Петок, 10 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Нема да дозволиме „Пржино 3“, за името немаме намера да разговараме!

Нема да дозволиме „Пржино 3“, за името немаме намера да разговараме!

alt

Опозицијата смета дека во секоја држава за важните теми треба да се води дијалог во рамките на државните институциите, а не во странство и на недефинирани средби. ВМРО – ДПМНЕ во моментов не ја гледа потребата од, ниту ја знае темата за друг вид на средби.

Од партијата немаат ништо против политички дијалог, но според соопштението од партијата повторување на „Пржино“ во или надвор од Македонија е „непотребно и неприфатливо”.

„Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните институции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма. ВМРО ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството“, велат од партијата на Груевски.


Иво Вајгл во Скопје водеше дводневните разговори со координаторите на пратеничките групи во македонскиот законодавен дом.Соопштението на опозицијата дојде веднаш откако беше објавена начелна согласност од сите политички партии застапени во Собранието за прифаќање на дијалогот „Жан Моне“, изјави пак денеска известувачот на ЕП за Македонија, Иво Вајгл.

За можен датум за одржување на средбата, Вајгл најави дека тоа е последната недела од јануари. Тема на првиот состанок ќе биде Деловникот на Собранието и Етичкиот кодекс за пратениците како и владењето на правото.

Состанокот треба да биде во формат по еден координатор и еден пратеник од пратеничката група. На состанокот ќе присуствуваат и Џафери како претседател на македонскиот Парламент, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и претставник од Владата и од Парламентот на Франција.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.