Среда, 30 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Жаклина Михајлова - добитник на високата Награда „Стојан Христов“

zaklina-mihajlovskaН​а светската поетска манифестација „​Струшки вечери на поезијата“, свечено беше доделена Наградата „Стојан Христов“, за најдобра поетска книга на автор кој живее надвор од Македонија и кој твори на македонски јазик. Годинашен добитник на оваа престижна Награда е авторката Жаклина Михајлова, од Сиднеј, Австралија, за стихозбирката „Руен“.

По доделувањето на Наградата, Госпоѓата Михајлова се огласи и ја изрази својата благодарност:

...Задоволство е да се добие оваа Награда. Ви благодарам на сите за вниманието што и го посветивте на мојата збирка песни „Руен“ и Ви благодарам за Наградата. Благодарам на Агенцијата на Иселеници што со оваа Награда овозможува постојано да гори пламенот на животот, во поетските македонски души низ светот. Најискрено им благодарам на Организаторите на Струшките вечери на поезијата, како и на членовите на жири комисијата , која одлучи да ми се додели Наградата „Стојан Христов“, токму за стихозбирката „Руен“, стихозбирка која е целосно посветена на македонскиот јазик, на неговата древност, убавина и совршеност.

Во утробата на нашата Македонија се крие тајната ни за јазикот, т.е. за нашето постоење. Пронајдените артефакти во Македонија сведочат дека нашите предци и читале и пишувале и си го ценеле јазикот од дамнина.
Неопходноста од негување и величење на нашиот јазик ни е завет кодиран во гените! Да научиме да се сакаме себе си!

Едгар Алан По рекол дека : „Поезијата е ритмичка креација на убавината низ зборови“, а јас би додала дека зборовите на поетот извираат од душата, течат со љубов, се вгнездуваат во јазикот и испилуваат вечност. Оваа Награда и мојата стихозбирка „Руен“, веќе зачекорија кон вечноста.

zaklina-mihajlovska-2

Уште еднаш од срце ви благодарам за Наградата „Стојан Христов“ и за задоволството да ми биде доделена токму на светската поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, во мојата Македонија, истакна поетесата Михајлова. 

Годинава, „Струшките вечери на поезијата“ се одржуваат по 55 пат и траат од 23 до 28 август.

Македонска нација

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.