Среда, 02 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да се оживее свиларството кое како занает им го оставил на Македонците  Јустинијан I.

 Производството на свила започнува многу порано пред 3.000 година пред нашата ера во Кина. Поради голема вредност на свилената ткаенина,  Кинезите под закана за смртна казна ја чувале тајната на производството на свилата. Постепено свилата од Кина преку Тајланд и Индија се проширила во Југоисточна и Јужна Азија, а во Европа тајната за производство на свилата била донесена од страна на агентите монаси на византискиот император Јустинијан I, од македонската династија.

Од VI век во Македонија се развива свиларство и долго време преставува значајна извозна гранка.  Во шеесетите години на минатиот век, тоа е прекинато, а денес постојат поединечни обиди за обнова на свиларството во Македонија.

Во текот на владеењето на Јустинијан I, роден во Тауресиум, во близина на Скопје, кој се наоѓа на византискиот престол од 627 до 525 година, во Византија се зголемува трговијата и занаетчиството. Цариград станал центар за размена на стоките меѓу двата континента Европа и Азија. Меѓутоа, главната трговија на  Византија не се води со осиромашениот Запад, туку со земјите од Истокот, со Индија и Кина. Иако Византија на Исток извезувала поголеми количини на скапоцени ткаенини и кујнски производи, сепак таа неможела да ги задоволи побарувањата за источната луксузна роба, пред се за свилата.

Набавката на кинеската свила за Византија најмногу зависела од Персија, зошто сувоземниот пат на свилата минувал низ нејзина територија, а пак морскиот пат низ Индискиот Океан го контролирале персиските трговци. Во мирно време тоа значело зголемување на трошоците  и одлив на златото од Византија, а во воено време доаѓало до целосен прекин на увозот. 

Ваквата состојба ќе го натера Јустинијан да воспостави врска со Кина по заобиколен пат. Преку своите упоришта во Херсон и Боспор на Крим и Лазика на Кавказ, Византијците одржуваат трговски врски со номадските народи северно од Понт. Преку нив се вршела размена на ткаенини, вино и скапоцени камења, за кожа, крзно и облека. Оттука се и обидите на тогашна Византија да го задржи своето влијание на Крим и Кавказ. Прашањето на трговијата со свила довело за првпат Византијците да се сретнат и со Турците, кои тогаш се прошириле до Северен Кавказ. И тие, како и Византијците се судриле со Персијанците поради трговијата со свила.

Покрај обезбедување на сувоземниот коридор, Византија се обидувала да обезбеди пат за Индискиот океан преку Црвеното Море. Иако стапиле во врска со Етиопското царство, ниту византијските, ниту етиопските трговци не успеале да ја оспорат превласта на Персијците на Индискиот океан. Од друга страна, сувоземниот пат од брегот на Црното Море за Средна Азија бил тежок и опасен. Оттука,  Византија била пресреќна кога на два нејзини агента монаси им успеало да ја откријат тајната за производство на свилата и да ги прокриумчарат кожурците на свилената буба во Цариград. Набрзо потоа свиларство доживува голем развој, особено во Цариград, Антиохија, Тир и Бејрут. Тоа станува една од најважните гранки на византиската индустрија, и како државен монопол, важен извор на приходи на византиското царство.       

Се смета дека свилата во Европа била позната уште за времето на Хомер кој го дава нејзин опис во „Одисеја“.  Со неа се сретнале и Македонците, Александровите војници, а потоа Грците и Римјаните тргувале со неа.

Сепак тајната на производството на свилата останала скриена се до 553 година н.е., кога била пренесена во Европа. Според легендата, како што веќе спомнавме, двајца монаси кои работеле за Јустинијан I успеале да прокриумчарат од Кина во Цариград кожурци од свилената буба скриени во празнината на бамбусов стап. Потоа свилата се изработувала на разбоите во Цариградската палата и била користена за шиење на царската облека или пак во дипломатијата како поклон на странските благородници. Другото било продавано по многу високи  цени.

Во Македонија свилата доаѓа уште во текот на шесттиот век. Појасите на листопадното дрво црница, чиј лист се користи за исхрана на лаврите на свилената буба, овозможуваат производство на свила во Македонија.  Свиларство во Македонија се задржува и за време на Отоманската империја. Но, по угушувањето на Карпошовото востание во 1689 година, Македонците кои бегаат пред бесот на османлиите, преку Дунав го пренесуваат свиларскиот занает во Војводина.

Најголем развој на свиларството во Македонија доживува во триесетите години на дваесетиот век. Во овој период, кожурците од Македонија се извозувале поради можноста за слободна трговија со свилата. Пред Втората светска војна, во рамките на Кралството Југославија, во  Србија и Македонија се произведувале повеќе од три милиони свилени чаури годишно.

Но, во шеесетите години на минатиот век, како и козарството, така и производството на свила било прекинато. Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да се оживее свиларството кое како занает им го оставил на Македонците  Јустинијан I.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.