Среда, 28 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНА Е ОСУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Александар ДОНСКИ

Деновиве на Youtube е поставена осумнаесеттата епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Осумнаесеттата епизода е посветена на сведоштвата од античките историчари Тит Ливиј и Зосим.

ТИТ ЛИВИЈ

(I ВЕК ПРЕД ХРИСТА - I ВЕК ПО ХРИСТА)

Римскиот историчар Тит Ливиј (Titus Livius) е еден од ретките антички историчари на кого совре­ме­ната грчка историографија и пропаганда и прогрчки настроените ав­то­ри, се повикуваат за да ја „докажат“ наводната „грчка етничка припадност“ на античките Македонци. Но, фактите зборуваат за нешто сосема поинаку. Да видиме за што станува збор.

Во еден извадок од своето дело „Историја на Рим“ (книга 31, поглавие 29) Тит Ливиј напишал дека Етолците, Акарнијанците и Македонците биле „луѓе со ист јазик“ (на латински: "esuide linguae homines"). Бидејќи Етолците и Акарнијанците биле „Грци“ (наро­ди кои живееле на терито­ријата на денешна Грција), тоа значи дека и Македонците биле „Грци“. Па, да одговориме на овие забелешки.

Тит Ливиј живеел од 59 година пред Христа до 14 година по Христа. Тој (како Римјанин) оваа рече­ница ја на­пи­шал, пишувајќи за преговорите помеѓу бал­канските на­роди со Рим кои се одржувале во вре­мето на римското навлегување на Балканот (II век пред Христа), Ова значи дека тој пишувал за настан што се случил речиси век и по­ло­вина пред неговото раѓање. За ваквото негово тврдење можни се две објаснувања.

Првото објасување го навестува самиот Ливиј, кој  објаснува дека во негово време Македонците во извесен дел биле хеленизирани (што значи дека не биле Хелени, туку само дека дел од нив прифатиле делови од хеленс­ката култура, исто како што и Гр­ците прифаќале сегменти од македонската култура - што е сосема нормално меѓу два соседни народа).

Меѓутоа, и покрај тоа, Ливиј сосема јасно ги изд­во­јува Македонците од Грците. Во истата (31 книга, 44), пишу­вајќи за омразата на Грците Атињани кон Македонците од времето на Филип Петти и за нив­ната желба, со помош на Рим, да се ослободат од Македон­ците, Ливиј пишува:

"Атињаните и нивните сојузници... во секоја при­лика фрлаа клетви врз Филип, врз неговото семејство и врз неговото царство, врз неговите сили на копно и на море, како и врз целата раса и име на Македон­ци­те." (Подвлекувањето е мое).

Ова сведоштво на Ливиј има далеку поголема тежина од сведоштвото за сличноста на јазикот по­меѓу Маке­донците, Акарнијанците и Етолците, затоа што тој овде посочува на етнички („расни“) разлики помеѓу Македон­ците и Грците, за разлика од јазикот кој може да биде менлива категорија.

Второто објаснување го наведуваме само како хипо­теза за која натаму треба да се истражува со цел истата да се оспори или потврди. Имено, Акарнанија и Етолија граничеле со Епир.

За етничкото потекло на Акарнијанците постојат контроверзни мислења.

Страбо ги сметал за „грчко племе“, меѓутоа  Ес­хин, Теопомп и Павсанија не ги спомнуваат како Хелени во Амфиктионскиот Совет, кој бил заед­ница на тогашните грчки племиња.

Се чини дека најкоректно за етничкото потекло на Акарнијанците пишува Тукидид. Тој  тврди дека Акарнијан­ците (конкретно од градот Аргос) биле мешавина помеѓу Хелени и "барбари" (луѓе кои не зборувале грчки).

Постојат и ставови според кои Акарни­јанците има­­ле тракиско потекло. Така, на пример, за мајката на Темис­токле, авторот Корнелиј Непа, напишал дека би­ла Акарни­јанка, а Плутарх во својата Биографија за Темистокле об­јас­нува дека таа била Тракијка. (G. Sotiroff: "The Language of Constantine the Great"; Ele­men­ta nova pro historia Macedono-Bulgarica; Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986 p. 20).

Доколку се пронајдат и други податоци за срод­носта помеѓу Акарнијанците и Тракијците (какви што бугарскиот историчар Сотиров пишува дека постојат), тогаш еве одго­вор зошто Ливиј тврдел дека Маке­донците и Акарнијан­ците зборувале сличен  јазик -  ниту едните ниту другите не биле Грци.

Ист е случајот и со Етолците. И за нив постојат антички сведоштва според кои и тие биле луѓе кои збору­вале поинаков јазик од Грците за што веќе пишувавме во поглавието за Полибиј.

ЗОСИМ (V И VI ВЕК)

Зосим (Zosimus) бил византиски доцноантички историчар, кој живеел во Константинопол за време на византискиот цар Анастасие (491 -  518). Работел во служба задолжена за императорското злато. Тој е автор на делото „Историја нова("Historia Nova") составено од шест книги. Интересно е тоа што тој бил паган, иако во тоа време христијанството било во полн замав.

И делото на овој автор ќе го анализираме од аспект на темата што ја обработуваме, а тоа се античките сведоштва за разликите меѓу Македонците и Грците. Во Првата книга од „Историја нова“, опишувајќи го ширењето на Римската империја, Зосим пишува:

И сè уште желни за  проширување на својата импе­рија, тие го поминале Јонското Море, ја освоиле Грција и ги уништиле Македонците, чиј крал го одвеле во Рим окован во ланци.“(Zosimus, New History, London: Green and Chaplin;1814, Book 1).

Значи, јасно е дека и Зосим одделно ги третирал Македонците од Грците, кои пред да бидат освоени од Римјаните, биле под македонско ропство.

Тој ги спомнува Македонците и на други места во своето дело, при што припадниците на династијата на Селевкидите (кои по смртта на Александар Велики Маке­донски останале да владеат со поголем дел од Азија) сосема јасно ги детерминира како „Македонци“.

Осумнаесеттата епизода можете да ја погледнете на ликот:

https://www.youtube.com/watch?v=4C1ARCWtUfs&feature=youtu.be

Останатите епизоди можете да ги погледнете на каналот на Јутуб:

https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Повеќе детали околу финансирањето на овој проект можете да најдете на:  https://www.gofundme.com/aleksandardonski

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

tit-livij
Тит Ливиј

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.