Среда, 06 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 28, 29 И 30 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 28, 29 и 30 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Овие епизоди се посветени на сведоштва од: македонскиот крал Филип Петти, антиохискиот историчар Јован Малала, еврејскиот антички Јосиф Флавиј (1 век) и светиот апостол Павле (1 век).

Филип Петти се качил на тронот на античко-македонс­ката држава во 221 година пред Христа, на возраст од само 17 години. Уште во првата година на владеењето ги пора­зил Дарданците и другите племиња кои ја нападнале Маке­донија од север. Подоцна, преку некои свои активности (напад врз Илирија, договор со големиот римски непријател Ханибал и сл.), ги иритирал Римјаните (кои во тоа време би­­­ле растечка воена сила) да се свртат против Македонија. Притоа и Римјаните нашле свои сојузници на и околу Балканот во активностите против Филип Петти. Така се слу­чи­ле две македонско-римски војни во кои Филип Петти бил поразен и бил принуден на низа отстапки кон Римјаните (за што веќе пишувавме). Филип Петти починал во 179 година пред Хрис­та и бил заменет со својот најстар син Персеј, кој ја водел и загубил Третата македонско-римска војна и кој бил послед­ниот античко-македонски легитимен монарх. На де­та­ли од животот и дејноста на Филип Петти (за кои пишувале повеќе антички автори) овде нема да се задр­жуваме, туку само ќе потсетиме на некои сегменти од ас­пект на темата што ја обработуваме.

Во поглавието за Полибиј пренесовме изјава дадена од самиот Филип Петти. По воениот пораз што го доживеал од Римјаните, за време на преговорите што следувале, видовме дека од Филип Петти било побарано  Македон­ците да ја напуштат „Грција“ (грчките територии што ги држеле под окупација). Видовме и дека на ваквите барања Филип Петти, меѓу другото, одговорил:

А која е таа Грција од која ми наредувате да се повлечам? И како вие ја дефинирате Грција? Мно­зинст­во­то Етолци не се Грци. Не се! И земјите на  Агра, Апо­дота и Амфилојија не се грчки. Дали тоа значи дека имам дозвола да останам во тие земји?“ (Polybius, “Histo­ries”, XVIII, I, 4).

Практично самиот македонски крал  сведочел дека добар дел од тогашните „грчки територии“ воопшто не биле грчки!

Јован Малала (Johannes Malalas) се родил околу 491 година во Антиохија. Тој е автор на делото „Хро­ногра­фија“, кое било составено од 18 книги, од кои се зачувани фрагменти. Починал во 578 година.

Во Осмата книга Јован Малала дава опис на исто­ри­јата на светот почнувајќи од настанокот, па се до неговото време (VI век). Притоа значаен дел пос­ветува и на Македонија и Македонците (пред сѐ на Александар Велики Македонски).  Малала пишува и дека Алек­­­сандар бил потомок на тројанскиот јунак Ахил и го опи­шува како „Ахил Македонецот“ („Хроногра­фија“, Кни­га 8).

Малала ги опишува и наследниците на Алексан­дар, кои останале да владеат со териториите од распаднатата македонска империја. Во врска со Птолемеите пишува:

Птолемеј владеел со Египјаните во име на Маке­донците 42 години... Тринаесетти и последен крал на Птолемејската династија била Клеопат­ра... Таа била кралица 22 години. Тринаесетте македонски кралеви од Пто-лемејската династија - од Птолемеј синот на Лаг, се до Клеопатра владееле со целата египетска земја вкупно 300 години“. („Хроногра­фија, Кни­га 8).

  Јосиф Флавиј е најпознатиот антички еврејски историчар. Се родил во Ерусалим некаде околу 36 година, што значи само неколку години по распну­вањето на Исус Христос. Крајот на животот го поминал во Рим, пишу­вајќи за историјата на Ев­реи­те. Негови дела се "Исто­ријата на Евреите" ("Jewish An­tiquites"), кое го на­пишал во 20 тома; потоа "Вој­на­та на Евреите" ("Jewish War"), кое го напи­шал во се­дум тома и "Флавиј Јосиф против Апион" ("Flavius Jo­sephus Against Apion"), дело во кое им се спро­тив­ста­вил на тогашните хеленистички истори­ча­ри, кои со пот­ценување пишу­вале за Евреите. Напи­шал и своја автобиографија. Флавиј (иако бил јудеец и фарисеј), ка­ко историчар, оста­вил извонредно значајни исто­рис­­ки пода­тоци и за дејству­вањето на Исус Христос, а оставил сведоштва и за дејству­вањето на свети Јо­ван Крстител. Јосиф Флавиј оставил и многу вред­ни податоци за животот на Маке­донците во Светата зем­ја, не само од времето кога тие целосно владееле со Па­лестина (со нејзиното освојување од страна на Алек­­сандар Велики Македонски), туку и многу подоц­на.

Откако го опишува освојувањето на Светата земја од страна на Александар Велики Македонски (за кого пишува во позитивна конотација), Флавиј продолжува со описот на настаните што се случиле по смртта на Александар. Познато е дека со Светата земја останала да владее македонската династија на Селевкидите, која ја основал генералот на Алексан­дар по име Селевк. Во средината на II век пред Христа, поради лошото владеење на Антиох Четврти од оваа македонска династија, Евреите кренале вос­та­ние, кое на крајот завршило со успех и со основање нивна независна држава. Овде треба да спомнеме еден многу значаен податок. Имено, кога Јосиф Фла­виј пишува за воста­нието на Евреите против династи­јата на Селевкидите, сосема јасно пишува дека Ев­реите всушност се бореле за своја слобода против ропството што им било наметнато од – Македонците! Кога пишува за смртта на еврејскиот водач Јуда Ма­ка­­веј, Флавиј вели:

„Јуда... остави зад себе голем углед  и спо­мен, бо­реј­ќи се за слободата на својот народ и изба­вувајќи го од ропст­вото под Македонците.“ (Jewish Antiquities XII, 11,2).

Во врска со успесите на водачот на востани­ците Јуда Макавеј против Македонците Селевкиди, Јосиф Флавиј пишува:

„Еврејскиот народ ја обнови својата слобода откако претходно беше под ропство на Маке­донците... Но, не беа малку оние (Евреи, з.м.), кои поради основните потреби и поради тоа што не можеа да се носат со мизерувањето и со гладот што им надвиснаа над глава, избегаа од својата земја и појдоа кај Македонците. (Jewish Antiquities XIII, 1,1). 

Овде терминот Македонци повторно се одне­сува на Селев­кидите, кои и покрај губењето на тери­то­ријата на Јудеја, и натаму останале да владеат со голем дел од Палестина и пошироко.

Дека Евреите се наоѓале под "власта на Македон­ците" (мислејќи на Селевкидите), Флавиј пишува и на други места.

Сето ова се извонредно значајни податоци по­себно затоа што во многу светски енциклопедии и дру­ги дела  не сосема точно пишува дека Селев­киди­те во сво­јата држава наводно ја ширеле "грчката култура и јазик"; дека граделе "грчки градови" и слично. И навистина во кул­турата што тие таму ја ширеле имало елементи од разни култури, па и од грчката, но тоа не значи дека тие биле "Грци". Впро­чем, од сведоштвата на Флавиј гледаме дека самите Евреи биле сосема свесни дека се наоѓаат под македонско (а не под грчко) ропство.

Флавиј ги наре­кува Се­лев­кидите како Маке­донци и во својата книга „Војната на Евреите“. И овде тој пишува за борбата на Симон Макавеј против Селевкидите, па вели:

„Симон... ги ослободи Евреите од власта на Маке­донците по сто и седумдесет години од империјата на Селевкидите. (War of the Jews, I, 2,2).

Основањето на независната еврејска држава од страна на Симон Мака­веј, Флавиј го опишува со зборовите:

„Симон беше избран од мнозинството за висок свештеник и уште првата година од него­вото владе­е­ње тој го ослободи народот од ропст­вото под Маке­донците“. (Jewish Antiquities XIII, 6,7).

Во својата книга „Флавиј Јосиф против Апион Флавиј ги спомнува Македонците како жители на египетс­киот град Александрија. Во вто­риот дел (6), тој пишува дека: "Грците и Македонците го поседуваа градот", а во продол­жение тој ги обвинува Египјаните дека поради расната омраза кон Евреите  ги придобиле Македонците и Грците да се свртат против Евреите кои живееле во Александрија.  Значи гледа­ме дека тој овде одделно ги спомнува Маке­донците и Грците.

За Македонците како доминантни жители на Александрија во тоа време Јосиф Флавиј пишува и на други места во своите дела. Така, на пример, кога пишува за населувањето на Евреите во Алек­сандрија од страна на македонскиот владетел Птолемеј Први, Фла­виј пишува дека овој владетел на Евреите "...во Александрија им дал исти привилегии на граѓани, какви што имале и самите Македонци" (Jewish Antiquities, XI, 12, 1).

Добро е познато спомнувањето на Македонците и Маке­до­нија во Библијата и за ова досега се напи­шани голем број трудови.            Во светската наука  добро е познато дека хрис­тија­­низацијата на Европа започ­нала преку Маке­до­нија, конк­ретно преку првите христијански заед­ници што овде ги основал свети Павле. Првите христијани, кои го примиле христијанството на тлото на Европа, би­ле Македонци. Христи­јанизацијата на овие Маке­донци дошла како резултат на второто мисионерско патување на свети Павле (инаку, прво христијанско мисио­нер­ско патување во Европа).

Да се потсетиме  накратко на овој извонредно значаен настан. Откако почнал со ширењето на хрис­тијанс­т­вото низ Мала Азија свети Павле стигнал во Троада. Таму имал видение во кое му се поја­вил некој Македонец, кој го замолил да појде во Маке­донија за да им помогне на Македонците. Во „Делата апостолски (16:9) во врска со ова читаме:

„Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Ма­кедонец, кој го молеше и му велеше: 'Премини во Македо­нија и помогни ни!'“

Се смета дека ова патување се случило во годините 50 - 52 („Библија“, Загреб, 1983, стр 1248).

Да направиме краток осврт на престојот на свети Павле во македон­скиот град Филипи, каде практично била формирана првата христијанска зеаедница на тлото на Европа. Се смета дека свети Павле бил во Филипи ле­тото во 50 година по Христа.(The Apostle Paul's Visit to Philippi, History of Phillipi, Dr.Clint Arnold and his class at Talbot Theo­lo­gical Seminary,The Biblelands Pro­­­­­­ject. Copyright 1999 by Mus­tardseedMedia,Inc Website:http://www.mustardseed. net).

Со сигурност можеме да кажеме дека огром­ното мнозинство на тогашните граѓани на Филипи, со кои се среќавал свети Павле, биле токму етничките антички Ма­кедонци. Kако потпрепа на  ваквиот заклу­чок, ќе посочиме на неколку моменти.

Добро е познато дека свети Павле со своите придружници во сите градови што ги посетувале, најпрво оделе во еврејските синагоги за да им пропо­ведаат прво на Евреите за Исуса. Впрочем, ова сосема јасно може да се види во описите на посетите на разни градови од страна на свети Павле и него­вите придружници, кои ги среќаваме во „Дела апос­толски“. Но, што се случило кога дошле во Филипи? Во описот на нивната посета на овој град не се спомнува ни­как­ва еврејска синагога. Ова само може да значи дека еврејска синагога во Филипи тогаш - немало! Во горецитираниот труд (The Apostle Paul's Visit to Philippi, History of Phillipi,...) е дадено едно интересно и убедливо толкување за овој настан. Ов­де читаме:

Павле имал обичај да оди во синагогите на градо­вите, но овде (во Филипи) таква не се среќава. За да можеле Евреите да се собираат во синагога, морало да има најмалку десет мажи Евреи. Но, отсуството на синагога ни зборува дека таму имало мала еврејска популација.

Од овој податок може да се извлече заклучок за етничкиот состав на Филипи. Значи, во овој град Евреи речиси немало (штом немало ни десет мажи Евреи за да се собираат во синагога), туку нај­многу има­ло Македонци, кои од порано живееле во овој град.

За доминантниот македонски етнички карактер на Филипи ќе спом­не­ме уште еден податок. Во „Дела апос­толски“ читаме дека откако не нашле еврејска синагога, свети Павле и придружиниците, излегле крај блис­ката ре­ка, каде народот тогаш се молел. Во врска со ова во „Дела апостолски(16:13) читаме:

А во саботата излеговме надвор од градс­ката врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собра­ните жени.

Се поставува прашањето: зошто граѓаните на Филипи излегувале да се молат токму крај блиската река? Одговорот на ова прашање ни нуди уште еден доказ за доминантната македонска попу­лација на Филипи. Имено, добро е познато дека античките Ма­ке­­­­донци гаеле посебен култ кон водата, т.е. кон реките и овој култ се среќава уште во постарата маке­донска историја. Така, на пример, во сторијата за настанокот на македонската држава (рас­кажана од Херодот), реката одиграла пресудна улога во спасу­вањето на легендарниот македонски крал Пер­дика, кој заедно со своите двајца браќа биле прогону­ва­ни од своите непријатели. Познато е и дека антич­ките Маке­донци им принесувале жртви на ре­ките и истите длабоко ги почитувале. Инте­ресно е и тоа што водата, како нат­природна сила, останала и во фолклорот на Македонците од IXX и XX век. Позна­тиот македонски фолкло­рист д-р Томе Саздов како најчесто ко­ристен материјален елемент со натпри­род­на моќ во маке­донските сказни ја споменува токму водата („Преглед на ма­кедон­ската народ­на проза; Култура“, Скопје, 1981 стр.71). Инаку, нес­пор­но е дека во­да­та како натприродна сила ја има и во фолклорот на други наро­ди.

Значи, молењето на граѓаните на Филипи крај реката прет­ста­вувало стар античко-македонски оби­чај, што доволно зборува за доминантниот маке­донс­ки етнич­ки карактер на овој град.

Како поткрепа на сето ова ќе спомнеме и дека во апокриф­ниот ранохристијански ракопис, под нас­лов „Дела­та на Павле“ спомната е некоја жена, жителка на  Филипи, која се викала Страто­ника („Acts of Paul“, from „The Apocryphal New Testament“ M.R. James-Translation and Notes Oxford: Clarendon Press, 1924). И ова име е често во постариот античко-маке­дон­ски ономастикон.

Секако дека во Филипи, освен доминантните Маке­донци, имало и припадници на други народи, но за нив може­ме да кажеме дека главно биле прив­ре­мено населени трговци со потекло од разни земји, кои таму ги прода­ва­ле своите стоки.

Веќе го наведеме цитатот во поглавието за ано­ни­мниот христијански автор од IV век, кој толкувајќи ги дела­та на свети Павле, во поглавието насловено како „За Филипјаните“, пишува:

Филипјаните се Македонци. Тие го прифатија Словото на вистината, го зачуваа со верба и не примија лажни апостоли.“

Да ги пренесеме и останатите цитати од Библи­јата, т.е. од Свети Павле, во кои се спомнати Маке­донците.

Во врска со неговото мисионерско патување кон Рим, Свети Павле пишува:

Влеговме во еден адрамиски брод, кој ќе пло­веше во азиски приморски места и  испловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун“. („Дела Апостолски“, 27, 2).

Во врска со престојот на свети Павле во Ефес, чита­ме дека тамошните Грци се побуниле против не­го­вите проповеди не сакајќи да се откажат од своите пагански верувања:

И целиот град се побуни и еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Македонците Гај и Арис­тарх, Павловите сопатници.“ („Дела Апостолс­ки, 19, 29).

Практично, овде свети Павле и неговите прид­руж­ници Македонци биле малтретиани од Грците во Ефес заради ширењето на христијанст­вото.

Свети Павле ги спомнува Македонците и во „Второто послание до Коринтјаните“, каде пишува за собирањето материјална помош за првите христи­јанс­ки заедници:

„А во однос на собирање помош за светите, излиш­но е да ви пишувам зашто ми е позната ва­шата усрд­ност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е пригот­вена и дека вашата ревност поттикнувала мнози­на. Сепак ги испраќам браќата  за да не се покаже, во овој однос, празни наше­то фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат непри­готвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.“ („Второ Послание до Коринтјаните“, 9, 1-4).

Епизодите можете да ги погледнете на следните линкови:

28 епизода: https://youtu.be/WpVE3V0XXC8
29 епизода: https://youtu.be/ptxrYRvNr_U
30 епизода: https://youtu.be/A6jFMZwjh5c

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

josif-flavij
Јосиф Флавиј

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.