Четврток, 15 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Иванов е должен да го потпише указот само доколку Законот е донесен со 2/3 мнозинство
alt

Што вели Уставот? - Иванов е должен да го потпише указот само доколку Законот е донесен со 2/3 мнозинство

Во член 75 од Уставот се вели дека во Македонија законите се прогласуваат со указ. Указот може да го потпишат претседателот на државата и претседателот на Собранието. Ако Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Во истиот член од Уставот пишува дека претседателот е должен да го потпише указот, само доколку законот е донесен со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ова, во случајот со Законот за употреба на јазиците не е случај затоа што овој закон е донесен со 64 гласа „за", а не се двотретинско мнозинство, анализира порталот МКД.мк.

altЗаконот се смета за донесен само тогаш кога претседателот на Републиката ќе го потпише указот за негово прогласување.

Веќе се заговара дека претседателот на Собранието Талат Џафери може да го потпише указот на местото на Иванов.Според член 82 од Уставот функцијата претседател на државата ја врши претседателот на Собранието, само во случај на смрт, оставка, трајна спреченост или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката.

Претседателот Иванов веќе рече дека нема да потпише ваков закон затоа што е неуставен.

Кога го вратив Законот за употреба на јазиците, детално и правно ја образложив мојата одлука. Побарав од вас внимателно да ги разгледате моите забелешки и очекував да постапите одговорно, совесно и како што налага Деловникот на Собранието. Внимателно го следев вашето делување во собраниските комисии и на пленарните седници. Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Не само што го злоупотребивте европското знаме на овој закон, туку ги прекршивте и сите правни процедури, постапки и рокови во начинот на неговото носење", се обрати вчера и до пратениците претседателот Иванов.

 

На прво место

News image

Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор пред референдумот

Владев: Закани и притисоци кон јавната администрација и приватниот сектор во Свети Николе пред реф...

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.