Четврток, 05 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
МААК ги повикува сите политички партии во Р.Македонија, да престанат да дуваат во воените труби

maak

Следејќи го внимателно се позасиленото вооружување на нашите соседи,донацијата од 300 тенкови од страна на НАТО за својата земја членка,Албанија,кои треба да завршат како сопственост на армијата во формирање на Косово,од една страна и,донациите и набавката на воени авиони и хеликоптери,кои ги реализира Република Србија,од друга страна,за МААК е повеќе од јасно дека забрзано се оди кон конечна разврска на косовското прашање. Имено, под маса се веќе ставени двете опции - северниот дел на Косово да се припои кон Република Србија, или да биде етнички исчистено од преостанатите Срби,па Косово да стане етнички чиста албанска држава. Ваквите опции многу скоро може да доведат до војна со крвави,несогледливи последици. Војна, пак, која своето продолжение, исто како и пред 17 години, со прелевање на вооружени сили од Косово, ќе го има во Република Македонија.

Токму затоа, за МААК, се позасилените про и анти НАТО и про и анти руски пропаганди, не значат определба за евроатлантски или евроазиски интеграции,а најмалку значат определба за македонските национални и државни интереси. И едните и другите,во својата суштина се длабоко антимакедонски и, единствено значат определба за Србија или за Косово. Токму таквите пропаганди треба да отворат пат за "фрлање" на Република Македонија на линијата на огнот и прелевање на воените дејствија од Косово во Македонија, заради нејзина поделба,што ќе биде вовед во нова балканска војна.
МААК јасно и укажува на целокупната македонска јавност, но и на политичките партии во РМ дека заземањето страна во однос на НАТО и Руската Федерација во овој момент, значи заземање страна во се поизвесниот српско - косовски конфликт,со катастрофални последици за Република Македонија.
МААК го повикува претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, да испрати најитно барање до земјите постојани членки на Советот за безбедност при ООН, за доделување статус на меѓународноправна неутралност на РМ, со гаранции и покровителство токму на Советот за безбедност, како единствен начин да се спречи новата балканска војна која е на повидок.
Конечно, МААК ги повикува сите политички партии и поединци во Република Македонија, да престанат да дуваат во воените труби,заземајќи страна за и против,зашто заземаат страна за туѓи интереси, бидејќи без разлика на која страна ќе се определиме,во евентуален воен конфликт,жртви ќе бидат нашите деца.

Национален комитет на МААК

 

На прво место

News image

ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

ОМД: ЕУ интеграција единствено под услов на уставно име и национален идентитет

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.