Среда, 14 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Во Мелбурн се одбележа Мумба фестивалот

mumba3

mumba1

Денот на работникот, 12 март во Мелбурн се одбележа со низа активности на неколкудневниот фестивал наречен Мумба. Посебна атракција беше парадата на која се слеа вистинско

шаренило од 2000 учесници меѓу кои и етнички групи од Македонија, Кина, Шпанија, Тајленд, Кариби, Јапонија, Украина,... Парадата официјално ја отворија претставници на племето Wurundjeri со церемонијата Добредојде. Започнаа со палење на оган кој според нив имал значење да изгори се лошо и обнови земјата. Потоа следуваше традиционален танц “Слушнете не’.

Од 1955 година, Мумба парадата ги опчини срцата и имагинациите на жителите на Мелбурн, и до ден денес ја оживува виталноста и енергијата на овој фестивал. Инаку зборот Мумба (земен од Абориџинска тв серија) значи ‘Ајде сите да се дружиме‘. Емигрантите кои се доселиле на австралискиот континент имаа можност да го слават нивното културно наследство отсликано преку разнобојните традиционални костими и музички кореографии.

mumba2

Покрај претставници од разни групи и популарни личности, на оваа парада учествуваат и етнички заедници кои навремено се пријавуваат и одат на две проби за да бидат спремни заедно во мноштвото учесници да се претстават во најубаво светло.

По улиците продефилираа танчерски групи, хорови, противпожарната екипа, амбулантата, џиновските воздушни фигури од луѓе, јадења, пчели, пајаци, и многу други атракции.За крал и кралица оваа година беа прогласени, актерот во детски емисии (Giggle and Hoot fam), Џими Гигл и Криси Свон, водителка на радио Nova 100 .

Гордана Димовска

 

На прво место

News image

6.000 партиски војници на товар на државниот буџет

Скандал од невидени размери е што владата вработува 6.000 партиски војници на товар на државниот б...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.