Сабота, 06 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со честитка по повод Божиќ

Hristijan MickoskiПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите православни верници по повод празникот Рожденство Христово Божиќ.

-Ваше Блаженство, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници од Македонија и дијаспората да го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сила и да ги надвладееме искушенијата и суетите, зошто Божиќ е празник на мирот, празник на слогата и единството. Да се победат предрасудите, да бидеме човечни и хумани, праведни и солидарни, а заемното помагање и почитување треба да биде наша водилка, наш белег и заедничка заложба, стои во честитката и се додава:

„Единството, разбирањето и почитта треба да се дел од секоја наша одлука, нашата држава да оди напред и да не заглавува во лавиринтот на одмаздата и реваншизмот, работи кои не враќаат назад, создаваат немир и поделби. Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои натпревар во правење на добри дела за граѓаните. Бог нека биде со нас во секој момент во животот, при секоја среќа, радост, тага или болка. Нека Бог биде со Македонија, за заеднички да напредуваме и да се радуваме.

Нека е честит и вековит големиот христијански празник – Божиќ, посака Мицкоски.

 

На прво место

News image

Алтернатива за Македонија

Совет за безбедност на ОН

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.