Вторник, 07 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам

Бејли: Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам


alt
... „ Разговорите околу тоа зошто повеќе од 150 македонски државјани се приклучија на ИСИС во Сирија и Ирак треба да се нормализираат, како што се отвора дискусија и дебата за тоа што да се прави со оние кои се враќаат во Македонија. Нема да има решенија сè додека не можат сите да зборуваат за проблемот на чесен, непристрасен и директен начин. Отворен дијалог, врз основа на доверба и почит, за да се идентификува како можеме да работиме заедно подобро да пронајдеме вистински решенија за овој проблем“, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли, на конфренецијата „Странски терористички борци, промовирање, превенција и отпорност”, во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и американската амбасада.

Амбасадорот истакна дека Македонија е стратешки партнер на САД и сигурен партнер во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам.

„За да се блокираат терористите и ширењето на насилниот екстремизам треба пристап од целото владино тело. Всушност, треба пристап на целото општество. Не може само МВР да ги брка „лошите момци“, треба да постои институционална соработка помеѓу министерствата и актерите на граѓанското општество, вклучувајќи ги и невладините организации, верските групи, медиумите и лидерите на заедницата“, додаде Бејли.

Американскиот амбасадор смета дека најголема предност во Македонија е што секој со секого се познава и затоа се знае што се случува во вашите заедници.

„Борбата против тероризмот е борба против непознатото. Македонија е мала држава. Затоа е полесно да се открие што се случува околу вас.Но треба да ја надминеме неподготвеноста да зборуваме за радикализација. Ние треба да бидеме искрени“, заклучи Бејли.

На конференцијата се обрати и премиерот Зоран Заев кој смета радикализација и учеството во терористичките организации е проблем на сите земји од Западниот Балкан и претставува закана за безбедноста на регионот.

Тој потенцираше дека тероризмот нема националност и религија.

„Ако е така, тогаш и борбата против насилничките закани против човештвото немаат националност и религија, и во справувањето со нив мораме да бидеме единствени и заедно“, рече Заев.

Премиерот смета дека Македонија и останатите држави ворегионот континуирано се изложени на закани и ризици од тероризмот и насилниот екстремизам, со сите нивни појавни форми.

„Имајќи ја предвид сложеноста на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои водат кон тероризам, овие феномени се во врвните безбедносни приоритети на нашата земја“, додаде Заев.

Едно од решенијата, според Заев, е соработка меѓу државите на сите нивоа а како основа ја наведе регионалната платформа за борба против насилниот ектремизам и појавата на странски борци.

logo

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.