Среда, 14 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Почитуван господине Претседателе проф. д-р Иванов

marija-zarezankovaПроф.Д-р Марија Зарезанкова-Потевска

Длабоко сум загрижена за состојбата во мојата земја Македонија и затоа си земав за право, да Ви се обратам, како очајнички повик за зачувување на моето огниште, на нашата Македонија, зашто целата национална енергија во изминативе години на независност ја потрошивме наместо на наш економски напредок, единствено на `албански права` на малцинството во Македонија и на сулудите идеи за членство во НАТО и ЕУ, што се покажува како крајно непродуктивно и штетно.Остануваме без сила и енергија за секојдневните задачи и за крајните цели што треба да ги имаме, а тоа е подобар живот за сите! Наместо тоа, ние се `истрошивме` и немаме сили за да се бориме со многубројните непријатели, душегрижници и мршојадци од земјата и од надвор!

Господине професоре и драг Претседателе,

Вие може да ставите крај на ова лудило во земјава! Се прашувам дали не е време да се стави крај на двеиполдецениската определба за членство во НАТО и ЕУ,кога е повеќе од јасно дека таму не не` сакаат односно не` уценуваат,уценуваат и уценуваат! А ние како мазохисти трпиме се`, секакви понижувања и губење на својата земја, историја, традиција ,култура, јазик и се` друго,покрај својата земја и држава Македонија, само да станеме членки во сојузи што не се вечни (историјата тоа го потвдува), а пред се` се `извикани` односно недоволно ценети веќе, застарени и декадентни.

Дали вреди господине Претседателе, да се лелека и плаче по ЕУ и НАТО по највисока можна цена, а потоа нема враќање,потоа крај за Македонија и македонскиот народ,потоа ќе зборуваме бугарски и албански, не сакам да мислам зошто нашите претци пролеале толку крв и се саможртвувале!? Зошто!? За глупавите идеи за НАТО и ЕУ!? Па има и други сојузи има и други подарени раце!! А ние упорно одиме кон тие што не не сакаат!!! А немојте да заборавите дека сме признати од над 100 земји,каков срам ќе биде тоа кон нив, непочитување, а лижење на чизми на европските и американски службеници!

Тажно и мачно многу, почитуван Претседателе!

При Вашата посета во Москва рускиот Претседател Путин Ви кажа јасно дека од Македонија дошла нивната писменост и вера, што значи дека не` ценат и почитуваат, а ние упорно и тврдоглаво целиме кон недостапната цел НАТО и ЕУ,што се далеку од нас како Марс од планета Земја! Повеќе од јасно е дека нема да не `примат, ќе си поиграат со нас и со нашето име, за кое сега се лицитира до бескрај, во земјава и надвор! Притисоци без крај!!! Ако им е толку битно да сме членка во НАТО, за да го запрат руското влијание,што е доста проблематично зашто е невистинито, зошто не не` примаат под уставното име!!? Тоа очигледно е добра лага за да потрчаме и да се самоукинеме и уништиме, а потоа ќе биде многу.многу тешко да си ја вратиме државата и името Македонија, кое патем е библиско име, за разлика од другите земји,што сега ни` се наметнуваат и уценуваат!

Од мене толку почитуван Претседателе! Имајте доблест и мудрост ова лудило да го запрете и Македонија да си остане цела ,кава што е ! Нема потреба од непотребно членство таму каде не сте сакани, а секако не по цена да изгубиме се!

Имајте ги на ум , Ве молам, моиве укажувања и лелекања!

Останувам со почитување.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.