите Македонци од окупираниот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, освен за “Грците по род“.

Протестираме за геноцидната политика на Атина кон насилно прогонетите Македонци од окупираниот дел на Македонија од Балканските војни до денес.

И натаму бараме права и слободи за Македонците во земјите каде што живееме, бараме право на собир, здружување, образование, информирање и вероисповед на мајчин македонски јазик во Грција, Бугарија, Србија и Албанија, бараме извинување и репарации за окупацијата и геноцидот, бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци од Балканските војни до денес, бараме слобода во движењето, влез во Грција за посета на домовите, роднините и семејните гробници, бараме итен и безусловен крај на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија! Го реафирмираме неотуѓивото право на самоидентификација и самоопределување на Македонскиот народ!

И покрај сите историски хипотеки, подаваме рака за историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. За окупацијата и геноцидот простуваме, ама не забораваме, било да не се повтори!

Бараме во Обединетите Нации повторно да се отвори прашањето за насилно прогонетите Македонци од Балканските војни и Граѓанската војна во Грција со Резолуција за враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на Генералното Собрание. Атина мора да ги исполни обврските од Букурешкиот договор за Македонците во Грција, затоа што Македонците во Грција не се странци, а со победата над фашизмот во Втората Светска Војна, Македонците, заедно со Грците се вградија во темелите на државноста на Грција, и бараат тоа што им припаѓа: слободи, права и правда, бараат културна автономија!

Бараме продолжување со работа на Координативното тело за егејското прашање при Министерството за надворешни работи на Македонија и државна помош во враќањето на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.