Среда, 07 Март 2018    Печати
Мојата учителка по македонски јазик и култура , ме учеше дека мојата МАКЕДОНИЈА е како јаболкото на Адам и Ева

igor-markovski
Од Протестот во Сиднеј: Говор на Игор Марковски

Почитувани мои Македонци,

Денеска кога пред мене гледам море од македонските бои црвена и жолта, јас како 14-годишно дете се прашувам: Зошто некој сака да ми го смени името , да ме обезличи, да ме помножи со нула? Зарем постојат татковци  и мајки во Македонската влада и парламент , кои сакаат нивните деца да бидат живи духови, жив пепел, прашина која треба лесно да ја избришат? Зарем постојат некои други татковци и мајки, кои што кројат политика во Европа и во Европската Унија, во НАТО, во соседните држави, кои со своите постапки покажуваат дека е доблесно да се краде? Да, токму така, сите оние кои разговараат, преговараат и се токмат да ѝ го сменат името на мојата родна Македонија, за мене се крадци! Како утре ќе живеат нивните деца, кога е видливо, дури и за едно дете како мене, дека сите сакаат, бесправно и бесрамно, да се „накитат со македонски пердуви“?

Мојата учителка по македонски јазик и култура , ме учеше дека мојата МАКЕДОНИЈА е како јаболкото на Адам и Ева, јаболко од кое сите сакаат да загризаат парче! Во минатото им успевало на моќните тоа да го направат! Ама денеска, во 21-от век, Обединетите Нации и светот треба да застанат на страната на правдата! Јас чесно живеам и учам, чесно дишам воздух , како и сите на планетата Земја! Зошто јас не можам да зборувам на мојот мајчин, македонски јазик? На македонски зборувале и во Македонија живееле и татко ми и дедо ми и неговиот дедо и уште кој знае колку мои пра, пра дедовци!

Јас се викам Игор Марковски! Роден сум во Македонија! Корените ми се македонски! Зборувам на македонски јазик! Ја сакам македонската песна и оро, мојата култура и идентитет. Тоа ми е наследство од предците и никој друг несовесен татко или мајка не смее и не може да ми го земе!

I am Igor Markovski. I am born in Macedonia! My roots are Macedonian! I speak Macedonian language! I am proud of my Macedonian cultural identity! I only ask for basic human rights , which are essential for every human on this planet! I want to be what I am! I am proud Macedonian!

Да живее Македонија!