Среда, 21 Јуни 2017    Печати
Заплашување на седмата сила

Во ова мое писмо се прашувам далиновата т.н. реформска влада ќе и биде дозволено слободно изразување во електронските и печатените медиуми на обичниот граѓанин од една и новинарите од друга страна.

Само ден по прогласувањето на новата влада импресиониран и пред се занесен дека не само во Прилеп него и пошироко никој ништо нема да му може ништо во буквална смисла на зборот нема да му фали ”влакно на главата”, поранешниот продавач и дегустатор на кафе под името “Верба“, поранешен пратеник кој сигурно мисли дека се уште има пратенички мандат, некогашниот лустратор и како голем стрзучен кадар некогашен вработен во Општина Кривогаштани кој благодарение на претходниот Градоначалник на оваа општииа кој потекнуваше од социјалдемократскиот кадар, а сега слободен граѓанин Благоја Гешоски се дрзна крајно кукавички со неговиот автомобил да ми го попречи патот и да ми нагласи“канонада од погрдни зборови“ упатени токму за мене.

Значи личности кои се закануваат преку социјалните мрежи најпрвин, на почитуваната колешка Ирена Радовановиќ преминаа на терен лично тет- а - тет да се пресметуваат со личности од новинарската фела.

Точно е и стојам зад тоа дека пуштив текст на електронскиот портал Македонска нација кој беше објавен од 24- до З0 -мај оваа година под наслов Хари кажи ја вистината и каде беше спомната дотичната личност и каде му беа наброени функциите кои ги обавувал во минатото. Не гледам ништо навредливо од моја страна кон лицето Б.Г.

Лицето Б.Г. и неговите фрустрации нека си ги чува и спроведува во домашна атмосфера, а ако истите ги спроведува на улица истиот ќе одговара пред лицето на правдата.

Ако суетната личност Б.Г.очекува некое раководно место во поддрачните одделенија во Прилеп не му доликува да прави нереди и следствено на тоа да го нарушува јавниот ред и мир.

Со цел да бидам заштитен инцидентот го пријавив во прилепската полиција, а со лицето Б.Г.ќе се видиме во Општинскиот суд во Прилеп.

rubinco
Дипл.ЕКК.Рубинчо В.Јованоски,новинар од Прилеп