Четврток, 12 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Македонските здруженија во Швајцарија, даваат целосна поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

22366624 1644863322254867 5012665010663576927 n

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ СЕ ПРОЕКЦИЈА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА!

11 октомври 2017 година, Женева, Швајцарија - Македонските здруженија во Швајцарија, “Македонска дијаспора“ од Лозана, “Александар Македонски“ од Ивердон и “Рефарма“ од Женева даваат целосна поддршка на кандидатите за советници и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Македонците од Швајцарија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат голема загриженост за актуелната политичка состојба како и за досегашните предлог-закон мерки на актуелната Влада, коишто се со несогледливи последици по унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

Годинашниве локални избори имат пресудно значење во креирањето на иднината и опстанокот на Македонската држава. Прашањето што се поставува со овие избори, е дали се согласувате со политиката на оваа насилно донесена марионетска влада, којашто упорно се залага во деструкција на државата Македонија, или пак, сте за опција што е дијаметрално различна, а тоа е зачувување и негување на Заедничка Македонија, со гаранција за заштита на името, нацијата и идентитетот македонски.

Во изминативе четири месеци, сите сме сведоци на комплетно деструктивните политики на актуелната Влада, што резултираат со крајно неповолни последици по иднината на државата. Такви се, договорот со Бугарија, предложениот закон за двојазичност и официјализирање на албанскиот јазик како службен јазик, како и најавениот договор за менување на името со соседна Грција. За потсетување, ниту една од овие мерки и предлози не беше на листата во изминатата кампања на сегашнава Влада.

Поаѓајќи од овие постулати, а во интерес на сите кои ја сакаат Македонија како своја држава, ние Македонците од неколкуте здруженија во Швајцарија, изразуваме целосна поддршка на кандидатите за советници и градоначалници од коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, со пенкало в раце, како наш единствен влог во креирањето на македонската политичка иднина, да го дадеме својот глас и придонес со заокружување на среќниот добитен број 13.

Истовремено, им го честитаме на сите граѓани, празникот 11 Октомври - Денот на антифашистичкото востание на Македонскиот народ!

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.