Среда, 11 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
РУДНИ БОГАТСТВА ЗА КОИ НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА: Огромни количини на ураниум кај Битола, берилиум во Прилеп, злато во јужна Македонија!

Американската Централна разузнавачка служба – ЦИА неодамна објави илјадници тајни документи поврзани со Македонија и Југославија, пренесува инфомакс.

rudni-bogatstva

Во еден од тие документи се крие тајната за наоѓалиштата за берилиум во Струмица и карпестите предели во близина на Прилеп.

Уште во 1950 година ЦИА укажува дека Прилеп го поседува еден од најретките метали на планетата, кој поради своите специфични својства може да се користи во нуклеарната, аерокосмичката индустрија, како и во индустријата за телекомуникации.

Берилиумот може да се користи во изработката на вселенски летала, проектили и сателити, поради тоа што се работи за многу лесен метал.

Освен берилиум во Прилеп, во близина на Битола се наоѓа огромно наоѓалиште на ураниум, кое според ЦИА било најголемо во Југославија.

„Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола. Рудата се наоѓа во глина која Југословените ја нарекуваат диатомејска глиница (диатомејска земја). Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде би се отворила постројка за дробење на рудата. Изградбата на оваа жичница се проценува на милион динари“, пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан.

Овој кус податок е најинтересното сознание од записите за рудните богатства на Македонија кои ЦИА ги има отворено за јавноста. Од другите македонски ресурси, ЦИА го нотирала постоењето на рудникот за злато Дудица кај Демир Капија, за кој забележува дека германските окупациски сили сакале да го експлоатираат во текот на Втората светска војна, а во времето на Југославија биле извршени пробни копови и се утврдило дека златната жила продолжува до границата со Грција. За рудникот за хром Цер во близината на Кичево записите во архивите на ЦИА се толку детални што е забележан не само капацитетот на рудникот и механизацијата со која рудникот располага, туку и имињата на тогашните управители Ристо Влахов и Иван Георгиевски, како и тоа дека германски воен заробеник по име Хојнц работи на одржување на механизацијата во рудникот. Документот, изработен во 1953 година, не содржи информација дали ЦИА имала некои планови во врска со овој рудник. ЦИА под ознаката доверливо, ги бележела имињата на управителите и на хидроцентралата Маврово, како и другите помали енергетски инсталации кои функционирале во педесетитте години во Македонија, како и имињата на раководството на градежната компанија Бетон.

Документите можете да ги погледнете ТУКА.

Превземено од Маркукуле.мк

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.