Среда, 09 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Моркови, априлили и Македонија

makedonija-macedonia

Во најновата анкета за името на Македонија и волноста или неволноста на Македонците да го сменат за да стигнат до морковот со кој ги подлажува Комесарот на ЕУ Јоханес Хан - потенцијално членство во ЕУ - 14,1 % прифатиле промена ерга омнес (ново име за употреба насекаде), 14,4 % би прифатиле двојна формула (различно име за домашна и за меѓународна употреба), 47 % се против каква било промена на името, а 22.4568394% сакаат да ја повторат оваа анкета но само на третиот четврток во јули, во тек на полна месечина.

Замислете слична анкета во Германија или во Франција. Европската Унија би се изнасмеала на ваква првоаприлска шега.

Замислете слична анкета во Грција. Резултатите би биле сосема во насока на понатамошно дискриминирање на Македонците и на другите малцинства, дури и кога ова не би бил одговор понуден во анкетата. За бонус поени, ЕУ и ООН пак би се правеле дека не гледаат.

Замислете слична анкета во САД. Не би успеале добро да ги пребројат резултатите, па просто пак би окупирале друга земја и би се мешале во нејзините внатрешни работи за повторно да ја спроведат својата расистичка и лошо насочена меѓународна политика. И потоа повторно би ја обвиниле Русија, се разбира.

Но, да се вратиме на првоаприлската шега на оние кои би го смениле името на земјата затоа што… Чекајте, нема начин да ја завршиме таа реченица зашто НИКОГАШ не постои прилика да се смени името, националноста и идентитетот- и да се избрише нечие целокупно постоење - за да им се удоволи на „големите момци“ кои му помагаат на вашиот потчинител.

Ако нешто е толку погрешно, едноставно не го правате. Не морате никому да му објаснувате. Одговорот е очигледен, како во обожаваната Декларација за независност на САД, во која гордо се изјавува дека „Ги сметаме овие вистини за очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви“. Освен, се разбира, ако сте црнец, припадник на некое друго потчинето малцинство, или Македонец.

Друга очигледна вистина би требало лесно да се забележи. Ако САД или ЕУ тврдат нешто, постои голема шанса тоа едноставно да не е вистина (да е дрска лага). Тие тврдат дека ако Македонија го смени името има можност тоа потенцијално да се исплати. (Како воопшто можат да изјават вакво нешто, а камо ли да го протуркаат?)

Но тие три збора се клучни: „можно“, „потенцијално“ и „исплати“.

Да провериме уште еднаш со здравиот разум и да се избришеме откако ќе се излигавиме да го кажеме горенаведеното. И да ја избришеме плунката од презирот што земји кои тврдат дека ги чуваат основните човекови права едноставно ги газат моите.

Можно: Членството во ЕУ не е гарантирано за Македонија, зашто мора да се прескокнат еден куп пречки пред владетелите на Западниот свет - Грција - да го пропуштат правото на вето и да им дозволат на нивните слуги од ЕУ да гласаат за членство на Македонија.

Потенцијално: можеме да кажеме „љубезно“. Зошто јас сум само љубезен кога ќе кажам дека ова „потенцијално ќе се исплати“. Единственото нешто што го гарантира ЕУ се астрономски цени кога нашата земја ќе стане членка, за потоа да се спроведат мерки за штедење за земјата да излезе од долгот кој го создала ЕУ.

Исплати: Прашајте ги Велика Британија, Романија и Хрватска. Можеме последнава поента да ја наречеме „Бегајте“. Бегајте подалеку од ЕУ. Ако некому се исплати, тоа ќе биде ЕУ, а не Македонија.

Да се вратиме на анкетата. Моите предци се бореле против прогонот на Грција и го бранеле македонското име, националност и идентитет. Тие не се согласија денешните жители на земјата, по децении и векови, да можат да го сменат НИВНОТО име, националност и идентитет. Нашето име е Македонија.

Прекинете ги преговорите за името веднаш, вратете го здравиот разум во НАШАТА земја Македонија, па ќе му покажеме на Западот како се прави тоа.

Бил Николов, Претседател
Македонското меѓународно движење за човекови права

--- Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.

Carrots, April Fools and Macedonia 

In the latest poll about Macedonia's name and Macedonians' willingness or unwillingness to change it in order to achieve EU Commissioner Johannes Hahn's dangling carrot...of potential EU membership, 14.1% accept a change erga omnes (new name to be used everywhere), 14.4% would accept a double-formula (different international name than local name), 47% are against any change to Macedonia's name, and 22.4568394% want to retake this poll but only if it's done on the third Tuesday of July during a full moon.

Imagine if Germany or France were to take a similar poll. The European Union would burst out laughing at such an April Fool's joke.

Imagine if Greece were to take such a poll. The results would be overwhelmingly in favour of further discriminating against Macedonians and other minorities, even though it wasn't listed as a poll option. For bonus marks, the EU and UN would turn a blind eye – again.

Imagine if the United States were to take a poll like this. They wouldn't be able to tally the results properly and would just invade another country or meddle in its internal affairs in order to achieve its racist and misguided foreign policy – again. Then they'd blame Russia, of course.

So back to the April Fools who are considering changing Macedonia's name because of...Oh wait, there is no reason to finish that sentence because there is NEVER a reason to change your name, ethnicity, and identity – and wipe out your entire existence – to appease the “big boys” who are aiding your oppressors.

If something is so blatantly wrong, you just don't do it. And you don't have to explain yourself. The answer is self-evident, much like the cherished US Declaration of Independence that proudly stated that it "holds these truths to be self-evident, that all men are created equal". Unless, of course, you're black, another oppressed minority, or Macedonian.

Another self-evident truth should be blatantly obvious. If the United States or European Union make a claim, there's an excellent chance that it simply isn't true (is a blatant lie). They are claiming that if Macedonia changes its name then there is a possibility of a potential payout. (How is it possible for them to even utter such a sentence, much less force it to become a reality?)

But those three Ps are crucial: Possibility, Potential and Payout. Let's examine common sense again for a moment and wipe up the spit after saying the three Ps aloud. And the spit from my contempt that countries that claim to uphold basic human rights are trampling all over mine.

Possibility: EU membership is not guaranteed for Macedonia, as they have to jump through countless other hoops before the ruler of the Western world – Greece – forgoes its veto power and allows its EU minions to vote in Macedonia as a member.

Potential: Another P is for Polite. That is what I'm being when I'm saying there is Potential for a Payout. The only thing that the EU guarantees is sky-rocketing prices once your country achieves membership and subsequent austerity/poverty measures to get your country out of EU-created debt.

Payout: Talk to Great Britain, Romania and Croatia. We could call this last point Getout. Get out of the European Union. And payout is what your country will be pumping into the EU, not the other way around.

Back to the poll. My ancestors fought against Greece's persecution and defended our Macedonian name, ethnicity and identity. They did not agree that current citizens of a country, decades and centuries later, would be able to change THEIR name, ethnicity and identity. Our Name Is Macedonia. End the name negotiations now, restore some common sense to OUR country of Macedonia and we'll teach the West how it's done.

Bill Nicholov, President
Macedonian Human Rights Movement International

--- Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) has been active on human and national rights issues for Macedonians and other oppressed peoples since 1986.

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.