Среда, 21 Јуни 2017    Печати
Зборови на хартија, делата во реалноста

Во Градот под Марковите кули со огномет беше најавено доаѓањето на т.н, реформска влада на чело со СДСМ и актуелниот премиер, аболицираната личност Зоран Заев, алијас Бошко Буха.

Во оваа прилика се прашувам зошто толку помпезно и еуфорично се прослави стапувањето на должност на новата владина гарнитура во Република Македонија?

Како прилепчанец сакам да ги потсетам плавите момчиња дека во 25 години плурална Македонија, прилепскиот социјалдемократски кадар извојува само една победа и тоа во 2001 година на локалните избори и на фамозниот 15 септември 2002 година каде за време на изборната кампања за тогашните редовни парламентарни избори, тогашниот Претседател на СДСМ, а сега актуелен пензионер Бранко Црвенковски најавуваше големи реформи на екокомски план и следствено на тоа вработување на барем еден член од секое семејство.

Во тоа време татко на Градот Херој Прилеп беше кабинетскиот Градоначалник, суетната личност, психијатарот Сашко Пирганоски. За време на неговиот мандат немаше ниту една инвестиција во поголемиот број на Урбаните заедници во Градот Херој Прилеп. Нарцисоидната личност Сашко Пирганоски заедно со тогашниот раководител на одделението за патишта Сашко Дамески асфалтираа мал број на улици, а некои беа асфалтирани само еднаш а книговодствено се водеа дека се асфалтирани по два и повеќе пати. Резултат на таквото недомаќинско работење е трансферот на големиот стручен кадар Сашко Дамески каде по промената на власта во Градот под Марковите кули а пак благодарение на социјал демократскиот градоначалник во тоа време во Општина Кривогаштани се вработи во локалната самоуправа на таа општина. Место во Општина Кривогаштани обезбеди и Благоја Гешоски некогашниот продавач и дегустатор на кафе во неговата фирма ггВерба”, некогашен пратеник и некогашен лустратор ЈКП кои беа под капата на Локалната самоуправа - Прилеп беа во вистинска смисла на зборот финансиски колабирани.

Иронијата да биде уште поголема и Локалната самоуправа беше во финансиска була.

Во прашање беше доведено и повлекувањето на финансиските средства од КФБ банката за ЈКП “ВиК“каде истите требаше наменски да бидат реализирани за реконструкција на атмосферската и канализациона мрежа во Градот под Марковите кули. Резултат на тоа е вгнездувањето на тогашниот директор на ЈКП “ВиК“,Марјан Ѓорѓиоски, исто така, како голем стручен кадар во прилепскиот монопол.

Во оваа прилика само да потсетам дека ова водоводно претпријатие беше со напластени долгови и заостанување на личните доходи на вработените.

Во останатите ЈКП и тоа ЈКП Комуналец и ЈКП Пазари и тогашното одделение за патишта беа исто така, во многу лоша финансиска состојба.

Со доаѓањето на власт (2005 година) на новата гарнитура на чело со ВМРО ДПМНЕ и ревносниот градоначалник Марјан Ристески кој го одработува успешно сводот трет едно по друго градоначалнички мандат, Градот Херој Прилеп во вистинска смисла на зборот доживеа инфраструктурна ренесанса.

Напластените финансиски проблеми во Локалната самоуправа и ЈКП кои се под капата на локалната самоуправа за многу краток временски период финансиски застанаа на здрави нозе.

Во Градот Херој Прилеп во целост се асфалтираа сите улици во сите Урбани заедници во градот. Исто така, во секоја Урбана заедница се работи катадневно на парковско и хортикултурно уредување.

Бо Градот се отворија 5 слободни економски зони и една. ТИРЗ во близина на селото Алинци. Со работа започна американската компанија за автомобилски делови Гентерм. Во индустриската зона Прилеп 1 распродадени се сите локации а со несмален интензитет се подготвуваат Индустриските зони Прилеп2 и Прилеп 3.

По долги години на чекање во градот се пушти во употреба Градскиот превоз. Се гради фабрика за рециклиран отпад. Изграден е современ Царински Терминал.

Во употреба е пуштена Градската капела. Изградена е прекрасна Црква Св. Петка во Населбата Точила и 3 параклиси во три Урбани заедници. За верниците со муслиманска вероисловед во населбата Тризла е изградена и следствено на тоа пуштена во употреба џамија.

Изградени и во употреба се 2 катни гаражи. Реконструиран е Градскиот пазар а на местото на некогашниот млечен пазар ќе се изгради нов деловен објект.

Целосно се реконструирани Градската општа болница Борка Талески, Здравствениот дом и итната медицинска помош. Целосна реконструкцида е извешена на сите основни и средни училишта во градот и населените места.

Се изградија спортски сали и тенески терени. Со донација од ФФМ и УЕФА ќе се изврши целосна реконструкција на далеку познатиот Градски стадион Гоце Делчев. Се уреди Могилата на непобедените каде се изгради и фудбалски стадион. Во близина на некогашната зоолошка градина се изгради фудбалски терен со вештачка трева.

Исто така, во тек е изградба на нова пречистителна станица.

Изградени се 4- кружни текови во градот.

Вработените од Локалната самоуправа и канцеларијата на таткото на градот се сместени во прекрасен нов импозантен објект од океански тип. Исто така и бработените од ЈКП ”ВиК“ се сместени во нова прекрасна зграда каде се сместени сите служби на претпријатието.

Со влез на реномираниот Тутунски Бренд “Филип Морис", прилепскиот монопол почна да работи рентабилно.

Ова се само дел од завршените проекти на актуелната владејачка гарнитура на Прилеп на чело со ревносниот Градоначалник Марјан Ристески.

Со превземените и реализирани обврски Прилеп високо котира како град во земјата на Балканот и во поширокото Европско семејство.

rubinco
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп