Четврток, 03 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Конгресмени Испратија Писмо до Столтенберг за Македонија

1

Конгресмени Испратија Писмо до Столтенберг за Македонија

11 конгресмени, предводени од Конгресменот Џим Бенкс од Индијана, каде има голема македонско-американска заедница, испратија писмо до Генералниот Секретар на НАТО Јан Столтенберг со барање покана за полноправно членство на Македонија во НАТО

Почитуван Јан Столтенберг,Генерален Секретар на НАТО

Од основањето на дипломатските односи во 1995, Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Македонија во нејзината аспирација за полноправна интеграција во Евро-Атлантските институции, при што остануваат верен партнер кој ја помага Македонија во јакнење на нејзините демократски капацитети. За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, на кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и Македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО.

Заедно со нашите партнери во Извршната Гранка, ние во Конгресот внимателно ја следевме политичката и дипломатска состојба на Македонија. Како што Македонија се движи на патот кон постабилна иднина, ние гледаме огромна можност за понатамошна промоција на нашите взаемни односи клучни за Балканот. Затоа, ние особено сме охрабрени од надежта на прогресот низ разговорите под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на Македонските и Грчките лидери да ги унапредад своите односи.

Соединетите Американски Држави демонстрираа голема вредност во своите односи со Македонија. Со клучниот институционален напредок во своите способности и капацитети, Македонија ја зголемува својата подготвеност да стане полноправна членка на НАТО. Воедно, Македонија покажа подготвеност и преку своето учество во НАТО операциите во Косово и Афганистан, како и со тоа што застана на наша страна во случајот со Ирак.

Како што НАТО прогресира во растечка и комплексна средина конкурентна на Русија, така и потребата Македонија да биде примена во нашата клучна алијанса е несомнена.

Со ова на ум, ние силно ве охрабруваме да ја поканата Македонија за членство во Алијансата. Таквиот одлучувачки чекор, не само што е од интерес за Алијансата, туку е и од интерес на нашата перспектива против Руската агресија.

Искрено,11 конгресмени пријатели на Македонија

ОМД

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.