Среда, 07 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Господине Заев нас во Австралија не има повеќе од 200 илјади и уште толку во Америка Канада и Европа

protest-sidnej-dusan
На протестот во Сиднеј, 4 март 2018 година, читана е следната изјава од:

ДУШАН РИСТЕВСКИ, Писател и општественик од Сиднеј – Австралија

Драги браќа и сестри! Лично сум загрижен како и сите вие, што Владата на Република Македонија го води процесот на разговори со Атињаните околу нашето уставно име и националниот идентитет. Од владата се бара да се влезе во НАТО и ЕУ по цена на губење на својот идентитет и своја држава. Јас и сите вие, чувствуваме одговорност да не молчиме и затоа сме дојдени овде да им кажеме на сите пратеници во парламентот без разлика на нивната политичка определба, без разлика на нивната верска и национална припадност дека не се сложуваме со нивното предавништво, со нивната подлост и мизерност, со нивната зачмаеност и плиткост, со нивната игоцентричност и малоумност со нивната ѓаолска желба да ја уништат македонската нација.

Драги браќа и сестри! Ние сме сведоци на секојдневно деградирање не само од фашистичко настроените соседи кои употребуваат семожни уцени и сатански игри туку сме деградирани и понижувани од самите македонски малоумни и алчни политичари. Нашата нација е ставена на гилотина со која управува Заев и неговите безлични и бездушни пиони на предавници и без интегритет парламентарци кои протифираат за да го сменат името, јазикот и уставот. Но не се само тие. За да може Заев да дојде до својата подла цел, со молчење го одобрува тоа и опозицијата во парламентот како и институциите со кои управуваат сенилни старци како што е Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна црква, Друштвото на писатели на Македонија како и Друштвото на новинарите на Македонија. За жал во последните две сум член и се срамам тоа да го кажам – во истите управуваат водачи кои немаат ни малку достоинство. Тие се глупаво-неми кои ги гледаат своите лични интереси. Значи за жал нема ниту една институција која јавно има истапено за да ги заштити нашите национални права. На сите интелектуалци и прогресивни сили во Македонија им е ставена јамка од политичари-зданија кои немаат интегритет.

Господине Заев нас во Австралија не има повеќе од 200 илјади и уште толку во Америка Канада и Европа и не има уште неколку милиони во поробените делови на Македонија. Дали ги прашавте нив, дали не прашавте нас за да знаете какви се нашите желби и сонови, каде е нашата душа и срце.

Господине - издајнику Заев, ги преименувавте аеродромот и автопатотот и почнавте да демонтирате споменици само да ги задоволите Атињаните, а за тоа колку пари добивте или можеби си ја продадовте душата за едно шише узо? Дозволете ми да ви дадам еден предлог како вас така и на сите парламентарци (посебно на Македонците) кои како кукавици седите во арамиското издајничко дувло на парламентот. Зошто сите не отидете на гробиштата каде што се закопани вашите баби и дедовци, зошто не отидете и на гробот на вашите мајки и татковци и како прво, од надгробните плочи да го избришете кириличното писмо и на гробот напишете на елински или арнаутски, бугарски или српски јазик? Или зошто не ги демонтирате или подобро не ги искршите спомениците на вашите мајки и татковци. Знам, имате потполно право тоа да го направите оти тие се гробови и споменици на вашите најблиски, но кој ви даде право да го рушите споменикот на мојот татко, на мојата мајка? Кој ви даде право да ги руштите нашите споменици и спомениците кои им припаѓаат на македонски народ? Со секое уривање на националните обележја се урива нашето минато, нашата историја, се сече коренот од кој живееме, се урива нашата гордост, се урива нашата иднина.

Вие не сте избран да одлучувате за нашата иднина и иднината на нашите деца, за иднината на нашата нација и држава. Не сте избран да правите национално-културен геноцид врз Македонците. Не сте избран да го земате нашето достоинство и гордост. Не сте избран да ги понижувате и загушувате мислите на интелектуалците и прогресивните сили во Македонија.

Запомнете издајнику Заев, ние сме Македонци по род, Македонија е нашата држава, јазикот ни е македонски. Поради тоа никој нема право да менува со каков било договор, уцена или диктат ниту да заговара решенија на негирање на нашата историја, на националниот идентитет или јазикот.

Господин Заев, за да ја спасиме Македонија, најдобро ќе биде да си дадете оставка, да си ги земете парталите и да си се вратите од каде што сте дојдени.

 

На прво место

News image

Груевски: БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

БЕСКРАЈНО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

По Првата светска војна (1914 - 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември...

Иселеници

News image

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаково

Покана: 21. Денови на браќата Миладиновци во Осиек и Ѓаков...

Култура и туризам

News image

Улогата на МПЦ-ОА во Преспа

Македонската православна црква одиграла значајна улога во Преспа. Христијанското население од етничк...

Фељтон

News image

Александар Македонски (33)

Co сигурност е потврдено дека Александар Македонски го префрли во Александрија пазар...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.