Среда, 14 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (2)

Судбински, клучни и историски години за Македонија

Од денешен агол погледнато на настаните што се случуваа пред 25 години, може да го извлечеме заклучокот дека 1990 и 1991 година беа клучни, одлучни и историски години за судбината и иднината на Македонија, да продолжи да се развива и да чекори по сопствена патека во изградба на демократска, самостојна и суверена држава.

1ß2

Усвоен Уставот на Република Македонија, (17 ноември 1991 год.)

На почетокот на 1990 година почна распадот на југословенската федерација, во чиј состав 45 години како федерална единица беше и Македонија. Во оваа година беа формирани над педесетина политички партии и здруженија. Во Македонија беа одржани првите општи и непосредни парламентарни избори, според мнозински изборен систем со тајно гласање. На изборите учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг на гласање беше одржан на 11 ноември 1990 година, а вториот две недели подоцна, на 25 ноември. Во единствениот избирачки список беа регистрирани 1.452.072 гласачи. Во првиот круг своето право го искористија 84,8 отсто, а во вториот 8 проценти помалку, односно 76,8 отсто. На првите повеќепартиски парламентарни избори со голема љубов во своите родни места допатуваа неколку илјади македонски граѓани од дијаспората за да гласаат и да го искористат уставното право. Беа радосни што ја имаа можноста да го дадат својот глас на првите историски демократски избори. Тоа беше празник за граѓаните на Македонија, во државата и во дијаспората.

Првата конститутивна седница на Собранието на Република Македонија беше одржана на 8 јануари 1991 година. За прв претседател беше избран Стојан Андов. По нешто повеќе од два месеца, на 20 март 1991 година, беше избрана и првата плуралистичка влада на чело со премиерот, академик д-р Никола Кљусев.
На 8 септември 1991 год. се одржа референдум на кој македонскиот народ и националностите се изјаснија за суверена и самостојна држава Македонија. На гласачкото ливче за непосредно и тајно изјаснуваше стоеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија“. На 17 ноември 1991 година, Собранието на Република Македонија го усвои Уставот на Република Македонија, а свечено беше прогласен три дена потоа, на 20 ноември 1991 година.

ВМРО-ДПМНЕ, формирана на 17 јуни 1990 година, беше првата македонска партија со национален предзнак што одигра клучна улога во создавањето на македонската демократска држава. Во политичката платформа и програма беше забележано дека ќе се залага Македонија да биде самостојна, суверена, независна држава со сите атрибути што треба да ги поседува државата. Ова беше зачудувачко за поголемиот број граѓани на Македонија. Меѓутоа, со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на општинските комитети во градовите и разграноците во селата, програмските начела беа прифаќани од населението, а за неколку месеци станаа реалност.

На овие прогресивни и револуционерни идеи, политичките партии: СКМ-ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија - Партија за демократски просперитет, трансформирана од СКМ, денешен СДСМ), Сојуз на реформските сили на Македонија (партијата на Анте Марковиќ, претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ), Социјалистичката партија и други беа против, не можеа да ги прифатат програмските определби на оваа национална партија. Тие се залагаа Македонија да биде суверена држава во рамките на југословенската федерација. Меѓутоа, федералните единици Словенија, Хрватска и Србија беа решени и најавија дека ќе се осамостојат, ќе создадат сопствени независни држави. Српското раководство ја посакуваше и Македонија да биде членка на мини-федерацијата што ја заговараше заедно со Црна Гора. Македонскиот народ беше одлучен, ако не може да се зачува СФРЈ, како федерација или како конфедерација, тогаш Македонија да се одвои и да стане независна суверена држава. Во борбата за самостојна македонска држава голем придонес даваа Македонците во дијаспората (Европа, Америка и Канада и Австралија) што имаа политички партии, здруженија и клубови, преку кои дејствуваа Македонија да се осамостои и да ја напушти федерацијата, по пат на политичка борба.

Во почетокот на јуни 1991 година, не знам по кој пат, допатував во Берлин, во култниот македонски ресторан „Ново Скопје“, кај моите пријатели и истомисленици за судбината и иднината на Македонија, браќата Гојко и Мане Јаковлески. Берлин повеќе не беше поделен град на западен и источен, пулсираше како една целина. Германија е обединета и се чувствуваше функционирањето на единствената држава. Поранешната Источна Германија беше претворена во големо градилиште, без застој се одвиваше процесот на интегрирање на источниот кон западниот дел.

Во вечерните часови со домаќините, во присуство и на други Македонци, кои работеа и живееја во Берлин, седнати на клупите околу „службената маса 13-ка“ во ресторанот „Ново Скопје“, разговорите почнуваа и завршуваа за состојбите и иднината на Македонија. Сите бевме загрижени. Како ќе се одвиваат настаните, што ќе се случува? Дали правдата и праведноста ќе ѝ бидат наклонети на Македонија? Како ќе се врши процесот на раздружувањето од Федерацијата? Многу прашања, а ниту еден релевантен одговор. Но сите бевме единствени и посакувавме процесот на раздружување од југословенската федерација да се изврши безболно, без оружени судири, секоја федерална членка и Македонија сами да се определат и патот на осамостојување да го изодат на мирен, демократски начин.
На овие разговори се присетивме на големата македонска прослава во 1976 година, која се одржа во Западен Берлин. Пред голем број Македонци, дојдени од повеќе градови на Западна Германија и од македонското село Зубовце, родното место на браќата Јаковлески, на 2 август, на големиот ден Илинден, македонскиот патриот Гојко Јаковлески во рефератот посветен на Илинден истакна: „Народ што дал два Илиндена, може и треба да даде и трет Илинден“. Гоце, алијас Гојко, кого нагалено го нарекуваа неговите пријатели и другари, рече дека дојден е часот кога нашата генерација треба, мора и може да ги оствари вековните идеали на Македонците.

Во ресторанот „Ново Скопје“, во вечерните часови на 8 јуни (сабота), уличниот продавач го донесе дневниот весник „Берлинер морген пост“, датиран со 9 јуни. Прелистувајќи ги страниците го забележав текстот „Во Берлин треба да се гради европската архитектура“. Од текстот дознав дека на 19 и 20 јуни 1991 година Берлин ќе биде домаќин на Министерската конференција на КЕБС. Тема на расправа на министрите ќе биде идната европска архитектура и ќе усвојат посебна декларација. На полноќ, кога гостите го напуштија ресторанот, на Мане му го дадов весникот да го прочита текстот. Потоа му предложив дека оваа е одлична шанса пред Рајхстагот во Берлин, зградата на германскиот парламент, каде што два дена ќе заседаваат министрите на КЕБС, да одржиме мирна демонстрација, да го кренеме гласот за македонските неправди, министрите и светот да слушнат за проблемите со кои се соочува Македонија. Исто така, Македонците да маршираат низ берлинските улици, да се делат летоци за вистината и судбината на Македонија, а пред зградата на Рајхстагот да се одржи мирна демонстрација, протест.

Потоа, да се демонстрира пред амбасадите на Бугарија и на Грција, каде што ќе се искаже револтот против дискриминирачката дејност на нивните држави кон Македонија и кон Македонците што живеат во нивните држави.

Овие облици на искажување револт беа убава можност да го кренеме гласот и на светот да му кажеме дека Македонците сакаат и заслужуваат да имаат сопствена држава меѓународно признаена. Мотото на демонстрацијата да биде: „Европа да чуе за Македонија, за желбите и потребите на Македонците“.
На Мане му се допадна идејата за организирање мирна демонстрација и протест. Гласно размислувавме и правевме планови како да се организираме, демонстрацијата да биде успешна, пораките да стигнат до европските држави, да ги разбудиме нивната свест и совест.

Се договоривме следниот ден со идејата да ги запознаеме Македонците што подолго време живеат и работат во Берлин.

Поддршка добивме од сите на кои им се јавивме. Вечерта во „Ново Скопје“ дојдоа да ја искажат поддршката на идејата, дека се воодушевени и ќе се вклучат во организацијата, ќе помагаат, целосно ќе се вложат, демонстрацијата да биде масовна и успешна.

Foto demo berlinАктивистите од Берлин, носители на организацијата на демонстрациите

На фотографијата недостасува: Јанко Пирковски

Продолжува

Киро Кипроски

Превземено од Нова Македонија

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.