Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГОРДИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ИТАЛИЈА!

zdruzenie-aminta-veneto
МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ “АМИНТА“

9 октомври 2017 година, Виторио Венето, Италија

- Веќе три години во градот Виторио Венето, во провинцијата Тревизо, активно работи Македонското здружение АМИНТА.

Во Македонското здружение АМИНТА членуваат околу 100 Македонци, кои како амбасадори на Македонија во Италија ја одржуваат и афирмираат македонската култура, јазик и држава.

- Здружението го формиравме заради обединување на Македонците во северниот дел на Италија. За илустрација, на стадионот во Торино каде што играше Македонската фудбалска репрезентација се собравме 5.000 Македонци. Неопишливо е чувството кога од толку луѓе слушате македонски песни, Македонската национална химна. Ние сме горди Македонци, тоа бевме, тоа и ќе останеме, иако далеку од татковината, - вели претседателот на оваа Македонското здружение АМИНТА Саве Лазароски.

zdruzenie-aminta-veneto-2

Македонското здружение АМИНТА веќе има македонското културно уметничко друштво “Аминта“ коешто ги негува македонските традиции и обичаи, македонските песни и ора, далеку од родниот крај во Северна Италија. Досега повеќепати заедно настапиле со играорната група на Македонското здружение Филип Втори Македонски.

Со македонското културно уметничко друштво “Аминта“ раководи Даниела Наумовска, која е радосна бидејќи постојано расте бројот на членовите на македонското културно уметничко друштво “Аминта“.

- Проблем се народните носии, но се надеваме дека ќе ги обезбедиме, - вели потпретседателот на македонското културно уметничко друштво “Аминта“, Билјана Колоска.

zdruzenie-aminta-veneto-3

Приоритет во програмата за работа на АМИНТА е изучувањето на Македонскиот јазик.

Македонското здружение АМИНТА редовно ја претставува Македонија на Денот на македонската култура во рамките на општинскиот Фестивал во Виторио Венето на којшто учествуваат повеќе од 50 организации од Италија и надвор од неа.

Светскиот Македонски Конгрес им посакува успешна работа и активности во македонските работи.

zdruzenie-aminta-veneto-4

zdruzenie-aminta-veneto-5

zdruzenie-aminta-veneto-6

zdruzenie-aminta-veneto-7

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.