Четврток, 31 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

21244701 1598936790180854 362423790 nМАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ И СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

КОЅИАС ПРЕЧЕКАН СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

31 август 2017 година, Скопје, Македонија

Денес во официјална посета на Македонија престојуваше министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас. Негов домаќин беше министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров. За време на посетата, министерот Никос Коѕиас се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот за евро-интеграции Бујар Османи, а во Собранието се сретна со претседателот Талат Џафери и претставници на парламентарните политички партии. Министерот Никос Коѕиас беше примен и од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов.

На првата средба со министерот Димитров, во 10.30 часот, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пред зградата на Министерството за надворешни работи беше пречекан со протест во организација на Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес. На протестот присуствуваа и претставници на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија.

Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес завчера испратија отворено обраќање до Владата и парламентарната опозиција за семакедонската црвена линија за името: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА!

Пред присутните, обраќањето до Владата и парламентарната опозиција, го прочита претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, кој рече: “Се собравме поради посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Македонија, независно од Владата на Заев, да кажеме дека за Македонците во целиот свет, семакедонската црвена линија е името на државата: Бевме, сме и ќе бидеме Македонија и Македонци! Името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата значи трајна промена на името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Сакаме да ги потсетиме Владата и опозицијата дека името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и државјаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите! Македонија не е само географија! За нас Македонците, Македонија е етнологија! Името на државата е името на Македонскиот народ и обратно, името на Македонскиот народ е име на државата Македонија! Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина! Предлагаме македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција. Простуваме, но не забораваме. Бараме извинување и репарации. Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Првата и Втората Балканска војна 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949. Бараме Владата во Атина да стави крај на расистичката забрана на Македонци за влез во Грција! И покрај се’ и после се’, ние Македонците велиме, Македонија не е ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! Македонците отфрлаат членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!“ - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Учесниците на протестот носеа транспаренти на коишто на англиски јазик пишуваше “Стоп на грчкиот геноцид!“, “Стоп на грчкиот наци-фашизам!“, “Стоп на грчкиот расизам!“, “Да, за ЕУ, но само како Македонија и Македонци!“, “Стоп на разговорите за името!“, “Македонија 1913-2013, 100 години окупација - 100 години геноцид!“, “Не за ПЈРМ, да за Македонија!“, “Ова е Македонија!“

Иако мирниот протест организаторите претходно писмено го најавија до Полициската станица Центар, со образложение дека на него ќе присуствуваат 50-100 учесници, со организарана редарска служба, без блокада на сообраќајницата и дека ќе протестираат спроти зградата на Министерството за надворешни работи, организаторите изразија остар протест поради самовластието на началникот на полициската станица Центар, кој како командир на полициската единица за јавен ред и мир, забрани движење на учесниците на мирниот протест 200 метра од зградата на Министерството за внатрешни работи поредувајќи кордон во два реда пред нив. На прашање на организаторите до началникот на полициската станица Центар, Зошто е забраната на движењето, одговорот беше поради безбедносни причини и затоа што тој така сакал! Иако, вооружени на протестот беа само полицајците!

И покрај арогантното однесување на началникот на полициската станица Центар, организаторите изразија задоволство од протестот.

- Не очекувавме масовност, неизвесни ни беа денот и местото на доаѓањето на Никос Коѕиас. Најважни беа пораките од протестот! Не’ радува дека нив ги пренесоа речиси сите медиуми во Македонија наспроти посетата на Никос Коѕиас, а ги евидентираа и медиумите од Грција. Нашата изјава до медиумите ја дистрибуиравме на македонски, англиски и грчки јазик. Им благодариме на сите кои дојдоа заедно да ја споделиме загриженоста од однесувањето на Владата на Заев, спротивно на слободно изразената волја на Македонскиот народ и македонските државјани. Придонесуваме во поткревањето на свеста на народот, во отпорот против промена на името на државата Македонија и промена на идентитетот на нацијата Македонска, - изјавија Ефтим Клетников и Тодор Петров, во име на организаторите на протестот.

21245478 1598936796847520 1184106647 n

21269643 1598937030180830 1842666473 n

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.