Среда, 13 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
ОБЈАВЕНИ СЕ Е 31 И 32 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 31 и 32 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ (“THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK”), чиј комплетен автор е Александар Донски. Серијата е во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Сиднеј, извршен продуцент на серијата е Џим Стефан, ко-продуцент е Горан Котев, а асоцијативен продуцент е Андрија Петревски, сите од Сиднеј. Текстот го читаат Бубе Донска  и Стефо Нанцу. Во серијата ќе бидат претставени сведоштва од над педесет антички автори според кои античките Македонци не биле никакви „Грци“ како што тврди денешната грчка пропаганда. Авторот на серијата Александар Донски очекува оваа серија да ги разниша темелите на грчката историографија и пропаганда кога е во прашање античка Македонија.

Овие епизоди се посветени на сведоштвата од Теопомп, Хесихиј и Павсанија (1 дел).

Теопомп (Theopompus) се родил околу 378 годи­на пред Христа на островот Хиос. Во тоа време Персија и Спар­та се бореле за превласт над овој ост­ров, па откако Персија надвладеала, семејството на Теопомп побегнало во Атина. Откако на власт во Македонија дошол Филип Вто­ри, Теопомп бил еден од оние ретки Грци кои се зала­гале за пријателство со Македонците. Впрочем, ова е и разбирливо ако се знае дека Филип планирал војна против Персија, што значело можност за ослободување на род­ниот Хиос на Теопомп. Заради тоа овој историчар свое­времено напишал песна посветена на Филип, како и некол­ку „Совети“ за Александар, кои (заедно со други негови дела) не се зачувани. Негови најзначајни дела се „Хе­ле­ника“ (познато и како „Историја на Грците“) и „Фи­ли­пика“ (познато и како „Историја на кралот Филип“). Од делото „Хеленика“ зачувани се само 19 фраг­менти. Дело­то „Филипика“ се состоело од 58 книги, од кои се зачувани над 370 фрагменти.

На светски познатата веб-страница „Ливиј - на­писи за античката историја“ ("Livius - Articles on Ancient History" достапна наhttp://www.livius.org/) поз­на­тиот историчар Џона Лендеринг (Jona Lendering) во врска со содржината на делото „Филипика од Теопомп, пишува:

Како што индицира насловот, Теопомп го пос­тавува кралот Филип Македонски (360 - 338 пред Хрис­та) во центарот на својата сторија, но тој исто така третира и настани од други делови од све­тот. Тоа е универзална историја на времето во кое живеел овој историчар, која вклучува геог­рафски, културни, рели­гиоз­ни и етнографски ин­формации... Тој верувал во монар­хијата и во Филип гледал идеален крал, иако ја кри­ти­кувал неговата склоност кон алкохолот... Филипи­ката била завр­шена во 324. Во тоа време Теопомп се наоѓал на својот роден Хиос, каде му било овозможено да се врати во 333, откако Александар Велики наредил враќа­ње на бегалците од Хиос. По смртта на Алек­сандар, про-македонски настроените Грци биле осом­ничени, па Теопомп повторно бил принуден да за­мине... Из­гледа починал недолго по 320 година пред Христа“. (http://www.livius.org/th/theopompus/ theoompus.html).

Извадок од делото на Теопомп нуди и веќе спом­натиот британски воен историчар мајорот Ардаг. Тој се повикува на Теопомп како на антички автор кој тврдел дека во Епир (аналогно и во Македонија)  во антиката нико­гаш не живееле Грци. Конкретно Тео­помп ги спомнал народите кои го сочинувале грчкиот Амфиктионски Совет (за кој исто така пишувавме). Во списокот на овие народи (Јонци, Дорци, Ахајци, Фоки­јанци и други), не само што не се спомнати Маке­донците, туку не е спомнат ниту еден епирски народ, што значи дека, според Теопомп (но и според други старогрчки автори кои ги наведовме), ниту Епир во антиката не бил грчка територија, а камоли Маке­донија („Меморандум за античките граници на Грција“; British documents of foreign affairs, Part I, Series F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece, 1847 - 1914", University publications of America).

Иако до оригиналните фрагменти од Теопомп не успеавме да дојдеме, јасно е и од овие извадоци дека и овој старогрчки историчар сосема јасно ги третирал Маке­донците како посебен народ, чија историја ви­дов­ме дека посебно ја обработил во однос на грч­ката.

ХЕСИХИЈ (VВЕК)

Во македонската јавност е малку познато дека пос­тои значителен корпус од повеќе десетици збо­рови од јазикот на античките Македонци, кои се објавени на едно место.

Се работи за Лексиконот на Хесихиј (Hesychius). Пред да дадеме објаснување за значењето на овој Лек­­си­кон, да кажеме нешто за неговиот автор.

Хесихиј се смета дека живеел во V век во Алексан­дарија и најве­ројатно имал грчко етничко по­текло. Главно се занимавал со собирање зборови од античките јазици и дијалекти, кои нему му се чинеле интересни. Со текот на времето создал еден огромен лексикон во кој се застапени околу 51.000 зборови.

Во големата Католичка енциклопедија изнесени се прет­поставки дека основа на овој лексикон всуш­ност бил некој постар лексикон, кој содржел зборови од антич­ките јазици и кој настанал во првиот век по Христа, а Хесихиј само го дополнил. ("The Catholic Encyclopedia", Volume VII Copyright © 1910 by Robert Appleton Company Online Edition Copyright © 2003 by K. Knight наслов: Heszchius).

За животот на Хесихиј денес малку се знае. Познато е дека тој бил паган. Неговиот лексикон во некои светски енциклопедии е претставен како „грчки лек­си­кон“. Таков е примерот со енциклопедија „Бри­таника“, но и на неколку дру­ги места. Меѓутоа, вак­вото претста­вување на овој Лексикон не одговара на фактите и истото претставува тенденциозно искри­вува­ње на вистината во полза на грчката пропаганда. Најдецидна негација на „грчкото“ де­тер­ми­­нирање на овој лексикон е самата негова содр­жина. Точно е дека во него најмногу се застапени зборови од разни дијалекти на тогашниот грчки јазик, но освен нив, Хесихиј презентира и зборови од други јазици. Тој има цело поглавие кое носи наслов „Зборови од народите“ и во ова поглавие среќаваме извесен број зборови и од други јазици: персискиот, тракискиот, египетскиот, индискиот и други. Под посебен наслов во ова поглавие се опфатени и зборови од јазикот на античките Македонци.  Во склад со ова, во светски познатата енцикло­пе­дија „Колумбија“ (The Colum­bia Encyclopedia, Sixth Edition. Copyright © 2001 Columbia University Press, наслов: Hesychius of Alexandria) со­се­­ма коректно е презентирана висти­ната според која, Лек­­­­сиконот на Хесихиј нуди пода­тоци за, макар и сосема мала, реконструција на некои загубени јазици, меѓу кои по­себно е потенциран јази­кот на античките Македонци. Овде читаме:

„Хесихиј од Александрија живеел во V век и бил гра­матичар од Алек­сандрија. Познат е како сос­тавувач на непроценлив лекси­кон од нео­бич­­ни зборови и изрази што се појавувале во грчките тек­с­тови. Мате­ријалот бил собиран од специјални области (на пример медицина и сл.) од пишу­ва­ња­та на постари поети, како и од разни дијалекти и јазици. Овој лексикон претставува извор прак­­тич­но на целиот материјал што сега е достапен за некои од  исчез­на­тите јазици, како што е случајот со античко-македонскиот јазик.“

Интересно е да спомнеме дека содржината на Лекси­конот на Хесихиј до денес сѐ уште не е це­лосно презен­тирана пред светската јавност. Во поглавието „Зборови од народите“, спом­нав­ме де­ка постои посебен наслов кој гласи „МАКЕ­ДОНСКИ“. Во овој наслов по азбучен ред предадени се вкупно 130 збо­рови.

Деталниот преглед на сите античко-македонски збо­рови од Лексиконот на Хесихиј и очигледната слич­ност на некои од нив со денешните македонски збо­рови како и фактот што најголем дел од нив ги немало во грчките дија­лекти - сето тоа го претста­вивме во книгата „Јазикот на ан­тичите Маке­донци“, па овде нема да го повто­руваме. Само ќе потсе­тиме дека и Хесихиј ги опи­шал Македонците како „барбари“ (луѓе кои не збо­руваат грчки). Во описот за значењето на зборот  сариса (долго копје на Македонската фа­ланга), тој запишал дека го користеле „барбарите Маке­донци“.

Практично и Лексиконот на Хесихиј претставува уште едно античко-грчко сведоштво, кое е против современата грчка пропаганда.

ПАВСАНИЈА (II ВЕК ПО ХРИСТА)

Павсанија е познат старогрчки географ, патепи­сец и историчар. Живеел во II век по Христа во времето на римските императори Хадријан, Антоние Пиј и Марко Ав­релиј. Негово најпознато дело е "Опи­сот на Грција" во кое дал детален преглед од прва рака (како сведок и пате­писец) на голем број делови од територијата на која жи­вееле античките Грци. Тој многу патувал и меѓу другите земји ги посе­тил: Египет (каде ги видел пирамидите), Еру­са­лим, западниот брег на Мала Азија, Рим и други делови од Италија, а останало запишано дека престојувал и во Ма­кедонија каде го посетил гробот на митскиот пеач Орфеј.

Што се однесува до неговото дело "Описот на Гр­ција", тоа е напишано во десет книги. Овде ќе го разг­ле­даме ова дело од аспект на темата што ја обра­ботуваме, а тоа се античките сведоштва за по­себ­носта на античките Македонци.

Ќе почнеме со самата глобална содржина на "Описот на Грција". Во десетте книги (според нивните наслови) опфатен е описот на следниве области: Атика (Атина), Коринт, Лаконија, Месенија, Елис, Аха­ја, Аркадија, Боетија, Фокија и Локрис. Дури и самата ваква содржина е сосема доволен аргумент против современата грчка пропаганда. Се поставува праша­њето: ако Македонија во антиката била „грчка земја“, зошто тогаш Павсанија (како еден од  најпознатите антички автори, кој згора на тоа и самиот престојувал во Македонија), не ја спомнал како таква во своето капитално дело составено од описи на тогашните грчки земји? Но, тоа не е сѐ.

Во самите описи на делови од античката тери­торија на Грците, тој (правејќи осврт на некои историски настани) повеќе десетици пати ги спомнува Македонија и Маке­донците. Притоа, на многу места сосема јасно ги издвојува Македонците како посебен народ во однос на Грците.

Опишувајќи ја Пиреја во Атина, Павсанија навел податок дека таму имало портрети од заслужни Ати­њани и богови. Меѓу нив имало и портрет на изве­сен Леостен, кој бил познат среде Грците заради тоа што успешно војувал против Македонците. Овде читаме:

Овде се наоѓа портрет на Леостен и него­вите синови, насликан од Аркесилај. Овој Леостен бил водач на Атињаните и на обединетите Грци, кои ги поразиле Македонците во Боетија, а потоа и кај Термопилите, потиснувајќи ги кон Ламија. (Pausanias, Description of Greece, 1,1,2).

Овој настан се случил во средината на III век пред Христа, кога Грците со променлив успех се оби­дувале да се ослободат од македонското ропство.  И овде толку јасно се издвоени Македонците и Грците, што никаков коментар не е потребен.

Павсанија го опишува навлегувањето на Келтите на Балканот во III век пред Христа. И во дел од овој опис, кристално јасно ги издвојува Македонците и Грците како два одделни народа кои со векови војувале помеѓу себе и тоа речиси секогаш на штета на Грците. Овде читаме:

Тоа било порано пред да се појави името ,Галија. Во минатото тие се нарекувале Келти, како меѓу себе, така и од другите. Нивната војска се свртела кон Јонското Море, ги окупирала Илирите и сите кои живе­еле до Македонија, вклу­чително и самите Македонци и ја преминала Тесалија. А кога се доближиле до Термо­пилите, Грците главно не се ни помрднале за да го спре­чат навлегувањето на овие барбари, бидејќи (Грците) претходно биле неколку пати поразувани од Александар и Филип, Антипатер и Касандар, кој потоа целосно ги сокршил. Така ослабени нивните држави не чувствувале никаков срам заради тоа што не превзеле ништо за  одбрана на својата земја. Но, Атињаните, иако биле најмногу исцрпени во однос на кои било други Грци  по­ради долгата Македонска војна и кои воглавно постиг­нувале неуспеси во битките што ги воделе, и покрај сè, испратиле претходница кај Термопилите... Завзе­мајќи го преминот од западната страна, тие се обиделе да ги спречат странците да навлезат во Грција. (Pausanias, Description of Greece, 1,4,1, и 1,4,2).

Не ми е јасно каков е одговорот на современата грчка пропаганда на овој цитат од делото на античкиот грчки автор Павсанија. Овде гледаме дека тој јасно ги спомнува Атињаните како припадници на античките Грци, кои воју­вале против Македонците. За македонскиот крал Касандар (наследник на Алексан­дар Велики Македонски), кој владеел од 316 до 297 година пред Христа, дури пишува дека толку "ги сокршил" Грците во војната против нив, што не биле способни да организираат никаква одбрана на својата земја против навлегувањето на Келтите.

Во истата (Прва) книга (1,6,3) Павсанија пишува за превземањето на мртвото тело на Александар Велики Македонски од страна на Птолемеј, кое било пренесено во Египет каде било (цитат): "погребано во Мемфис според македонските ритуали".

31 епизода може да се види на линкот:  https://youtu.be/xWndA4H0qho

32 епизода може да се види на линкот: https://youtu.be/W7LZ-RGa2a0

Останатите епизоди можат да се видат на Јутуб каналот:  https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ

Документарен филм со дел од дејноста на авторот Александар Донски можете да погледнете на:

https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU&t=1535s

pavsanija
Павсанија

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.