Среда, 03 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
„Македонска нација“ Ви ги честита Новогодишните и Божиќните презници

srekna-nova-2018

Среќни Новогодишни и Божиќни празници

„Македонска нација“ Ви ги честита Новогодишните и Божиќните презници со искрени желби за добро здравје, среќа и радост во секој дом на македонскиот народ. Нека Бог Ви подари мир, љубов и сѐ што ќе посакате да имате и да сочувате. Нека Новата 2018 биде година на национално сплотување, подобро утре и поголеми успеси на македонскиот народ и држава.

Изминатава година „Македонска нација“ известуваше за многу предизвици и премрежија со кои се соочи македонскиот народ. Овие настани, особено на политичката сцена, имаа негативно влијание, како на секој поединец, така и во целото општество.

Во текот на изминатата година, дојде до драстична делба во македонското национално ткиво, до нарушување на Уставот, до примена на селективна правда, потоа до нарушување на безбедноста во земјата, што од друга страна доведе до пад на економскиот раст, потоа до откажувања на нови инвестиции и до намалување на вработувањата. Ваквиот тренд, на кој се надоврзуваат и поскапувањата, се очекува да продолжи и на почетокот на Новата 2018 година.

Оваа 2018 година е многу значајна за македонскиот народ. Тоа е година на нови предизвици, време кога се очекува решавање на спорот со името, проширување од страна на Европската Комисија и добивање препорака и датум за почеток на преговори, но и покана за членство на Македонија во НАТО.

Искрено се надеваме дека македонскиот народ ќе најде начин да се справи со предизвиците, поделбите и предрасудите,за да со заеднички сили истите ги надмине и да се посвети на градење на една поубава и посветла иднина на секој поединец и благосостојба на сите граѓани.

Тоа мора да се спроведе зошто граѓаните на Македонија заслужуваат да се одморат од сите притисоци и закани на кои беа досега изложени, особено во изминатиот период Тие заслужуваат да живее мирен и достоинствен живот, во една безбедна и правна држава, но и да бидат дел од прогресивниот свет од европското семјство, каде што и природно припаѓа.

Ризиците и опасностите кои ни престојат не се мали. Доведена е во прашање унитарноста на земјата, името и идентитетот на македонскиот народ. Грција иако глуми дека преговара не остапува од црвените линии кои водат до редефинирање на земјата. На тоа се приклучуваат и некои други наши соседи.

Поради тоа нам ни е и те како потребно сплотување, поврзување на испокинатото национално ткиво за да можеме да се справиме со предизвиците кои ни престојат, а кој го засега секој еден граѓанин на Македонија. На тоа не учи и синот Божји кој поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Христовите заповеди велат да имаме љубов кон Бога и кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана.

Божиќ – денот на христовото раѓање, како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството не потсетува на толеранцијата, на меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството. Затоа сите оние македонски патриоти, глумци, режисери и пратеници кои се неправедно осудени и со ништо не заслужиле да бидат затворени, со божја милост, за Божич треба да се ослободат и да се дома.

Правдата мора да се врати во Собранието и судовите, а медиумите мора да си ја вратат слободата, за да може да влезе светлина низ темните облаци надвиснати над Македонија

Македонија мора да излезе како победник од она што и е спакувано од центрите на моќ. Затоа нека Новата 2018 година и Бог ги просветли умовите на оние кои не водат, но и на народот за да не влеземе во грешка од која нема враќање.

Македонскиот народ, во чија вени тече крвта на нивните прадедовци, предводени од четирите светли букви ВМРО, нема да дозволи безгласно да се откажат од сопственото име и идентитет.

Новата 2018 нека биде година на национално сплотување, подобро утре и поголеми успеси на македонскиот народ и држава.

Среќни Новодошни и Божиќни празници

Македонска нација

 

На прво место

News image

Го повикувам Заев да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката

Изјава на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.