Среда, 14 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Никогаш да не се заборави – 75 години од Холокаустот на македонските Евреи

evrei-makedonija

Со низа комеморативни активности, Еврејската заедница во Македонија ја одбележа 75 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка. Од Македонија беа депортирани 98 отсто од еврејската популација, од кои 50 беа деца. Статистичките податоци за судбината на македонските Евреи, за жал, ги става на врвот во поглед на процентот на Евреите од која и да е земја, убиени во текот на Втората светска војна од нацистите и нивните соработници.

Во Македонија се` уште не бледнеат сеќавањата на денот кога нивните сограѓани беа депортирани во логорот на смртта за никогаш да не се вратат во нивните домови. По наредба на фашистичките бугарски власти, во ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и пренесени во скопскиот Монопол, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Веќе на 22, 25 и 29-ти март 1943 година, 2.150 семејства, со вкупно 7.144 члена, во три транспорта, биле упатени во логорот на смртта Треблинка 2 во Полска, од каде никој не се вратил.

По 11.03.1943 година еврејските маала останаа пусти, без детски жагор и смеа. Улиците и дуќаните опустеја. Се згасна вообичаената работна раздвиженост. На портите повеќе ги немаше стариците со плетала и старците потпрени на бастуми на пролетното сонце. Немаше повеќе раѓања, свадби и умирања.

75 години потоа, во спомен на депортираните македонски Евреи, во Скопје  се оддржа „Маршот на живите“, а во поворката учествуваа делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ. Маршот почна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат од каде што македонски Евреи беа испратени на пат без повраток во март 1943 година.

Присуството на бугарскиот премиер Борисов на одбележувањето на 75 годишнината од депортацијата на македонскиоте Евреи е чин за поздравување, иако тој не најде доволно храброст да се извини. Правдајќи се дека бугарскиот народ спасил 48.000 Евреи, тој во своето обраќање ќе истакне: „Нацистите кои биле тука направиле нечовечки нешта со живи човечки суштества. Се разбира, ние многу жалиме, и денеска сме тука, затоа што секој човечки живот секој кој бил пратен да изгори во логорите не треба да се заборави.“

Во 2008 година тогашниот претседател на Бугарија Георги Прванов, за време на посетата на Израел за првапат јавно ја признал вината за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето во логорите на смрта. Тој е првиот бугарски функционер кој ја признал вината. За време на посетата во Ерусалим тој ќе изјави: „Додека оправдано се гордееме со направеното за да ги спасиме Евреите, не треба да заборавиме дека во исто време во Бугарија имало антисемитски режим и не треба да бегаме од одговорноста за судбината на повеќе од 11.000 Евреи кои биле депортирани од Тракија и Македонија во логорите на смртта. Ние ја превземаме историската одговорност за смрта на Евреите од Тракија и Македонија―52

Подоцна, на 8 март 2013 година бугарскиот Парламент усвои Декларација во која Софија за првпат ја признава вината. Сепак, осудувајќи го ова злосторство, тие само индиректно ја преземаат одговорноста, правдајќи се дека територијата била под германска јурисдикција и под команда на Хитлер, а бугарските власти во окупирана Македонија и покрај сите напори не биле во можност да ја запрат депортацијата.

Денес бугарскиот премиер Борисов ќе изјави дека овие жртви на холокаустот никогаш не смееме да ги заборавиме и тие треба да бидат поука за да не се повторат таквите грешки. Исто така тие треба да бидат потик да го градиме Балканот заедно и да се создаде подобро уредување за да сите народи живеат среќно. Со овој чин Борисов отвара едно ново поглавје на балканска соработка, што пак не значи и за јужниот сосед каде национализмот никако да стивне.

Поради тоа, на комеморативната седницата по повод 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, македонскиот претседател  Ѓорге  Иванов ќе потсети дека депортираните Евреи од Македонија и Беломорието во Треблинка не само статистика и дека секој од нив има име и идентитет, а наша должност е да го зачуваме споменот за нив, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир. Исто така тој ќе каже дека во името е суштината, и затоа имињата и идентитетите толку често биле оспорувани, бидејќи ја отсликуваат посебноста.“ Иако со ништо не може да се спореди со трагедијата на Холокаустот, како што вели претседателот „сево ова треба да ги замисли сите оние кои со голема леснотија лицитираат со лични и колективни имиња и идентитети, вклучително и со македонското име и со македонскиот идентитет“.

Во триесеттите години на минатиот век, Европа мошне мирно гледаше на инфилтрирањето на национализмот во нивните земји, па и на холокаустот. Не цел век потоа, таа повторно го толерираат она што се случува во соседството, што може да има несогледиви последици.

Ние Можеме да простиме, но не и да заборавиме, бидејќи заборавот го влече човекот кон нови злосторства и историски проклетија.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен

Димков:Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.