Среда, 21 Јуни 2017    Печати
Промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин

mak-ise-mer-180На 14-ти јуни 2017 година, во 12.00 часоќе, во „Матица македонска – Салон ексклузив“ во Скопје се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, коe е издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје. За делото зборуваа проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, од Скопје. Македонија и Кире Циревски од Сиднеј Австралија.

mak-ise-mer

На 14-ти јуни 2017 година, во 12.00 часоќе, во „Матица македонска – Салон ексклузив“ во Скопје се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, коe е издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје. За делото зборуваа проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, од Скопје. Македонија и Кире Циревски од Сиднеј Австралија.

Публикацијата  „Македонски иселенички меридијани“ од авторот на бројни дела за иселеништвото, Славе Катин, е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Тоа  е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло. Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.

Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградиле во темелите на историјата на македонското иселеништво и на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.  Сите тие го посветиле својот труд, талент и љубов на дедовската земја и дале значаен прилог и придонес за афирмација на вистината за Македонија.