Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Европска локална самоуправа

opstina-krivogastani

Малата по години на формирање општина Кривогаштани на чело со ревносниот градоначалник Тони Заткоски кој по втор пат ќе ја бара довербата од своето доминицилно население има многу вложено од 2013 до 2017 година во сите сфери од општественото живеење.

Најпрвин е формирано ЈКП Пелагонија на чело со Благоја Христоски кој успешно се справува со комуналните проблеми во општината Крквогаштани. Најпрвин општината со донација од Јапонската амбасада набави камион за собирање на отпад и метални контејнери. Со набавката на возилото се овозможи собирање на комуналниот отпад во општината и населените места кои гравитираат со општина Кривогаштани.

Извршено е оградување на времена депонија во Кривогаштани, додека со донација од Германската Амбасада набавена е цистерна за отпадна вода со која е овозможено ЈКП Пелагонија на чело со неуморниот директор Благоја Христоски да врши услуги за празнење на септички јами, справување со поплави и слично.

Исто така, со донации е обезбедена нова косачка за трева и машина за чистење на снегот.

Општина Кривогаштани на чело со ревносниот градоначалник Тони Заткоски има изработено програма за енергетска ефикасност и каде истите тие програми се реализирани во поголем број на проекти.

Општина Кривогаштани има организирано поголем број на трибини за енергетска ефикасност и климатски промени и намалување на емисијата на штетни гасови.

Општина Кривогаштани во координација со ЈКП Пелагонија редовно секоја година учествуваат во проектот Македонија без отпад и каде во исто време се чистат дивите депонии во населените места кои гравитираат со општина Кривогаштани.

Општина Кривогаштани има изработено и техничка документација за изградба на водоводна мрежа во самата општина и населените места.

Исто така, извршена е доградба на канализационата мрежа во општина Кривогаштани.

Со финансиски средства од ЈП за државни патишта изградено е улично осветлување на делницата со Славеј од 850 метри.

Со финансиски средства од општината и ЦРППР изграден е јавен паркинг до сточен пазар во Кривогаштани. Исто така, со средства од БРР преку центар за развој на Пелагонискиот регион и ЕЛС Кривогаштани направено е партерно уредување на плоштад околу општинската зграда.

Изградба на Јавен паркинг до зелен пазар во општина Кривогаштани Општина Крквогаштани во соработка со ЈКП Пелагонија ја има уредено и јавната површина зо центарот на Кривогаштани.

Исто така, општина Кривогаштани го има уредено просторот на Полициската станица во Кривогаштани. За таа цел монтирана е нова ограда на дворот на Полициската станица во општината како и внатрешно партерно уредување.

 Со средства од АФПЗРР и ЕЛС Кривогаштани е изграден сточен пазар во општината.

Отворена е канцеларија на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кривогаштани.

Со сопствени средства општината Кривогаштани субвенционира земјоделци за користење на системот капка по капка и пластеници.

Изработена е стратегија за климатски промени и за таа цел се спроведени трибини за влијанието на климатските промени.

Општината дава поддршка на земјоделците за користење на средствата од ипард програмата.Исто така, во општината катадневно се врши промоција на органското производство.

Општината Кривогаштани посветува доволно внимание и на културните активности. За таа цел со помош на министерството за култура и самата општина се дава поддршка на манифестацијата  “Избор на надубава народна носија".

Општина Кривогаштани има извршено реконструкција и адаптација на старата општинска зграда во општината.

Направена е санација на општинската кино сала, а е извршена и промоција на локалитетите Локвенско Кале и Врбјанска чука.

Со поддршка на министерството за култура реализиран е проектот топол културен бран во летниот период со кој се одржани повеќе културно забавни манифестации.

Општина Кривогаштани на чело со неуморниот градоначалник Тони Заткоски е збратимена со општината Скела од Република Романија. Исто така, се воспоставени и средби со повеќе општини од нашите соседни земји со единствена цел за настап на проекти од прекуграничната соработка финансирани од програмите на ЕУ. Во оваа прилика да напоменеме дека се остварени и студиски посети и средби со претставници на општини од Италија, Словенија и Хрватска.

Општина Кривогаштани има изработено техничка документација за нова Против пожарна зграда. 3а таа цел со помош на Владата на Република Македонија и донации обезбедено е поволно возило како донација од Тутунски Комбинат како и ново против пожарно возило со пумпа со висок притисок. Набавена е дополнителна опрема за ПП единицата (облека, чизми, црева и сл) и редовно се организираат обуки на Против пожарната единица.

Општина Кривогаштани направи реконструкција на дел од училишна зграда во самата општина и истата е адаптирана во детска градинка.

Во општината е отворена и Подрачна единица на Министерството за труд и социјална политика. Направена е реконструкција на Здравстевениот дом во општина Кривогаштани. Исто така, функционира и брза помош во општината.

Се работи максимално на патната инфраструктура на сите улици во општината и патно артериско поврзување на Кривогаштани со сите населени места кои гравитираат со општина Кривогаштани.

Партерно и холтикултурно уредување на сите зелени површини во општина та Кривогаштани.

Со горе наведените реализирани проекти Тони Заткоски кој по вокацида е инспектор реално е да го добие од своето доминицилно население вториот мандат во извршувањето на градоначалничката функција. Градоначалникот Заткоски катадневно е на терен и ги користи сите прилики и ресурси кои му стојат на располагање само со една цел Кривогаштани да е Европска локална самоуправа.

Дипл. Екк. Рубинчо В. Јованоски од Прилеп

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.