Понеделник, 08 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
И ПОКРАЈ РАСИЗМОТ НА АНТИМОС И "НЕЗАВИСНИ ГРЦИ", ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПОМИРУВАЊЕ

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

И ПОКРАЈ РАСИЗМОТ НА АНТИМОС И "НЕЗАВИСНИ ГРЦИ", ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПОМИРУВАЊЕ И ДОГОВОР ЗА ТРАЕН МИР И ДОБРОСОСЕДСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА!

7 јануари 2018 година, Атина, Грција - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ги отфрла како расистички изјавата на солунскиот митрополит Антимос дека "Македонија значи Грција и Грција значи Македонија“ и изјавата на министерката за Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха, од редовите на "Независни Грци", дека "Македонија е грчка и Македонија е Грција“, за време на осветувањето на водите и фрлањето на крстот во Белото Мире во Солун, а по повод вчерашниот празник Водици што се слави во Грција.

СМК смета дека партијата "Независни Грци", лидерот на партијата и министер за одбрана Панос Каминас, и Мариа Коља-Царуха како министер за Македонија и Тракија, може да "веруваат дека Македонија е грчка и дека никој нема право да го користи ова име за свои цели", но не смеат да заборават, дека Грција, формирана во 1821 година, до 1912 година била под Олимп и дека за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година, вршејќи геноцид врз Македонскиот народ што трае до денес.

И покрај се' и после се', СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, и Декларација за македонско-грчко помирување во којашто ќе се каже дека, клтурата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК и натаму бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна процвинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат, (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска).

СМК очекува извинување од Атина за историските и општествените неправди против Македонците во Грција, репарации за експлоатацијата на природните и археолошките ресурси од 1912 година како и за штетите врз животите и имотите на Македонците во окупираните територии на Македонија, како и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!

 

На прво место

News image

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ

ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ ТВРДИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.