|
||
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг |
Доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 проценти од граѓаните, за СДСМ 9,3, за ДУИ 6,1 и за ДПА 3,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел Институтот за демократија на барање на Институтот „Павел Шатев“.![]() Анкетата, спроведена од 15-ти до 20-ти овој месец врз 1.106 испитаници, покажува дека за Нова демократија на евентуалните парламентарни избори би гласале 1,5 проценти од граѓаните, за ЛДП 0,3 проценти и за Обединети за Македонија 0,1 процент. Околу 30 отсто не знаат за кого би гласале или пак не дале одговор на прашањето, а 24,1 процент се изјасниле дека не би гласале за ниту една политичка партија. На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 26 проценти од испитаниците се изјасниле за Никола Груевски, Бранко Црвенковски ја има довербата од 8,4, Али Ахмети од 6,1, а Мендух Тачи од 3,6 отсто од испитаниците. Претседателот Иванов има доверба од 0,7 проценти, а под 1 отсто рејтинг се Љубе Бошковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски... Дека немаат доверба во ниту еден политичар одговориле 32 процента од испитаниците. |