Понеделник, 23 Април 2018    Печати
СДСМ не знае да работи
alt

СДСМ не знае да работи - пуштањето на автопатот Демир Капија - Смоквица доцни цели 8 месеци

Пуштањето на автопатот Демир Капија - Смоквица доцни цели осум месеци. Доколку СДСМ го ставеше политиканството во втор план и се посветеше на интересите на граѓаните, овој автопат ќе беше во употреба уште во август минатата година и граѓаните ќе можеа побргу и побезбедно да се движат по патниот коридор 10.

Проектот го отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во септември 2012 година, за него беа потрошени 270 милиони евра, од кои 107 милиони беа обезбедени од ЕБОР, 130 милиони евра ЕИБ, 45 милиони евра како грант од ЕУ и 6 милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Истиот има 2 клучки, 2 тунели од 1200 метри, 6 моста, 6 натпатници и потпатници, две ленти за возење и зелен појас во ширина од три метри во средината помеѓу патните ленти.