Сабота, 04 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ

23316110 1674457149295484 614530829 nАЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е МАКЕДОНЕЦ И НИКОЈ НЕМА ПРАВО ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКИ КОНЦЕСИИ КОН ДРУГИ И ТУЃИ ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД ТОЈ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува вандализмот врз споменикот на Александар Трети Македонски на плоштадот “Александрија“ во центарот на Прилеп, којшто претставува донација од македонскиот сенатор Ѓорѓија Џорџ Атанасоски од 2006 година.

СМК бара брза интервенција на надлежните органи и санкционирање на сторителот на овој вандализам.

СМК укажува дека културата и историјата на Македонија се неотуѓив и нераскинлив дел од културно-историскиот идентитет на Македонците во континуитет од пред нашата ера до денес и никој нема право да се откажува од делови од таа култура и историја поради гео-политички интереси на други и туѓи кои окупирале или имале јурисдикција врз дел од територијата на Македонија и извршиле геноцид врз Македонците!

Александар Трети Македонски е Македонец и претставува дел од културно-историското наследство на Македонската цивилизација!

СМК смета дека секое сквернавење на спомениците од периодот на историјата пред нашата ера, претходно со обвинувања за антиквизација и десловенизација на Македонија, претставува денационализација врз Македонскиот народ со единствена цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Не дошле Словените од зад Карпатите со трски во уста преку Дунав, та се населиле во Македонија поради што се нарекле Македонци, туку Македонците отсекогаш биле во Македонија, заради своето име земјата каде што живееле ја нарекле Македонија! Тоа што низ вековите други и туѓи ја окупирале и пљачкосувале Македонската земја, никому не дава за право деноминација на името на државата и идентитетот на нацијата денес, ниту сегментација на културата и историјата на Македонија и Македонците во време и простор, како историско оправдание за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

СМК ја предупредува Владата дека сатанизацијата на делови од културата и историјата на Македонија и на Македонскиот народ го продлабочува расколот и неединството меѓу Македонците, и го поткопува семакедонското помирување и обединување, а во интерес на врховизмот и колаборационизмот.

Вербализмот “го поразивме национализмот“, во свет во којшто не постојат анационални држави, е демонтажа на државноста и Владата мора да биде свесна за последиците кои таквите конструкции ги мултиплицираат! Сегментарното отсуството на Македонците од културата и историјата на Македонија во време и простор, секогаш друг го компензира, само тогаш други велат дека културата и историјата на Македонија се наши, а не на Македонците, ваши! Впрочем, чија е територијата негова е историјата, го потврдуваат правилото - при дефанзива и по линија на помал отпор, секогаш домаќинот станува роб на окупторот, бидејќи историјата ја пишува победникот!

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.