Среда, 08 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Републиканската партија ја остави Македонија на цедило

bilNikolov

Од непознати причини, политиката на Сорос, Хилари и Обама се' уште е на сила во Македонија (ќе ја наречеме оваа политика „СХО“, бидејќи Американците се чини дека сакаат акроними), а Републиканската партија не сака да стори ништо во врска со тоа. Добро, почнаа да се занимаваат со тоа, со тоа што започнаа истрага во Конгресот за мешањето на СХО во Македонија, но изгледа дека вниманието им го одвлече некоја верверичка или Трамп.

Претпоставката дека земја како Македонија не е од интерес на американската надворешна политика е аргумент на наивните.

Американската надворешна политика е политика на интервенционизам, секаде, за што има неброени примери од изминатите седумдесет години, вклучително и многубројни примери во Македонија во последните неколку години. Сега се соочуваме со нешто поинакво, па клучното прашање е: Зошто Републиканската партија толку целосно и' се предаде на политиката на Демократската партија и дозволи непречен државен преврат предводен од СХО? Постојат само две опции: некомпетентност или соучесништво.

Не можев ниту да замислам дека соучесништвото е можна опција се' додека Државниот Секретар Тилерсон не му честиташе на новиот македонски „Премиер“, поставен од СХО, за освојувањето на непостоечкиот мандат. Неговата партија всушност ги изгуби парламентарните избори, но Стејт Департментот на САД се потруди про-СХО, левичарска коалиција сепак да ја раководи Македонија.

Господине Тилерсон, поправете ме ако грешам дека сте соучесник. Можно ли е да се работи за некомпетентност? Најдобро е да му укажете на Стејт Департментот да ја следи ВАШАТА политика и да престане со неуморните напади на македонскиот идентитет и независност.

Простете ми го гневот - или немојте, искрено, не ми е гајле - зашто името на мојата земја, нејзиното етничко потекло, јазик, идентитет и територијален интегритет се под закана за да се исполни целта на американската надворешна политика да се негира постоењето на македонците за да им се удоволи на нашите потчинители, Бугарија, Албанија и Грција. БАГ, ако сакате. Или да не претеруваме со акронимите, да не го збуниме Претседателот на САД, ако случајно ни обраќа внимание.

Македонија е нашето име. Нашата етничка припадност е македонска. Од секогаш било така. Го објаснив идиотизмот на вештачки создаденото, анти-македонско „прашање за името“, кое е во суштината на кризата во Македонија и регионот, во оваа колумна во The Hill. Не би требало да постои потреба да се брани постоењето на мојата или која било друга етничка група.

Во една друга моја колумна во The Hill го повикав Доналд Трамп да ја поправи штетата што на Македонија и' ја нанесе претходната администрација на САД. Но, ете, Трамп не дејствува освен ако не се работи за НФЛ, белите националисти, или Боб Коркер. Господине Коркер, можеби можам да ве научам неколку македонски одбрани зборови да му ги напишете на Трамп на Твитер за да му го привлечете вниманието. Пишете ми на Твитер.

А може и Републиканската партија да се заангажира и да ја заврши истрагата во Конгресот - уште пред неколку месеци. Но почекајте, веќе потрошивте премногу време и веќе го знаеме исходот. Мајк Ли, Тед Круз и другите што ја започнаа истрагата треба да дејствуваат СЕГА. Македонија и Македонците бараат буквално да ја спасите нашата земја и етничка група од истребување. Се' што треба да сторите е да потенцирате дека САД застанува во одбрана на нашите најосновни човекови права - нашето право да постоиме - и дека САД бара веднаш да престанат расистичките, анти-македонски преговори за името. Една реченица ќе ја спаси нашата земја. За само 140 знаци или и помалку од тоа.

Бил Николов

Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.