Петок, 20 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“
Фотографија на Todor Petrov.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МПЗ “АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“

19 октомври 2017 година, Велес, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“, денес во Велес склучија Меморандум за соработка, координација и меѓусебна размена на искуства и информации.

Основни цели и задачи на договорните страни се: Духовно, културно и економско обединување на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет; Заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор; Заштита и афирмација на човековите и граѓанските права и слободи; Развој на демократијата; и Афирмација на целите и задачите на Обединетите Нации.

Светскиот Македонски Конгрес и Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“ во меѓусебната соработка ќе се придржуваат на следните принципи на работа: Се почитува автономијата и самостојноста на договорните страни; Договорните страни се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата, независно од бројот на членството и статусот; Договорните страни имаат толкави обврски колку што самостојно и доброволно ќе прифатат од заеднички договореното; Договорните страни имаат пред се’ морална одговорност за обврските што доброволно ги прифатиле од заеднички договореното; и Секоја договорна страна не одговара за постапките и дејствувањето на другата договорна страна во реализацијата на своите цели и задачи и во реализацијата на заеднички договорените цели и задачи.

Претседател на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, на претседателот на Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“ од Велес Горан Ангелов му ја предаде Одлуката за полноправно членство на Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев Ќосето“ од Велес во Светскиот Македонски Конгрес, донесена на Дваесет и седмото Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржано на 5 август 2017 година, во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје.

Фотографија на Todor Petrov.
 
Фотографија на Todor Petrov.
 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.