Среда, 06 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
На 8 септември македонскиот народ го слави Денот на независноста на Македонија

8-septemvri-den-na-nezavisnosta-na-makedonskata-drzhava

Вечерта на 8 септември 1991 година, пред граѓаните кои спонтано се собраа на плоштадот Македонија за да го прослават успешно спроведениот референдум, тогашниот претседател Киро Глигоров пред насобраниот народ ќе се обрати со зборовите: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“

Отогаш до денес изминаа 26 години независна, суверена и самостојна Македонија. Во изминатиот период, патот кој го изоде македонскиот народ беше тежок и трновит, полн со негирања, блокади и уцени. Веднаш по осамостојувањето македонскиот народ се соочи со негирање на името, идентитетот, јазикот и црквата, кои до ден денес преставуваат пречки на патотот на Македонија кон евроатланските интеграции.

Меѓутоа, и покрај внатрешните и надворешните опструкции да се етаблира како држава, како и поогрешните чекори на младата македонска дипломатија, Македонија релативно успешно го водеше својот брод низ рабрануваното политичко море. Со својата принципиелна политика на градење добрососедски односи, пријателство и соработка, таа се етаблира како фактор на стабилноста и мирот во регионот и пошироко.За жал, и покрај ваквата политика, поради спорот за името со Грција, Македонија сеуште не членка на ЕУ и НАТО,.

Се започна на 8 септември 1991 година кога македонскиот народ на Референдум се изјасни за самостојна, суверена и независна македонска држава. На тој ден, 95% од граѓаните што излегоа на референдум, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Согледувајќи го крвавиот распад на СФР Југославија, а во кој македонскиот народ не сакаше да учествува, преставниците на првиот повеќепартиски македонски парламент усвоиа Декларација за независност на 25 јануари 1991 година, по што следуваше и одлуката за распишување на референдум.

На Референдумот одржан на 8 септември 1991 година, од 1.495.626 граѓанисо право на глас излегле 1.332.981 или 71,85 % граѓани. Од вкушниот број на граѓани кои гласале 1.079.308  граѓани или 95,09 % позитивно се изјасниле, што говори за успешноста на Референдумот. Мора да се напомене дека тој бил спроведен без нарушување на процесот на изјаснување и немало приговори и жалби на неправилности или повреди на Законот за Референдум.

На Комисијата и остана само да ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија. Потоа, волјата на народот за самостојна држава формално беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија, по што следеше и усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Меѓутоа, проблемите започнаа кога поголемиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а нивните пратеници во Собранието не го поддржаа новиот Устав. На 31 март 1992 година  етнички Албанци демонстрираа во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството, а на почетокот на ноември 1992 година се случија судири со етничките Албанци на Бит пазар. Десет години подоцна, по конфликтот во 2001 година, беше потпишан Рамковен договор и Уставот дополнет.

Со Рамковниот договор започна видоизменувањето на македонската држава, што потоа продолжи со Законот за територијална поделба во 2004 година. Денес пак се бара воведување на двојазичност на целата територија, што е пат кон федерализација и поделба на земјата.

Освен внатрешните проблеми, на патот на вољата на македонскиот народ се испречи Грција. Иако по распадот на Југославија само Македонија и Словенија добија позитивни оценки од специјално формираната Бадинтерова комисија дека ги задоволуваат условите за стекнување независност, Европската заедница под притисок на Грција, во средината на јануари, 1992 година, ги призна само Словенија и Хрватска.

Согледувајќи дека Македонија се соочува се огромен притисок од меѓународната заедница, каде Грција има големо влијание, истата година регираа пријателските земји. Првата држава која ја призна Македонија беше Република Бугарија (15. I 1992), a потоа следуваа признавања од Турција (6. II 1992), Словенија и Хрватска (12. II 1992), Босна и Херцеговина (26. II 1992 ), Филипини (8. V 1992), Русија (5.V 1992) и Белорусија (7. IX 1992).

Признавањето на Македонија од страна на повеќе земји овозможи Македонија да побара прием во ОН во јануари 1993 година. Веќе на 8 април 1993 година беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка. Сепак, поради притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија.

Во изминатите 26 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - интеграција во евроатлантските структури. Меѓутоа, дури и тогаш кога ќе се доближеше до целта, како прием во НАТО (Букурешт 2008), Грција постојано ја блокираше Македонија.

И покрај сите проблеми (економски кризи, безбедносни закани и др.), во периодот од 2006 до 2016 година, Македонија доживеа вистински препород. Се зголемија странските инвестиции, се намали навработеноста на рекордно ниво, земјата се повеќе се доближуваше до ЕУ и НАТО, што предизвика загриженост на одредени центри на моќ. Со нивна интервенција беше воспоставена нова влада. Иако не поминаа ни сто дена од нејзиното владеење, не може а да не се спомене дека постапките кои ги презема се на штета на македонскиот народ. Нема нови инвестиции, нема вработувања, нема покачување на плати, нема покачување на пензии, туку има прекинување на проекти, договори за ревизија на историјата, активности за воведување на двојазичност на целата територија на земјата, што пак води кон дезинтеграција на земјата, губење на името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

Денот на независноста – 8 септември, оваа година ќе се слави под мотото „Слободна Македонија, слободно живее“. Но, колку таа е слободна и колку слободно се живее е големо прашање ако некој од надвор ти диктира како ќе се раководи со земјата. Колку е оваа земја суверена и независна ако не ја почитуваш вољата на мнозинскиот македонски народ, ако државниот македонски јазик и знаме се ставаат под тепих, а друго се истакнува. Честопати се случува човек да се запраша во која земја се наоѓа.

Меѓутоа, македонците се трпелив и мирољубив народ. Тој се надева дека ќе дојде време кога сите ќе ја сватат поентата одговорот во судот на Евреинот Рафаел Хаим Барух, член на групата на Георги Дукимов која по Втората светска војна во кумистичка Бугарија се борела за обединување на Македонија. На прашањето на судијата зошто се замешал кога е Евреин, тој им одговорил: „Пред се јас сум Македонец. Во Македонија сум роден и за неа ќе се борам“.

Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста, и за многу години Македонија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.