Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
ЕНИГМАТА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО-ПОГЛЕД ОД ЕДЕН ПОИНАКОВ АГОЛ

Извадок од книгата "Незаборавник"

smilkovsko-ezero-zrtvi

Петкратното убиство на пет млади, невини македоннци чив единствен грев беше што се најдоа сите на погрешно место и во погрешно време разбирливо предизвика огромен шок и револт кај македонската јавност. Toтално бесмислено и без причина беа одземени пет животи на пет млади лугје кои спокојно си ловеле риби во слободно време без некому да згрешат или да се замерат за така сурово, во стил на егзекуција, да бидат смртно казнети.

Mногу нешта се кажаа за овој несекојдневне, крвав настан и многу прашања со право сите ние си ги поставуваме: Кој го стори тоа и зошто го сторија тоа; по чија нарачка беа одземени пет драгоцени животи од актерите од судскиот предмет МОНСТРУМ; зошто осудените албанци го сторија злосторот од расистичка нетрпеливост кон петте егзекутирани младиници-рисјани, зошто, зошто, зошто...???

Ќe се обидам во оваа прилика и јас да дадам свое лично видување на петкратното убиство кај Смилковското езеро. Пред се, да проговориме за самата локација каде што е извршен злосторот! Иако и самиот сум роден во Скопје и најголем дел од животот го поминав во родниот град, а патем да споменам дека многу пати сум бил во Радишани, во чија непосредна близина се наоѓа Смилковското езеро, до моментот кога се случи немилиот настан воопшто не бев свесен дека такво некое езеро воопшто постои!? Планерите/сценаристите овој злостор очигледно многу се труделе да за да го одберат токму Смилковското езеро како локација погодна за извршување на злосторот што го подготвувале за егзекуција на пет млади луѓе при што очигледно поаѓале од претпоставката дека еден таков чин ќе предизвика силна реакција на роднините на самите жртви и пошироко меѓу македонското население од тој крај и пошироко!  Бидејки, на само 200 метри од местото на злосторот се наоѓа друго селе населено претежно со албанци и очигледна била намерата да се предизвика македонско-албански меѓуетниочки судир од поголеми размери и по кој знае кој пат дестабилизација на Македонија на меѓуетничка основа!.  Сосема логично е човек да се запраша: Што била намерата и во чија полза би бил таков меѓуетнички судир!? 

Па еве едно мое лично видување! Убиството кај смилковското езеро се случи во април 2012 година, на само еден месец пред одржувањето на самитот на НАТО во Чикаго. Македонија до тој момент важеше за најсериозен кандидат за членство во Алијансата но сосема очигледно дека до тој момент НАТО немаше намера да не покани во членство заради грчката блокада (и не само грчката блокада), и во неможност да изнајдат вистинска причина и оправдание за неприемот, како  “најсигурна” карта на која меѓународните креатори на политиката секогаш играат да ги попречат перспективите на Македонија, секогаш играат на дестабилизација на нашата земја. Со други збоирови, требаше да се создаде атмосвера дека во Македонија политичката состојба е нестабилна (небаре во Албанија која е членка на НАТО од 2008 некогаш била подобра!?), демек  се ускратуваат правата на етничките (малцинските) заедници и сл, заради што и нема да има покана за прием на нашата земја во членство во Алијансата!

Прашањето за проширувањето на НАТО со прием на нови членки беше отворено во 2008 година на Самитот на алијансата во Букурешт каде Македонија, како предводник на групата А3 + САД беше најсериозен кандидат за прием но извиси заради грчкото ембарго, т.е. грчкото вето и одсуството на оној фамозен консензус. При тоа останува и горчливото сознание за недефинираната позиција на првата виолина на Алијансата - САД на Самитот во Букурешт и Македонија мораше да се задоволи само со  УСЛОВЕНА ПОКАНА, демек: Македонија ги исполнува условите за прием во НАТО, НО (едно големо НО!?), од кога ке се реши проблемот со името на нашата земја???

Ете, току заради овие случувања цврсто верувам дека беше испланиран и извршен злосторот кај Смилковското езеро што го плативме многу скапо, со загуба на пет драгоцени млади животи, но барем кај нас преовлада мудроста и на тогашната власт, но и на граѓаните што не наседнаа на провокацијата и беше избегнат меѓуетнички судир чии димензии не можеше ни да се предвидат.  

Самитот на НАТО во Чикаго помина без прием на нови членки, а како единствена утеха за нас беше изјавата на тогашната државна секретарка на САД Хилари Клинтон што ја повтори дури три пати на состанокот на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки во алијансата со колегите од земјите аспиранти за членство (Македонија, БиХ, Црна Гора и Грузија дека:"следниот самит на НАТО (заб. се одржа 2014 година во Велс, обединетото Кралство), со сигурност ке биде самит на проширување и Македонија (секогаш беше споменувана како прва во редоследот), Црна Гора и БиХ се најсериозни кандидати за прием во Алијансата"! 

Хилари Клинтон, веќе споменавме, ја повтори оваа констатација три пати на еден ист состанок но само некој месец потоа, кога таа повеке не беше државен секретар на САД, креаторите на политиката во НАТО започнаа да перат раце и да се дистанцираат од нејзините изјави со смешна аргументација дека доа биле:"необрзувачки изјави на државен секретар во заминување"!? Да се чудиш и просто да не веруваш, но американците не би биле тоа што се доколку не им приоѓаат на работите зависно од нивните и само нивните дневни интереси!!!

Но да се вратиме на инцидентот кај Смилковското езеро. Двајцата главни актери (за кои се верува дека се дирекни извршители на егзекуцијата на петмината македонци кај Смилковското езеро) Афраим Демири и Агиим Исмаиловиќ успеаа да им побегнат на македонските власти на Косово. Бидејки обајцата се македонски државјани Република Македонија официјално побара од косовската страна нивна екстрадиција, но косоварите - немајки каде, за да не ги испорачаат, измислија афера дека обајцата нелегално поседувале оружје и ги осудија на две години затвор. Демири и Исмаиловиќ небаре одлежаа две години затвор и денес уживваат на слобода, а косоварите упорно одбиваат да ни ги предадат!!! Зошто? Па токму тие ја знаат целата афера со егзекуцијата кај Смилковското езеро во детали вклучувајки го и клучниот момент: КОЈ Е МОТИВОТ И КОЈ Е НАРАЧАТЕЛОТ НА ОВОЈ ЗЛОСТОР???

При една посета на трупите на КФОР на Косово со целиот состав на Амбасадоирскиот совет на НАТО (НАК), како претставник на земјата (РМ) што дава услуги на припадниците на КФОР, го запрашав косовскиот претседател Хашим Тачи зошто не ги екстрадираат двајцата актери во смилковската афера (Демири и Исмаиловиќ), иако Македонија тоа го бара, а патем тие двајца се и Македонски државјани??? Хашим Тачи буквално побесна и излезе вон контрола пред педесетина присутни амбасадори во НАТО и врвни  фактори во Алијансата, вклучувајки го и генералниот секретар Андерш фог Размусен и неартикулисано почна да мафта со рацетре:"   "Проблемот е кај вас во Скопје, а не кај нас.....Вие сте виновни....”. 

Се прашував во себе:"Зошто проблемот би бил кај нас бидејки сосема јасно е дека друг го инсценирал убиството, а главните извршителисе токму кај нив, на Косово?" Повеке не инсистирав бидејки не беше упатно да се расправаме пред педесетина НАТОвци за  нешто што се однесува меѓу нас и косоварите (иако не исклучувам можност дека и некои структури и во самата Алијанса имаат прсти во оваа голема афера). По епизодата со Хашим Тачи сватив една работа: по толку жолчната реакција на Хашим Т ачи очигледно стануваше збор за онаа, народната за "мувата на капата" заради криенката што ја игра косовската страна упорно штитејки двајца злосторници сосема очигледно по налог на некој  “одозгора”, за да не се открие правата вистина, но и мотивите за крвавиот пир што тие го направија кај Смилковското езеро.

Мартин Треневски

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.