Петок, 19 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Претседателот на РМ д-р Ѓорге Иванов упати честитка по повод големиот христијански празник Водици

Ivanov3Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.

Ваше Блаженство,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици.

Одбележувајќи го денот на кој св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан, се потсетуваме дека Бог се поистовети со човекот во сè, освен во гревот. Сакајќи да ги потопи во Јордан гревовите на човештвото, дојде да ги исцели болните, да ги нахрани гладните, да ги исправи паднатите, да ги ослободи поробените, да ги просветли помрачените и да ги оправда грешните. Богојавление е симбол на духовното раѓање и новиот почеток во животот на верникот. Како симбол на новиот почеток, Богојавление треба да нè потсетува да не се навраќаме на старото, туку да се стремиме кон живот исполнет со љубов, понизност, милост и солидарност. Да се престигнуваме со добрина, и да го градиме нашето мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество во мир, соживот и почитување на различноста.

Честит празник и за многу години.

д-р Ѓорге Иванов

 

На прво место

News image

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (3)

Се договоривме на 13 јуни во кафеаната на Никола Талески-Коле, од битолското село Новаци, да формира...

Историја

News image

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – „Ние не разбравме дали јазикот е македонски или грчки“

"Сите заедно го посетивме училиштето. Учител зборува многу лошо грчки. Тој побара од децата тие да п...

Иселеници

News image

Голем протест на МАКЕДОНЦИТЕ во Канбера, Австралија

На протестот присуствува околу 5000 преставници на македон...

Култура и туризам

News image

Кузман Капидан барал неограничени права и му ги дале

Кузман Капидан бил родом од Дебрца. (Во Охрид повеќето веруваат дека Кузман бил родом од Старово или...

Фељтон

News image

Александар Македонски (20)

Откако Александар Македонски беше признат за хегемон на Лигата додека е жив, се сост...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.