Среда, 28 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Грците не знаат кои се и каде припаѓаат

Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција - тоа е и приказна за едно недоразбирање, вели покрај другото писателот Никос Диму за весникот Ди велт

nikos-dimu

Јас самиот си се правам неомилен кај Грците, оти искажувам вистини кои луѓето не сакаат да ги слушнат, вели 80-годишниот писател, автор на бестселери како „За несреќата да бидеш Грк", во разговор за германскиот весник „Ди велт". „

-Грците отсекогаш имале тежок однос со Западот. Земјата е под идеолошки белег на православната црква и комунизмот, кои пак се антизападно насочени. Врз таа основа Грците претпоставуваат дека зад европската солидарност се кријат лоши намери, вели Диму во врска со критиките во неговата презадолжена земја на сметка на европската програма за помош.

Според него Грците со сите средства се обидуваат да побегнат од реалноста. Тоа Диму го образложува со примерот од грчките учебници.

-Според официјалното толкување на историјата, Грците секогаш биле прогонувани, никогаш не започнале војни, и, патем, секогаш имаат право. Од тоа произлегува самосфаќањето дека се супериорен народ кој потекнува директно од Софокле и Аристотел, вели Диму.

За Диму, односот на Грците со Европа е „улав" - за неа зборуваат како нивната земја да е на друг континент, а ако им се каже дека Грција нема што да бара таму, се лутат и истакнуваат дека секако припаѓаат кон Европа, на која и' го дале името и ја измислиле демократијата.

-Грција не доживеа ни ренесанса, реформација, индустриска револуција, ниту просветителство. Грците илјада години живееја во феудална Византија, потоа следеа 400 години османлиска власт... Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи. Европа и Грција - тоа е и приказна за едно недоразбирање, вели покрај другото писателот Никос Диму за весникот „Ди велт".

 

На прво место

News image

Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана oгранок Голо Брдо најостро...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.